9 месеци сме и ги вади горните запчиња, дел препишав и на ова како причина бидејќи од скок излеговме. Тоа е тоа ќе се наспиеме некој ден
што мислите за вакво нешто? вреди ли да се купи? за големата исто цело време се мислев на крај не купив зашо кнап бевме со простор, знам дека кратко се користи, па на два ума сум. откако почна да лази мир неам ни една минута
Син ми седеше многу малку. Идејата ми беше кога почна да се превртува да е во неа за јас дур работам нешто низ дома, да е безбеден ..ама после почна сепарациска анксиозност постојано да е со некој, па ми беше џабе не ми заврши работа. Како почна да лази немаше шанси. Зависи и од карактерот на детето.
Ние вакво имаме од 5.5 месеци сега е скоро 9, и многу искористена работа ни е. Бебка обожава да си игра внатере, сега дури и излегува и лази низ цела соба. Плус нашето е со двострана подлога, и да падни нема гајле не е трврдо.
И мојата на 9 ги изваде горните заби и на секој саат се будеше, абе и на пола саат знаеше ама помина. Сега еве година ќе прави, ни се погоди скок и двојки долу во исто време па пак истото го поминавме. Сега веќе ги изваде и скокот веројатно завршува неколку дена е подобра. На доење сме ама не мислам дека се буди затоа што е гладна. Тешко е, период е ама ќе помине.
Јас дојдов само да кажам дека денес бебе имаше дремка од 2ипол саати и тоа сама во креветче за првпат во овие 7 месеци . Мајкава и ручек направи, велигденско украси, пререди, неколку пати отидов до креветчето да проверам дали е се во ред со бебе .
Јас ја имам мојата по цели денови е внатре искача кога сака си лази и надвор сма кога готвам или одам до вц ја закопчувам и си игра. Најискористено нешто што го имам
Не ми се верува слично ни се случува Пред два дена за прв пат бебе спиење 1.5 ч и тоа во креветче денска дремка Успеав да средам еден куп работи и сто пати го проверив Вака само можело да се сработи нешто по дома Исто 7 м и една недела е бебето
И мојата на 7месеци почна да врзува циклуси спиење памптам колку бев среќна и јас ја проверував одев во спална да не има температура што се успа толку па ја пипкав она кома спие иначе оваа недела прв пат после скоро 10месеци спие во креветче до спална и ниеднаш не бара да ја нишкам навечер иако станува ама ќе цица и ќе си се заврти да си продолжи. Маж ми се врати во спална после 10месеци, свечено го пречекавме, мн ми недостигаше
Добро моево бебе само е обратно до сега супер спиеше, оваа недела дена се има шекнато, спие по 15 мин денски, седи до касно, навечер се буди по 100 пати, цел ден рика, само во раце сака буквално ме име изреметено, за една недела ќе праи 8 месеци, да не има некој скок сега?
И ние сме такви...на 4ти 8мес,една недела е вака.плус..почна да станува и да се исправа и вришти се плаши..како ми тресна вчера на глава..за секунда ..пред мене буквално ...сега спие прва дремка цела ноќ не сум спиена..лежам до неа да ми се смири мозокот
исто, исто, по се се исправа, сто пати главата ја искрши не е стабилна, се исправа на маса, на табуретки, по столчињата по ногарките, една секунда не е за оставање, навечер станува искача од креветче, лази по спална, перници и ставав и преку тие се научила да се прекачува
Од исправањето им е, мојата така почна ужасно да спие непосредно откога почна да се исправа. Еве сега пак се влоши спиењето, во нов скок е влезена и плус почна да стои сама без да се држи па и тоа верувам и прави некоја возбуда. А и почна во градинка и смени на една дремка па и тоа ете ќе си допридонесе сигурно на лошиот сон и станувањата…
Еве ние 10 месеци без неколку дена, се уште не знае да поврзи циклуси денски и спие по 30 минути. Ако го оставам на мене, може и два саати да спие. А и заспива со нишање, подолго го заспивам отколку што спие. Среќа навечер колку толку спие подобро. Порано со корпата кога ќе излезевме да шетаме одма заспиваше, сега со спортскиот дел и надвор ретко ми спие
да, буквално делува како да е превозбудена дека стои, не сака ни да спие ни ништо не ја интересира, само тоа прави цело време.
Моево сака да седи, ама сама не седнува и се нервира, сака да стане, се врти странично за да седне, ама наместо да седне се превртува на меше, кога направи седум месеци почна да се врти и од меше на грб и беше интересно и цело време се вртеше, кога е на меше се врти во круг, некогаш и наназад се влече, пробува и за напред ама неможе и почнува да плаче, да се нервира, а не и текнува дека може пак да си се сврти на грб, како да заборава, а не лази и не се исправа сама. Туку мајки како си го организирате денот. Ние уште сме со два оброка, ручекот обично гледам да е кај 13ч, ама со дремкиве никако не можам да фатам темпо, еве сега убаво е времето сакам и да ја изнесувам, да ја прошетам саат-два.