1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Не дозволуваат ни АД во градинка. Замисли на 30 деца сите мајки да си носат измолзено, кој ќе допамти чие шише е, една го носи во 6, една во 9, отвори, затвори фрижидер, на каква температура било донесено, на каква фрижидер. Не дај Боже некое да се затруе од млеко. Огромни последици.

    Ама и во градинка се трга над 9 месеци кај што бебињата можат во тие 5-6 саати да истуркаат без млеко зошто не е толку неопходно. Имаат доручек, ручек и две ужинки. А 90% од децата се и над годинка кога млекото веќе не е ни неопходно. Може да се замени со млечни продукти. Не е до системот, секаде во свет е така. Ни во кафана не смееш да однесеш храна од надвор и градинките не сакаат да си зимаат ризик да носиш храна од надвор.
     
    На Ladyme, jagoda777 и Marijanche33 им се допаѓа ова.
  2. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.857
    Допаѓања:
    3.870
    Пол:
    Женски
    Ок е се освен болдот. Како знаат кое чие е за сок ?
    Реално ок е се ова и се сложувам.
    Но не може единствен совет да е одбиј ја. И тоа само од еден ден пробување.
    Какви 90 % во група има 7 м бебе.
    А ручекот шо го одбила
    ,,супа со лебче и манџичка од горе " кој го јаде ова ?
    Многу сум разочарана така денес тешко ми падна не можам да опишам.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Ама јас зборувам за вакви специфични ситуации каде бебето не прифаќа храна никако. Што да правиме да го оставиме гладно, каква етика е тоа едно шише за бебе што има проблем со храната реален да не може да се обележи во фрижидер. Поготово за бебе што трга во јасли на 9месеци првпат одвоено од мајка кај е во шок на прилагодување уште па и гладно да седи. Мајката нека си ја чука главата додека детево не му текне да почне да пројадува
     
  4. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Не знам мајка кај вас како е во градинка, ние кога бевме да го запишуваме ни кажаа дека најрано на 8 полни месеци ги примаат. На тема шишенца, моето откако престанав да го дохранувам со ад, наредно кога му дадоа со шишенце млеко не прифаќаше цуцла и ете до ден денес не ми сака цуцла. 9 месеци е моментално. Ми рекоа чим не прифаќа цуцла ќе му даваме и водичка и чајче со чаша. Ама шише со сокче или вода ваљда во шкафче им стои зошто може на собна температура па така знаат кое чие е.

    За ручекот, што му даваш ти дома? Јас баш си давам манџичка со дробено лепче внатре 3-4 пати неделно. И боранија, грашок, леќа, гравче се му давам како манџа со дробено лепче. Мојот баш си обожава манџички. Што те разочарува кај ручекот?

    И за крај, јас не мислам дека треба да ја одбиеш, сигурно ќе се најде алтернатива некоја. Ако ја носиш одма после цицање не е ни гладна таму, ако е уште на адаптација само доручек ваљда има и не е гладна за истиот или останува и подолго? Пробај викенд да не ја доиш чим станете давај се што ти текне, парчиња, пасирано, леб, палачинки, бисквити, ручек од вашиот иако има нешто сол ништо нема да и е од некое залче. Обично деца што не јадат вака ептен бебиња пројадуваат откако ќе јадат храна иста ко возрасните. Дајте и и она да руча додека ручате од истото јадење. Нешто ќе профункционира.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  5. beachedd

    beachedd Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2020
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Во градинка не даваат ни ад ( барем ова е од 2-3 приватни што го знам и кај што оди син ми).
    До некаде ми е разбирливо, скоро секаде кај што има храна/менза не е дозволено да се внесува било каква храна од надвор. Мислам дека мора да чуваат и како мостра од хранатс , во случај на труење.
     
  6. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.857
    Допаѓања:
    3.870
    Пол:
    Женски
    Ја носам во 9 ,појадок веќе е поминат денес е прв ден за ручек останата тоа е околу 12. Супа со лебче и манџичка од горе. Значи супата мешана со манџа...
    Или супа дај или манџа вака супа со манџа ни јас не би јадела...
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    4.686
    Пол:
    Женски
    @Baby warrior
    како сте? Грлото како е?
    Мојава од петокот беше болна. Прво почна со некоја глупава температура.
    Кенкава, тажна
    Кај нејзе грлото беше партали, не знам од што, никогаш не пие ни јаде ништо ладно. Кашлање ненормално, секрет од нос вадев со носко.
    Ако веруваш еве уште кашла,ама многу помалку, утре сме на контрола ќе видиме како ќе поминеме
     
