Во хранилка е седнат од кога седи сам стабилно. Кај мене веќе од 5м седеше сам и си е во хранилка за јадење. Ние сме 8м смоки немам и јас дадено не сум имала потреба да дадам, не се задолжителна намирница. Друго за месеците фала богу се си јаде, освен нешто кога не му е по мерак па да изеде помалку. Немам дадено само риба, јатки и некои овошја што не им е сезона. Земав минатата недела јаготки ама ни Ј од јаготка немаат, никаков вкус јас не можам да ги јадам не па на бебе да дадам. Брокула почна да јаде во комбинации инаку не сакаше да смисли, и уште спанаќ пак да го пробам оти ни во комбинации не ми го сакаше.
Не форсирај на сила ништо. Кај мене си ги фаќа зс во уста ама му смета мешето и не може убаво да ги стави. Сака да се исправа, да стои, да чекори ама за лазење не ни пробува. Го ставам на меше и одма нс грб се враќа. Се врти сам на меше да си земе некоја играчка и одма на грб се враќа. Веќе не сака ни да лежи. Сака да е седнат и кога сме до него(многу често оти не сака сам да си игра) се фаќа за нсс за раце за алишта било што да се исправи и да стои. Се нервирав едно време што не сака ни на меше, што не покажува знаци ни за лазење ама веќе не. Се помирив дека такво ми е детето и тоа е тоа
Мојата од 5 се игра со нозете и ги става во уста, ама на пример на другарка 8 месеци е бебето и ич нема интерес за нозете. Ич нема правило и ич да не се секираш. Мислам дека и @Cherry333 прашуваше за ова ако не се лажам, ама заборавив да и одговорам. Ако си ја држи главата цврсто кога е на стомаче и во раце, ако ги движи двете нозе истовремено, ако има рефлекси се е океј. Само едноставно не му се можеби интересни нозете на бебче. Јас и правам една игричка што многу ја сака. Кога е расположена и пуштам песнички да слуша, и ги носам ноџињата лева па десна до уста и и правам демек нњам нњам да си ги ручка ноџињата. Многу сака така и многу се смее. Пробај така ама секако не се грижи.
Моето почна на 5 месеци така, баш го носев од други причини на физиотерапевт и се чудеа дека е обично покасно, но јас му правев вежби што ги сакаше му го допирав лево раче за десно стапалце и обратно, па потоа и лево со лево, десно со десно и така секое утро ни беше тоа рутината, ги сакаше многу вежбиве затоа и му правев не дека нешто форсирано беше, ама така научи. Пробувај ќе научи, најверојатно и може, само не му текнало да го прави.
Мајки, што играте со 7 месечно бебе, немам идеја веќе што да правиме, се исто и досадно и е. Ја ставам доле на подлога, оставам топчиња да се врти по нив, водена подлога, пикабу, ракчето што се движи, се врти по нив ги игра. Залепив на селотејп топчиња на послужавник и да ги вади, нив исто ги игра, имаме играчка што се пуштаат топчиња и тоа и е интересно, го носи топчето да го пушти со рачето, ама цврсто го држи, не го пушта . Книги шушкави со илустрации и различни матријали гледаме, песнички многу сака да и пеам и играме со рачињата. Многу ја сакаме жирафата Жижи, како е читава останата досега не знам, кога ќе ја здогледа и се смее, се кикоти и почнува да писка, научи дека жирафата повторува и писка со цела сила, пресмешна е. Имаат ли вашите бебенца некои омилени играчки, активности??
Јас сум приметила дека ако и давам многу играчки од еднаш и здосадуваат. На пример ќе и дадам една, после 2-3-10 минути и се здосадува и давам друга. Така некако успева вниманието да и го додржи а вака ако се на куп ништо. Инаку активности исто како кај вас, и пуштам песнички да слуша и да и пеам, алуминиумска на спалната да мава со нозете ама ја скина во една секунда тоа беше неуспешно, пикабу, играме со ноџињата. Мојата во глобала е 80 посто на подлога и еве ја сега се игра веќе 10 минути со држачот за цуцла. Кога ќе и здосади ќе и дадам друго и така во круг.. Се превртува, не ја седнувам сеуште а ниту сама пробува, имаме како бејби џим што свири и со тоа се игра, го мава со рацете цело време.. Тоа е тоа во глобала
Совет од поискусни мајки, дали и вашите бебенца крцкаат? 6 месеци има и се движи ама наеднаш почна интензивно да крцкаат рачиња, ноџиња неколку недели после лазење.
@Трагедијаупмм Колку подои имате? Навечер на секое будење даваш да цица? Кога му ги скратив вечерните подои почна да го јаде доручекот, е и сега има денови кога пребира и не сака да јаде се ама обично јаде.
