Здраво мамички бебето е скоро 10 месеци кога е во хранилката ги врти дланките и стапалата и се стега целата и така гледа чудно дали некоја има вакво искуство знае нешто повеќе многу ми изгледа застрашувачки...
Јас почнав да и ставам пред некое време оти приметив дека е исончана на лице уште сега Мене во аптека ми дадоа од frezy derm малце потешко се размачкува, не знам дали е така и со други
Има ли друга освен нас бебето да се буди ноќе секој саат, два за цицка...?! 9 месеци сме ова веќе е неиздржливо. Дали може треба дохрана да почнам да давам навечер? Хелп во очај сум веќе
Да те утешам ние сме на формула па пак се буди на 2-3ч. Што ли не пробавме се е безуспешно. Нема една проспиена ноќ во овие 9ипол месеци Да се редактирам сепак пробајте
Има, можи не на саат ама на два сигурно Пробај со дохрана ама мислам дека не е од глад. Јас три оброци давам цврста храна по 200 гр оброкот, и тоа навечер житарки банана, и цица и ад пие и пак се буди
@LaTama @Cvetce_ Значи ноќеска мислам дека сакав да побегнам веќе, толку е Немаме преспие ноќ од кога е роден, последниов период хорори, ајде скок било ајде запчиња ваѓа ама никако ништо да престане. Хорор значи хорор плус на се тоа тој час или два што ќе го преспие толку немирно спие, толку се врти превртува удира со нозете па и си станува ќе седне на газ спиејќи Незнам што е ова ама дефинитивно на тој што го изустил "спие мирно како бебе" да му се забрани одма Која формула би ми ја препорачале? Јас ништо не знам со оваа тема
Не знае да искаже емоции, од тоа е стегањето, исто и вртењето на дланките, исто правеше, како ќе научи да контролира, ќе прекине. Сеуште им е незрел нервниот систем.
Зошто би давала дохрана мислиш дека немаш доволно млеко? И мојата јаде три оброка дневно фул и цица два пати дневно и пак навечер се буди и сака цице. Млеко имам ја слушам како голта. Не е гладна, бара да се гушка бара блискост.
Јас давам бејби лав од дм, пре давам оти кога преминавме на 1 мн запек имаше. Моето кога ќе го види шишето се треси дури од што сака да пие, големи се сега можи имаат поголеми потреби а имам млеко, не дека не.
Моето е 8 месеци и нон стоп се буди ноќе да цица. 2 часа само дали сврзува највеќе. И преку ден многу слабо спие 3 пати по 30 минути. Жива ненаспана сум. Не сум помислила да давам АД бидејќи не се буди од глад. Од навика станува. Ми се иди да ја одвикнам од цицање. Можеби тогаш ќе почне да спие. И мене ми интересира дали има други бебиња што вкупно спијат 11 часа? Стварно тоа спиење кога ќе се среди?
Јас искрено не сакам да сум нестрплива, тешко ми е што станува ноќе ама си викам 10месеци е за некој ден еве уште толку колку што е да станува - а нема до 20месеци да биде вака секако ќе издржам. Еднаш имам бебе - ако се решам за второ можда пак, да и дадам шанса да ме гушка колку и треба и јас нејзе додека ми е малечка слатка најмила … има време ќе спие во нејзина соба за некоја година и ќе ми недостига
Имам млеко да ама човек веќе на се ќе помисли кога си изнемоштен и истрошен... Ајде ќе издржиме, штом не сум сама значи дека бебињата ни се такви, ја цело време мислам да не грешам некаде
И моето еден период спиеше по пола час. Два часа буден, пола час спие. Како аларм да имаше. После се среди на две дремки од по час и 30 минути, за потоа да премине на една дремка од 2 часа и 30 минути. Исто, цица само навечер, кога ќе заспие врзува околу 3 часа, па ќе бара да цица и си продолжува уште 2-3 часа, пак цица и си продолжува до 8 сабајле. Денските подои ги тргнав постепено, остана само тој за дремката, и тој го тргнав. Сега си заспива со цуцла, сам си ја става, заспива и веднаш ја плука.
Моето е на комбинирано (повеќе дохрана) и пак па можеби скоро два месеци се будеше на секој сат, околу 7-8 пати сигурно со плачење. Има скоро 10 месеци, тоа беше кога имаше 7 месеци некаде. Најверојатно беа запчињата горе, бидејќи не беше во скок, сега веќе се буди два пати само,што е далеку подобро и јас сум презадоволна. Мислам дека твоето е помало малку, можеби и кај вас се запчиња во прашање
Нема баш да те утешам, ама сакам само да споделам. Јас 10тина дена не смеев да го дојам од здравствени причини и во тоа време беше само на АД и ноќе си стануваше исто толку пати колку што станува за цицање, а ко демек тие денови само мм спиеше до него да не сум му мирисала, да не го потсетувам на млеко (плус и што станував на секои 3ч да се измолзувам). Така што можеби АД делумно ќе помогне, ама веројатно и до бебето си е. Јас после тоа некако се помирив дека такво си е бебето, преемачно ми е станувањето некогаш, ама ќе издржиме, како ќе им созрева нервниот систем полесно ќе им станува врзувањето повеќе циклуси, па ќе се поднаспиеме и ние.