  8. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.830
    Допаѓања:
    5.945
    Пол:
    Женски
    Имав колешка што детето буквално ништо не и јадеше, тој период кога зборевме беше 1 год, ковид, она на раб во аптека. Вика идам дома се бањам, дезинфицирам, чистам нос све и ја земам она прегладнета. Сабајле што цицнла и ја чекала да дојде. После ја одби, дете пројаде. Има различни случаеви. Може и затоа ти предложиле. Мојава 11++, корегирана 9++, значи има карактер тежок, разбира манипулира, за внимание ја удира главата, психологот во развојно вика мини тантруми ви прави знае дека ќе станете по неа и нема да ја пуштите да се удира. Значи и она, одбива све несака те сака за цицање зошто така си до неа претпоставувам. Друго нема објаснување освен ако не прогресира како што треба, па да бараш др чаре.
    А тоа е храната во градинка, обично сите јадат кога гледаат други деца, мислам најголеми нејадачи, во градинка пројадуваат со некои исклучоци. Дополнително мислам дека треба да се проба без млеко, да е гладна и да се даде храна. Тоа e решение дефиниривно. Гладот ќе ја натера да јаде. Сигурно е тешко, ама некако мора да издржиш. Внукава е интолерантна на лактоза, и даваат вода со бисквити додека др јадат млеко со бисквити. И мн др примери кај што оброците не се вкусни и баш добри, ама јбг тоа е. Чим др деца јадат сигурно е јадливо. Мојата е исто интолерантна... како ќе биде ќе видиме.
     
    Последна измена: 27 март 2026
    На fragaria и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  9. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Втор ден со температура, оди до 38.6 ќе дадам далерон се спушта до 37.6 сабајле прв пат спушти скроз и еве ноќеска не дадов далерон пошто не одеше над 38 се спушти самостојно 37.2 :( мрсули ептен, поткашлува по малку и кива. Од систина рекоа класичен вирус - не и направија кс да почекаме рекоа вака ден два се слушам со докторката неколку пати дневно па ќе видиме денес пред викенд што ќе каже насоки :sweat: мојава пишти нејке да и избришам нос, за носко се знае плачење ама мора два три пати дневно. Уф само да не спушти надоле, кај вас имаше температура?
     
  10. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    4.686
    Пол:
    Женски
    Кај над не одеше повеќе од 38.2.Ден ипол.
    Инаку, и го прскам носето и ја наведнувам нанпред со лицето. После минута одма чистам нос. Така најмногу вадам.
    Исто можеш да и помогнеш е да и ставиш малку на подигнато да спие. Јас ставив пешкир под душекот. Гледај и воздухот да не е сув.
    Многу е стресно а те гледам и ти си паничар..Јас не спиев по цели ноќи на саат време ставав аларм да ја проверувам..
    И мојава пишти уште кога ќе ја напрскам и извадам правосмукалката. Мислам дека знае што ја чека.Ама тоа е , бел секрет полна е.
    Само нека поминува со лесно:l:
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Еј остај само титкам со тоа топломерот по цела ноќ :) еве ја сабајле се разбуди во 7:15 и играше во игрална цел саат со маж ми ја гледаме не ни се верува сама. Ние седнавме пиеме кафе и ја пратиме она сите играчки ги пројде им збори нешто на некзин јазик смешен ќе не погледне па пак ќе си игра. Подобра е сабајлево и правев и мафини јадеше и грчки јогурт сигурно 20тина лажичиња и плус капини лом се направи дека сама мачкаше пикаше во устс ама не ми е битно битно нека јаде. Ја бањав после целата беше црвена како ратник :$
     
    На fragaria и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  12. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    4.686
    Пол:
    Женски
    Ете ќе биде добро:inlove:
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.641
    Допаѓања:
    18.406
    Пол:
    Женски
    Мајки, некоја со слично искуство. Бебе е 7 месеци, од почеток блуцка млеко, некогаш повеќе, некогаш помалку, зависи. До сега конкретни совети од педијатар немам добиено, кога и да се пожалам само добивам коментар дека бебе е многу активно затоа блуцка. Последниов период константно на секое шише млеко, не блуцка туку во млазови ќе го поврати млекото и тоа се случува и после час, два. Денеска од сабајле кашата што ја јадеше беше по течна, исто неколку пати блуцна и тоа голема количина. Се мислам да не е до млекото, на ад сме, но и кашите што се по течни ги блуцка. Се обидувам да ја држам исправена после оброк, да не е легната, ќе ја седнам, истото е, нема подобрување, бебе не седи мирно ни минутка, може и тоа си има влијание. Минатиот месец кога бевме на контрола, прашав и повторно истото го добив за одговор, навистина не знам што да правам.
    Млеко давам по 120мл на оброк, што е помалку од тоа што треба да внесува за 7 месеци и оброкот го ограничувам до 150г, максимум 170г.
     