Еднаш се буди ноќе и цица кратко... Три дневни ,еден пред заспивање и еден или ниеден ноќеска. Големата повеќе јадеше цврста храна и повеќе цицаше од ова што ни јаде ни па цица да речам којзнае колку а ова по колажа на месеците е потешка од сестра и. Жени вака кога кажувам имаат претстава на 2 часа цица ама не е така. Ете предложив во градинка и шмукалчиња или млеко да носам не прифаќаат. Лошо е и што сме мало место и одма имаш ,,баба и нека ја зима" а баба и што не е арна друг проблем е... Се мрднав.
Па реално не цица многу, мојот цицаше сто пати ноќе плус денски. За мене супа со манџа не е доручек, нешто гриз/овес нема во менито?
Ручек им е тоа,за доручек не оди на адаптација,после појадок ги носиме. Не е, и тоа само од лева цица...
Крцка моето. На ортопед ми рекоа може да крцка, ама тогаш околу 2 месеци не крцкаше, малце попосле почна, не знам точно, после 4 месеци можеби..
Ние пак сме затнати, од вчера некако хрчкаше со носето, вечерва почна да и тече, а на ручек не го дојаде оброкот, почна да плаче, да липа, а сакаше да јаде, помислив дека е од што и се спие, кога и грлото црвено. Едвај ја заспав, легни ја, одма се буди од што и се слева секрет, се закашлува, температура мерев, нема. Таман требаше да почнеме во градинка со адаптација, уште ова фалеше.
Мајки може некоја ако ме чита и со бебе над годинка да ми каже, кога почнаа повеќе сон ноќе да врзуваат? Дали откако преминавте на една дремка повеќе спијат ноќе? Ние сме 10ипол месеци и мислам дека само што искочи од скок. Скокот беше катастрофален заедно со се настинка и вадење 2 горни кеца. Многу лошо спиеше и тоа и остана, на пример ако легне во 20,20:30 станува обавезно ноќе накај 2,3 и тешко да презаспие а ако заспие накај 21:30,22 тогаш си тера до 7 и после тоа за саат ипол два и е првата дремка. Пред скокот супер спиеше. Таман го тргнавме ноќното доење сега пак почна да се буди…
Дали има некоја регресија време сонот или скок во 11медец? Секаде гледам скокот е покасно, бебка е сега скоро 11м, 48 недела, ама последните 10дена особено ноќи е неподнослива. Ептен тешко заспива, немирно спие, кенка, плаче, се буди често ноќе, не знам што е проблемот. Не вади заби засега, има 8 запчиња горе и долу, не лигави, не можам да видам отечени непца. Само навечер кога треба да заспие вришти и многу време и треба да заспие. И кога ќе заспие, се буди често, немирно спие ептен, се не беше вака. Друго, за 1м и е роденден, дајте идеја сите ме прашуваат за подарок што да и земат Летна количка од кумовите ќе биде, само да си изберам. Друго се има од батко и и немам идеја...
Ние сме 11 месеци и 4 дена и последниве недела-две исто имаме проблем со спиењето (не дека инаку е сјајно) ама навечер исто тешко заспива, некогаш со плачење, некогаш па е како полузаспана, се врти лево десно и се смее. Ова некогаш знае да трае и 30-60 минути. Ноќе се буди често, се врти се тркала цела ноќ. Јас го препишувам ова на заби зошто баш и пробиваат периодов 2-3 ама може и друго да е.
Година и два месеци е моето и испробано е сè ама џабе. Една дремка подолга, една дремка пократка, две кратки дремки и пак и пак се буди ноќе да си трча и игра, па дури го презаспијам е тоа е друг муабет.. Една ноќ ако ја преспие целата следните три ќе станува и седи по саат и пол-два. Некогаш е заспан во 7 ама најчесто во 8 е кома. Кога е комбинација со скок и заби е кулминација Можеби за пола година ќе почне да спие по 10 часа без прекин се тешам.
За спиењето, да има регресија, особено ако се исправа по мебел и шета. Голема моторичка вештина учат дур проодаат и ретко кое бебе има добар сон тој период. за роденденот(од ствариве јас што ги мислев и што ми ги понудија за поклон): трицикл, баланс точак, топлинки, патичиња проодувалки, магнетни коцки, книги, шаторче за внатре, лизгалка, дрвени играчки, кујна…
Така беше и кај нас тој период, накај 11м се потсреди малце. Станува 1-2 или макс 3 пати, некогаш само тапкам по газе и презаспива, некогаш нишкам, некогаш цице ама немало веќе неколку недели така да си седи со саати будна во сред ноќ да се надополнам: мојава е 11+++, со 2 дремки и исто чекам и се надевам кога ќе прејде на една дека ќе е подобар ноќниот сон ама можда залудно се надевам хах…