Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    7.430
    дали ги носите бебињата на редовна контрола на педијатар секој месец? мојата е 7 месеци, до сега ја носев, читам овде дека не ги носите, не знам дали треба или не.
     
  2. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.514
    Допаѓања:
    9.323
    Пол:
    Женски
    До кај 6-7 месеци одевме редовно, месечно. После тоа веќе ни рекоа дека нема потреба.

    Ова пред 2,5 години
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    4.685
    Пол:
    Женски
    Јас искрено не. На 4 месеци ја однесов кај матичната. После на 6 вакцина примаше други ја прегледуваат нели. Сега бевме пред две недели кога се разболе тек.
    Самата ми рече дека ако нема потреба да не ја носам.
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Јас не ја носам бидејќи е време на вируси, ја носев до 6 месеци, а и докторката ми рече нема потреба. Сега за брзо ќе прави годинка па можеби ќе ја однесам кога ќе затопли на една контрола. Мислам дека немаш потреба да ја носиш секој месец ако си напредува и ако е се во ред. Сепак одлуката е твоја
     
  5. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.058
    Пол:
    Женски
    Не, до 5м ја носев па прекинав. После имаше за вакцина некој преглед па ортопед па се разболе и тоа и беа прегледите. Сега пред годинка ја однесов најмногу дека во градинка ќе ја пуштам па ај да ја види
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.067
    Допаѓања:
    4.685
    Пол:
    Женски
    Мајки бебе е 7+. Значи не можам ни до вц да отидам. Ако сум присутна во собата супер е си игра ама штом не сум и во видното поле готово вриштење плачење, и секако штом ме здогледа престанува. Вака е веќе 2 3 дена некој скок е или такво си е детето :worried::worried:
    Заби мијам со нејзе во кенгур,додека сум во вц на минутка се убива од плачење..
     
  7. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    7.430
    исто, јас се бањам со нејзе во транспортер врзана пред туш кабина, а излезам од соба рика :drunk: ама го препишувам ова на тоа дека е цел ден со мене и друг човек освен маж ми и големата дада скоро да не гледа, еве свекрва ми не е дојдена од јануари да ја види, да искористам да си се пожалам :rofl:
     
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    6.727
    Пол:
    Женски
    Ќути седи врзана твојата, мојава е влезена во некој муд овие две недели ми плаче во седиште во кола а напред ја возам, ме гледа и зборам се корне од плачење па застанувам, подавам играчки, пеам и зборам и возам :whew: Свекрва ми денес дојде испи кафе и и викаше зошто бе баба нејкеш кај мене, дојди ајде а моево дете не оди- пак ќе поминат 10мин си пие кафенце на гарнитура ќерка ми во игрална си се занимава сама, оваа пак и вика, дојди бе мила да те видам ич не те видов :rofl: ја гледам ја слушам… сакав да и речам па земи ја бебе е не оди ама си преќутев испи кафето, отиде :rofl:
     
  9. katerina.femina

    katerina.femina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2013
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Мајки,бебе е 8 месеци. Неделава има измени во спиењето.
    Вака почнува денот: 6:30 се буди и будна е до 8. Спие до 9. Станува и будна е до 11:30. Заспива и спие до 13:30. Од тогаш седи будна до 18:30.Во 19 00 веќе спие. До сега цело време имаше будни прозори од 3 или 3 ипол саати. Нели е многу да е будна по 5-6 саати...? Вака игрива е,пргава..Пробувам од сабајле да ја оставам повеќе време будна ама и се спие и кенка, зспива веднаш штом почнам да ја нишкам. Инаку навечер само еднаш се буди за млеко и мирно спие.
     
  10. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    7.430
    значи сите се која од која, маж ми минатата недела работеше две смени, големата беше кај нив за да не седам сама со двете, колата на сервис, ја затворена дома со бебето 5 дена, па и врне :drunk: и ете на ми звони да ме праша што сме правеле, викам еве онемев :rofl:

    иначе седи мирна додека се бањам, ама ја и пеам исто :rofl:, кој знае како изгледа тоа од страна :rofl: а во кола исто напред ја возам и во главо е мирна, освен ако и се спие, мн чудно бебе, не спие во кола, тогаш зима и рика :drunk: само дома спие, надвор нема шанса, ни во количка ни во кола и а и време за дремка мора да се прибереш дома:drunk:
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    6.727
    Пол:
    Женски
    Кога беше помала ми заспиваше во кола после шетање у сити мол загарантирано одма а од сити мол до дома имам 4мин возење и ќе заспиеше и требаше да дремам или да вртам со кола саат време за да се изнаспие па да ја нисам дома :$ па после ја научив и си зимав кафе ту го и ја возев дур спие си пиев кафе и си мислев на боље утре :D хахаха ама сега на 9ипол месеци не спие така, само на автопат кога искачаме
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.253
    Допаѓања:
    27.009
    Пол:
    Женски
    Да, еве баш денеска ја носев бебка, наполни 11м. Откако е родена секој месец ја носам, сакам да знам дали и колку напреднала, важно ми е тоа. До 1 година и брат и исто го мерев кај матичната така секој месец, има посебен дел за здрави деца.
     
