1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    1.375
    Пол:
    Женски
    Ние мислам дека не сме ни излезени од регресија ама скоро месец (за брзо 9 ќе прави), денските дремки му се на мене. Ќе го легнам и ќе стане за 15 мин со плачење, па продолжуваме на мене. А навечер уште по 100 пати се буди
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    1.195
    Пол:
    Женски
    Надеж, прво не се обесхрабрувај. Мене муабетот ми беше дека исто како и ние луѓето така и бебињата одредени вештини ги совладуваат побрзо, други побавно. На некои бебенца не им треба многу време за да совладаат, на други им треба повеќе време. И двете се сосема во ред. Секое бебенце со свое темпо.

    На тема помош, јас не сум вежбала ништо посебно со него освен што беше цееело време на земја. Освен кога јаде и цица другото време на подлога.

    Совет од мојот ортопед еве и до тебе, и покрај што дава интерес да стои на нозе, не го кревај. Така ќе знае дека има помош и му е здодевно да ги развие другите вештини. Остави го сам на земја. И кога плаче не помагај одма, легни до него, погали го, или земи го гушни го да се смири и врати го пак на земја. Ама не ги прави работите место него, зошто ако го вртиш ти или му помагаш нема стимул да самиот го направи тоа.

    Ќе биде се, особено ако сте биле на ортопед и се било во ред, немаш простор за грижа. :hug:
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Има бебиња што ич не лазат одма се креваат. Нс другарка синчето така само војнички по малку се завлекуваше ама цело време подаваше раце нагоре по мебел и еден ден ми го снима како прво си седнува на газе и се исправа за гарнитура :D нема правила можда ќе скокне лазење
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    36.253
    Пол:
    Женски
    Еве да те утеши една мама која нонстоп се нервираше за некој milestone.
    И моето не сакаше на стомак. Не сакаше ни да се врти, а знаеше. Сакаше само да си игра и да си седи. Кога ќе прочитав на некои мајки од 7-8м дека им лазат, се прашував каде грешам шо моето не сакаше ни на стомак, не па да проба да лази. И така некако се помирив дека нема да лази.
    Направи 10.5м. Еден ден стана од спиење и магично знаеше да лази. После некој ден од лазење, седна сам. Седеше до тогаш само јас ако го седнам. И плус, никакви знаци пред тоа не даваше дека воопшто ќе пролази.
    Веќе сме 13м. Буквално не знае да седни мирно 1 секунда. Сѐ прави. Освен што уште не е прооден.
    Ти пишам за утеха. И да не се нервираш и бидеш будала како јас и други мајки. Еве ќе ја тагнам @MariaBouli , ќе ти кажи и она на темава. Исти ни беа децата, само си седеа. Оди сега види ги. :D
    Не се нервирај мајка и не се грижи. 7м е сеуште мало за било што да се загрижуваш. Ќе си направи се у свое време. :hug:
     
    На Надеж♥️ и MariaBouli им се допаѓа ова.
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.533
    Допаѓања:
    8.697
    Пол:
    Женски
    И јас со големиот син не излегов од 4 натака. Ама на 8 дека почнав на работа другше ме удри. А бебево за сега уште полошо од брат му леле, 2 месеци еве катастрофа спиеме, 5 месеци е не верувам дека ова бебе ќе проспие близу до пристојно за скоро. 15 мин чекам да уцврсти, а се буди на секој циклус од спиење што е 30-40 мин. Весела математика дали и колку спијам. Издржи што да ти кажам, знам дека е тешко и изгледа дека нема крај, ама кога го гледам поголемото од 6 години, спие како заклан, веќе е ученик и учиме да читаме, се чудам каде летна времето, со тоа се тешам малце, ама тешко е сепак моментално.
     
    На Merten му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    1.375
    Пол:
    Женски
    Да и јас со тоа се тешам дека ќе порасне и ќе спие повеќе хаха. А исто иначе на секој циклус се буди со плачење, па нишај го да призаспие. Некогаш сред ноќ го земам помеѓу, така знае да врзи сон подолго.
     