  14. Simon4e0507

    Simon4e0507 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2023
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    774
    Пол:
    Женски
    Ние добиваме ваучери од Зара од Tilla имаме 3 и ги немаме сеуште искористено :)
     
  15. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Дали добро напредува со тежината?
     
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.641
    Допаѓања:
    18.406
    Пол:
    Женски
    Минатиот месец кога бевме на контрола ја мереа, супер напредуваше, сега не сум ја мерела овој месец. Вака не изгледа дека нешто ја мачи, дека ја боли, весела си и е.
     
    На КаринаТ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    949
    Допаѓања:
    1.374
    Пол:
    Женски
    Исто и ние уште, веќе 9 и пол месеци. Ни викаа ќе престане кога ќе почне со кашички ама пак знае да поврати и кашичка. Денес му дадов палента со кајсија и поврати, пред тоа изгледа му идаше за повраќање, фаци правеше, па поврати. Во последно помалку од млеко повраќа, а повеќе од кашичките, посебно на стомаче кога игра бидејќи го притиска. Иначе од Новалак 1 повраќаше повеќе дури и како вода, нон стоп воден беше, од како сменавме со тотал комфорт се намали. Сите доктори ни викаат штом крева на килажа не е проблем, па еве чекам уште само од себе да се среди
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.530
    Допаѓања:
    6.728
    Пол:
    Женски
    Ќе дупнуваме ушиња на 7ми април? :D Ако оздраве убаво јас сакам а и маж ми запнал мерак му е ептен 8) кај имате убаво искуство низ Скопје, да е чисто да се профи со убав однос со бебе и избор на медицинки убави, не ми е битна цената
     
    На angelce23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cvetce_

    Cvetce_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2024
    Пораки:
    1.290
    Допаѓања:
    1.916
    Пол:
    Женски
    Ве читав згора преку поназад, зошто н оставаат ад во градинки ?
    Во Германија работев во градинка, во кујната, имаше и мали бебиња и чувавме ад, не можи мало бебе да го одбиеш од млеко туку така, што ако сеуште се нема прилагодено на цврста храна ?

    Шишињата и чашичките за вода беа обележани со имиња на дечињата и сите со ги познаваа дечињата, сок не дававме, тоа само во Македонија го има :)

    Е сега оваа беше приватна градинка можеби затоа чуваа формула, ама не верувам и во државните да е поинаку.
    Ептен се внимаваше на исхраната кај бебињата, носеа готова храна складирана во метални боксови, само што ќе ја донесеа храната веднаш ја мерев темпратурата и запишував во дневниот извештај, колку темп. кога пристигна храната и што пристигна.
    Ако храната содржеше месо, јајце или млечно нешто и темп беше пониска од таа што треба да е веднаш се враќаше назад храната.
    На тема алергени на зид беа запишани табели кое дете на кој алерген е нетолерантно и алергично.
    Имаше едно со црвено обележано дека е на лактоза и глутен, во неговиот рафт не смеевме во близина да чуваме алергени, камоли да ги смешаме.

    Имаше и вегани, и за нив посебна храна носеа, све беше под конец.

    За ужина дававме овошје и зеленчук, никако кекси, никако благо, прв пат даваа благо на деца коишто им беше последен ден во градинката, во таа чест организираа забава денска и вечерта преспиваа во градинката заедно со цела група и воспитувачките, имаа movie night и тогаш им даваа нутела и пуканки, пресреќни беа децата и јас со се нив :)

    Исто имаа и скрин тајм еднаш во денот, ама кај поголемата група, гледаа едукативни програми и си лежеа.

    Ме фати носталгија затоа се запишав на таа тема, најубавата работа во мојот живот, прекрасно искуство
     
    На 1RedLipss, Puffy2019, Baby warrior и 3 други им се допаѓа ова.
  20. КаринаТ

    КаринаТ Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Женски
    Тогаш мислам нема простор за грижа, едноставно си се регулира - ако повеќе испила/изела, си го блуцка. Ќе и помине како што ќе расне.
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.