  13. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    559
    Пол:
    Женски
    + 1, мојот е 7ипол, веќе скоро месец е така. Него не му е битно дали јас или мм или некој друг е до него, ама мора да има некој. Во игрална ни минутка не седи сам, исклучиво мора јас да сум до него, и тоа не бара да го занимавам, сам си игра ама јас морам да сум присутна. Јадење кога му правам, задолжително е во кенгур. Кога одам до друга соба, морам да му зборам цело време, пред некој ден мм беше цел ден на работа и ние сами дома, до вечерта грло ме фати од довикување по соби :wasntme:

    @Anaroz1 јас го носам секој месец. Баш и со педијатарот разговарав за тоа, негов став беше дека до година треба месечни контроли да се прават, па ќе продолжам да го носам до година.

    @Baby warrior +1 и за драмите во седиште. До 6 месеци уживаше да се вози, од 6 навака секое возење е драма. Првично мислевме дека не му е удобно во транспортерот, па купивме седиште ама нема разлика. Не знам со кој памет минатиот викенд тргнавме во Охрид. Пола пат си спиеше, баш пред Стража кога почнуваат кривините се разбуди, ми се слоши по пат од што цело време навалена накај него го анимирав, играчки, песнички, шишиња вода, вадење цело пакетче влажни марамици една по една, занимавање со сите предмети во кола што ни се најдоа...едвај стигнавме:whew:. И таму купувавме нови играчки за враќање да имаме :lol:

    Туку, сакав да ве прашам, колку време ви траеше транзицијата од три на две дремки? Еве три недели се мачи, секој ден различно, еден ден две долги, следниот три кратки, па после тој една долга една кратка-овие денови се најлоши, ни има време за трета дремка, ни може да издржи до време за спиење. Пробав и првиот прозорец на будност да му го продолжам зашто најкраток му е, пробувам и при кратки дремки да го презаспијам за да му ги продолжам, ништо не помага. Кога помина од 4 на 3 дремки, многу побрзо се прилагоди, сега хаос, ни оброци можам како што треба да му испланирам ни ништо.
     
    На Baby warrior и Anaroz1 им се допаѓа ова.
  14. Jogle

    Jogle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2015
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Ние одевме до година и пол, ама откако наполни година контролите беа на 3 месеци, т.е. една на 15 месеци и уште една на 18
     
    На Anaroz1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    6.727
    Пол:
    Женски
    Ја минатиот викенд бев ти :D ние се здадовме 4саати со кола во правец… кога не спиеше беше урнебес и мене ми се слоши, па фино лепо маж ми застана си повратив на автопат па продуживме. 120 играчки имав позади извадено и ги подавав она се фати за наочарите за сонце мои па се уби од плачење дека не и ги дадов :whew: па ја извадив од седиште па возевме некое време кај мене во скут / не смее никој ова да го орави и скроз ми е страшно ама што да правам не се смируваше :devil: на крај 10минути пред да стигнеме заспа и ја чекавме во кола да се изнаспие 40мин зошто беснееше цел пат, паркирани пред хотел. И тоа е … кралица
     
    На Tulip023 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    7.430
    Мене се ми се врти дека се носат до година, ама овде читам дека никој не ги носи, а и стварно ништо не се случува, килажа мериме и некое прашање ако имам, особено сеа околу исхраната, се мислев дали да закажувам или затоа што минатиот месец која ја однесов и педијатарот зачудено ме праша за што сме дојдени :D
     
  17. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    2.058
    Пол:
    Женски
    Мене мојов педијатар едвај ме прими сега иако од 5 не бевме…
     
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    6.727
    Пол:
    Женски
    Ја до 6месеци ја носев кај матичната… и тоа на 6 месеци на вакцина ја прегледаа последно, минатата недела кога се разболе во систина ја прегледа педијатарот што ја води … што ќе ја носам само за тежина и таму нема што многу да ми кажат 8.200на 9ипол месеци … за три месеци само пола кило качила а јаде како скината :rofl: нека е жива и здрава ама не застанува ровари лази по цели денови
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.219
    Допаѓања:
    7.430
    Па мене до сега ми имаше логика, пошо си ги закажував баш така ден пред вакцина прегледите, ама сега следна ни е мрп дури и се мислев дали воопшто да ја носам.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.523
    Допаѓања:
    6.727
    Пол:
    Женски
    Мене
    ми беше страв, фати зима вируси и прекинав на 6месеци. Наредно за мрп здравје и тоа нема да ја вакцинирам на 13месеци, дома ја чувам плус сред лето ќе биде ќе почекам до есеноска ваљда
     
    На Трагедијаупмм и Anaroz1 им се допаѓа ова.