Матичната ми препорача да земам еден од овие сирупи затоа што немаме дигнато глава од температури и вируси во јасли, дали имате препорака за некој? Имунобор, Дефендил и Киндер Имуно. Знам дека нема сирупиве да помогнат многу, ќе си тераме 3 дена здрав, 2 недели болен додека не помине фазата, ама сепак си викам АЈДЕ да пробаме и ова.
Јас цела есен и зимо давам мултивитамини. Па еве планирам и пролетта. До сега сум ги пробала babyvit и babywell. Презадоволна сум и од двете. Моментално сме на вторите, во комбинација со молерс. Секоја препорака имаш од мене. За другите не знам да ти кажам, не сум користела. Ама за киндер имуно сум прочитала тука членки задоволни.
Киндер имуно давам прашок , уште два месеци пред да почне во градинка. Ама спас за бактерии кои предизвикуваат температури, како што е сега мојава нема. Тргна 3 недели , па 2 ипол дома, па 5 дена во градинка и еве пак е дома сега.
Nie go vovedovme preku pogaca so celo jajce nesakajki prvo e sega me interesira kako davas celo jajce ponatamu vo sto go mesas psebno za belkata me interesira,zolckata ja jademe samo so banana nie
Јас го дадов сварено и изгмечено во палента со павлака. Можеш и како палачинки да го направиш или мафини да ставиш внатре. Ако не го сака така можеш во повеќе комбинации да ставаш да не се осеќа многу вкус
Мала е мојава за тие, ќе почнеме во градинка за еден месец сакам да и земам мултивитамини, а и педијатарот на последна контрола ми препорача.
Само да кажам дека не се воопшто наивни овие имуностимулатори кои ги даваат матичниве како бонбончиња. Покрај тоа што демек активираат имунолошки одговор, знаат да направат поголема беља. За да го "активираат" имунолошкиот одговор мора да активираат и се друго, не се толку паметни нели. Затоа кај дете што има мака со алергии може да направат многу побурна реакција затоа што ги активираат дополнително и тие антитела. Кај дете што има одредена склоност, генетика за автоимуна болест, може да ги избустаат тие одредени антитела. Витамини да, овие Фениксгрл што ги пишала се супер, ама одбегнувајте бета глукани. Оставете го организмот сам да стекне имунитет. Со овие имуностимулатори е 10 пати полошо кога ќе се прекинат. Имаме мрзлив имунитет, побурни реакции на наједноставни инфекции. Вклучете пробиотици, дармфлора на волц е одличен на пример, вит д (сите на ова поднебје сме со дефицит, па и децата) и исхрана, исхрана, исхрана. Имунитетот доаѓа од цревата. Житарка не буста имунитет, кравјо млеко исто. Да не ме сфатите погрешно, нормално е да се конзумираат, нормално е и благце понекогаш, и сок, ама да не се заснова исхраната на житарки и скроб. Воведете јајце, месо, зеленчуци, овошја, повеќе влакна. Само со едно јајце има милион комбинации за оброци. Движење, впивање сонце, чист воздух (гревови сме во поглед на чист воздух). Се што знаеме како основа дека е добро за нас, важи и за децата. Неизбежно е да се разболуваат. Ако не сега, кога ќе тргнат во школо. Кај поголемите деца (над 2 години) вклучетр прополис, матична млеч. Има милион начини, ама факт е дека ништо не е магично да направи чудо и детето да не се разболува.
Баш ова ми го кажа матичната мене и јас прашував дали да почнам со суплементи пред градинка и ми рече нема потреба од витамини како суплемент, само разновидна балансирана исхрана, обавезно витамин Д и пробиотик. За пробиотикот ми спомна да се менува: пример почнуваш со едно шишенце од еден па малку пауза од некоја недела па друго шишенце па пак пауза па трет, ова бидејќи имале различни прбиотски култури.
Од годинка може да се почне, по пола доза па после цела. На него пишува од 3 години. Нема штета, само добивка убав состав е.
од две години пишува на него, мене педијатар ми рече слободно да давам и на една година, ова беше за поголемата, и се појави страшен осип, се акав еден месец со разни креми, на крај ја однесов во систина, прво прашање дали си почнала нешто да даваш ново, викам да киндер имуно, го прекинав, за два дена се повлече.
Можно е со секој препарат тоа да настане, треба веднаш да се прекине ако се појави по неколку дена користење. Тоа е чуствителност на некој од ексипиенсите.Не се јавува кај сите деца. Мојава е исто чуствителна, еве еукалиптус гел кога мачкав за време настинка цела се исфрли и веднаш престанав со мачкање.
беше само на пеленската регија, не можевме да сфатиме дека е од тоа, прво шо мислевме пелени, влажни, матичната сто креми ни даде, на крај во систина ни рекоа дека е од некоја состојка од киндер имунот шо се исфрла преку мокрача
Добро кога прекинуваат да ставаат се во уста? Ќе го дочекам ли тој ден? Милина ми е кога гледам деца си играат со играчки мојава најинтересна игра и е било што во уста да го стави кога завршува фазава?