Мојот и пред да почне да вади заби се во уста ставаше. Било што прво на рака што ќе му падне прво во уста се става и јас како @Baby warrior се прашувам дали некогаш ќе помине фазава
Како мајмунче е мојава. Уште до уста не го доближила тоа што наумила ама јазикот исплазен и отворена устата пред време Уштее нема заб секој ден проверувам хсхс
Само да ти кажам дека на 3+ години и текна и прсти и играчки и не знам веќе што да чува во уста. На многу слики од групата во градинка гледам деца со прсти во уста, така да веројатно некое чудо од таму и е ама да знае дека нема крај.
Мислам заби додека излезат све... мојава книгиве ги изеде, подлогата цела од сите страни... колку ме нервира што пика све да не ја запазам ќе биде тешка раб . Иде и ме каса буквално кај види месо фаќа нога рака... Еве цела вечер плаче во сон.. она спие јас не.
Буквално. Џабе робот врти 2 пати дневно. Вчера во кафич со вештачка трева доле успеа да најде паричка и да ја земе, што никој со голо око не ја виде, а 3ца го пазевме
Иста е и мојава, главна игра и е тоа. Се исправа на хранилката дека знае таму секогаш по некоја трошка има останато и жива среќна е кога ќе најде си мцка
Јас почнав од претходната недела. Многу е бела и гледам почна да и се зацрвенуваат обравчињата и носето. Инаку мачкам Bioderma photoderm pediatric mineral spf50
Бебка полни годинка наскоро па почнав да добивам прашања од блиски што да и купат за роденденот. Дали имате некои препораки, не знам веќе што и фали и што би било корисно за наредниов период.
Јас сега од другарки добив ваучер од сити мол не знаеле што да и купат не знам ни ја пошто има и се што треба и плус се што не треба па ќе смислам пролетва ваљда нешто. Чисто како идеја за мекици исто добивме ваучер од еаст гате и го искористив после 3месеци за јакниче
мојата иде и ногарките од масата ги глода се живо става во уста шо ќе докачи, а мн ми е страв, пошо големава само остава шноли, прстенчиња, такви ситници низ цела куќа, устава пена ми фати секој ден и зборам, само одам и гледам, не знаете под кој стрес сум, ми иде да и соберам се и да џитнам
Ние добивме development table, баш после роденденот не му беше интересна ама сега се заигрува и по саат време со нејзе. Има различни активности на нашава ама има и многу модели по продавници. Нашава е од storybox во Дајмонд. Зависи и од буџетот секако. Исто доби и кола со акумулатор и тротинет , во колата седи има опцика како напред-назад и се занимава отвори/затвори на вратите. А за тротонетот е мал , на scoot and ride е ама сеуште не го користиме ни со седиште.