    На Esperanza и Cherry333 им се допаѓа ова.
  7. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.533
    Допаѓања:
    8.697
    Пол:
    Женски
    Мојов барем до мене да спојуваше, не и не, уште повеќе се буди. Само во количка спие :headbang:
     
  8. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    1.575
    Пол:
    Женски
    На ортопед се е супер. И не го исправам намерно. Сам се фаќа за мене и се исправа нс нозе. Или за да седне му подавам раце од лежење се крева седнува и одма на нозе. И тоа не го кревам јас, не се ни потпира на раце. Само се држи како поддршка и со ножињата сам се исправа. Не си стварам многу стрес, знам дека кога ќе е спремен сам и ќе си лази и ќе си седнува и ќе си станува. Само ме нервира што е мрзлив:rofl:
     
  9. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    27.304
    Пол:
    Женски
    Поголема мрза од моево дете мислам дека нема. Каква легачица беше ауууу.
    Па и буцка беше.
    Седна незнам ни кога беше сама. Ама не беше како по книга ич. На стомак никогаш не сакаше. На 10 м , во рок од една недела лазеше ( ама пресмешно, со отфрлање на едната нога ) и почна да се исправа.
    Е на година и две недели, одеднаш се пушти и не застанува. Тарзан ако е жив, вода може да и носи.
    Дека таква мрза од дете, е сега ова што е, да ми кажувал некој, не би верувала.
     
    На Надеж♥️ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    1.375
    Пол:
    Женски
    Сега и во количка е борба додека да заспие. Претходно во корпата одма заспиваше, сега во летниот дел само гледа лево десно, да не пропушти нешто:D
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    До кога варевте овошје и зеленчук? Вчера една комшика гледам јаболче му дава грицка малото е 7месеци ја да не сум претерала заборајла со варењево! Моја бебка е 8ипол
     
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.253
    Допаѓања:
    27.010
    Пол:
    Женски
    Овошје не варам од старт уште кога почнав со вкусови давам се свежо што се јаде.
    Зеленчук варам како и за нас нормално, во манџички.
     
  13. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.130
    Пол:
    Женски
    Можеш да дадеш да грицне не е ништо лошо тоа, само да не е цел оброк свеж бидејќи мешето т.е. дигестивниот систем е сеуште кревок. Јас накај 7м и дадов јаболче да грицне, а накај 9м/10м веќе свеж домат и давав, тогаш почнавме и лубеница и диња, цреши, вишни... И од тогаш веќе имаме ужинки кај што јаде свежо овошје. Малинки, рибизли, капини ни се погодија свежи баш околу родендот инаку ќе дадев и предходно.
    :)
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  14. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.059
    Пол:
    Женски
    Јас од 8 и нешто месеци гледам тоа што можам да давам свежо ама немаше многу избор зимава за жал. Во главно краставица, боровинки, авокадо, банана, портокал, мандарина, јапонско јаболко… останатите ствари ги варев дека тврди се како на пример јаболко и крушка. Сега земав некои органски јаболки па може да и изрендам свежа. Праски, сливи, кајсии имав замрзнати а вкусот им се менува така па ги варам се уште дур не излегле свежи.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Портокал мандарина уште немам дадено а баш им е сезона дури и поминуваат веќе да и дадам на 8ипол викаш?
     
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.059
    Пол:
    Женски
    Мојава и дадов тогаш накај 8 и нешто да проба ама нешто не беше заинтересирана. После кога дадов на 10 полни се утепа од јадење и често давам мандарини периодов ама и ги лупам скроз значи и таа мембраната внатрешна. Според нашиве табели мислам цитруси после година вика ама странскиве од 6+ така да твоја одлука си е. Сепак се цитруси не треба да се претерува да не направат кисела столица или осип еве мојава немала мака освен што не ги доџвакува и и ги наоѓам низ пелена хах.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    1.575
    Пол:
    Женски
    Јас овошје никогаш не ни варев/обарував. Или во блендер или гмечено.
     
    На Mimmi39 и happygirl им се допаѓа ова.
  18. merriel0

    merriel0 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2023
    Пораки:
    1.850
    Допаѓања:
    4.130
    Пол:
    Женски
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.460
    Допаѓања:
    4.934
    Пол:
    Женски
    Нашата докторка ни препорача до полни 7 месеци да проба цитрусни, додека ги има. Пр. да исцедам сокче од портокал и да го ставам во кашичка.
    Само што моево бебе не е баш заинтересирани за кашички. Ги плука, прави фаци, еве веќе втора недела. За неколку дена полни 6 месеци. Секој ден стресови со нејадењето негово...
     
  20. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.641
    Допаѓања:
    18.406
    Пол:
    Женски
    Не е мала, по новите препораки може на 6-7 месеци веќе да се воведе и цитрусно, нормално дадено соодветно да не го иритира стомачето.
     
    На Peperutce6 и merriel0 им се допаѓа ова.