1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.541
    Допаѓања:
    18.211
    Пол:
    Женски
    Значи не е само моево се и сешто што става во уста, во последно време почнав да се загрижувам.

    Мајки вие што имате бебенца околу 7 месеци дали почнаа да лазат.
    Мојата женска се врти од грб на меше, но тешко и оди да се врати од меше на грб, не знае да ги намести рачињата, го крева газето и едната рака да се сврти, но другата рака не знае да ја намести и почнува да се нервира да плаче и покажувам како треба, но сеуште нема совладано. Кога е на меше се врти во круг, рачињата ги крева високо предниот дел, но сеуште не се крева за лазење. Не правам споредба, секое дете во свое време ќе си совлада, онака чисто да отворам дискусија.
     
  2. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    8.882
    Допаѓања:
    26.866
    Пол:
    Женски
    Дискусијата мајка, ќе ти отвори секакви примери.
    Јас би ти кажала, само остави на времето и не се опседнувај дека мора да пролази. Мојата некое чудно лазење имаше дури на 10 м. Прооде на година и 2 недели и тоа цврсто, стабилно, одеднаш. Е тек после почна да лази убаво.
    Година ипол е, секој ден по 3 бели влакна имам од неа.
     
    На dummy, MariaBouli и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  3. Hippie

    Hippie Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Првото ми пролазе на 9,5 месеци. Второто е сега 7,5 месеци само се врти во круг и со превртување си стигнува каде сака. Уште абер нема за лазење.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Karanfilce14

    Karanfilce14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2022
    Пораки:
    420
    Допаѓања:
    595
    Каков ви е ставот за дубалце ? Јас сум за ама мм се буни. На мисла сум дали да зимам или не..:)

    @Guns N` Roses ние сме 8 ипол месеци абер нема од лазење. Почнува да ги мести нешто нозете ама ништо сеуште хах. Јас ја вежбам вакви пози такви пози ама на крај секогаш со плачки завршуваме. Многу сакам да лази хаха
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.