Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    209
    Оф многу ми е жал.. не бе се тоа е отидено мене не ми се верува како се дрзнуваат луѓето да бацуваат толку мали бебиња плус ЗНАЕШ дека имаш херпес... неарни

    Да земеш лом да ги напраиш и више ни бебе ни тебе да те видат...
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    209
    Кај нас иначе саботата бевме во кафичов наш и свекорот и свелрвата да ја виделе бебка (дома никако само у кафичов), и свекрвата ди игра со бебе ја држи ја седев со едни пријатели.. луѓе...
    Во моментот се вртам накај нив ја гледам бебка доле на земја. Срцето ми застана
    Истрчав она ја испуштила од раце и паднала дирекно на глава.. ( позади нив имало закачалка и бебе ја бутнало закачалката и оваа дали сакала да ја фати закачлката проклета да не падне ми го испушти бебето од раце...)
    Толку се исплашив толку ми плачеше бебе не знаете луѓе уште имам трауми од ШТО СЕ МОЖЕШЕ ДА И СЕ ДЕСИ НА БЕБИ.. среќа е добра ја однесовме одма на лекар немаше потрес ништо се беше добрп.. после кога го глеав видеото од камерата.. како и паѓа... не можам да и простам жими се еве не можам знам дела беше несакајќи ама луѓе воопшто не е зафрканција можеше таму ма лице место да остане бебе од таков пад...
    Мм не глеа "кривица" во мајка му, несакајќи било.. се каела плачела
    ЈАС НЕ САКАМ ДА ЈА ВИДАМ
     
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    6.668
    Пол:
    Женски
    Мојата е во 7ми за мене официјално најтрауматичен во однос на дневно однесување… се треска од земја за се и сешто, сака да се качува на што стигне а не е кадарна… станува 5ипол сабајле … ноќите се со цицање не бројам веќе … бројам само кога ќе се испоразбуди па мора да ја нишкам тоа се случува неколку пати во неделата сигурно и такааа :D и се жалам на другарка ми и ми вика што ти е ма на тебе каков скок, расте детето ќе проодува ај доста 8) хахаха и стварно којзнае која возбуда ја осеќа… кога се исправува е пренасмеана како да го освоила универзумот :rofl::l:
     
    На Anaroz1, Трагедијаупмм, SanelaS и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.496
    Допаѓања:
    8.642
    Пол:
    Женски
    Баш кажи трескањево од земја и обидиве да се качи секаде дали ќе поминат со скоков. Јас не верувам ама ај :D.
    Моево 6 месеци се фрла назачки ако нешто не му е по ќеф, се тегне од раце ќе ми испадне(не е во скок), ова вториве деца стварно чудесија се.
     
    На Anaroz1 и SanelaS им се допаѓа ова.
  5. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Женски
    Леле со тегнењевоо, одвај до додржувам, уште сега се мислам како бабиве и дедовциве ќе го додржат кога ќе почнам на работа:sweat:. Не е застанат секунда, само лази, поточно се влечи хаха и се поти, и нормално само оди кај што е најопасно и највалкано:rofl:
     
    На Трагедијаупмм и Cherry333 им се допаѓа ова.
  6. 1RedLipss

    1RedLipss Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Девојки кажете некоја идеа во врска со оброциве особено последниот оброк, некако баш немам идеа и имам чувство дека се вртиме во круг...
    9 месеци сме и јадеме парченца.
    Вечерата претежно ни е овошје со грчки јогурт, житарка или палачинка со банана подготвена такви некои работи.
    Баш се чувствувам блокирано со вечерата
     
  7. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    619
    Допаѓања:
    668
    Пол:
    Женски
    Јас вечера давам ова или слични комбинации: палента со спанаќ/урда и кисело млеко или грчки, овесна каша со овошје, просо со зеленчук + млечен производ (грчки/кисело/котиџ/урда), киноа со овошје или зеленчук, можеш гриз со овошје комбинација (мојата не сака баш гриз), тестенина со фета/сиренце, пире од компир + некој друг зеленчук, ориз со спанаќ и кисело млеко, лепче со авокадо, лепче попара со кисело млеко, проја со кисело млеко
     
    На Maria921, 1RedLipss и Baby warrior им се допаѓа ова.
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    6.668
    Пол:
    Женски
    Немам очекувања :D да е жива и здрава само триста на саат. Кога ќе прозбори и ќе прооди ми доаѓа крајот знам ја :whew: каква итрица е од прв ден ќе ме продаде кај и да е
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.828
    Допаѓања:
    3.807
    Пол:
    Женски
    Од искуство со првото тоа ти е карактер ,поминувањеее па не трескањето да кога ќе почне да разбира со многу многу зборување ,објаснување.
    А за калувањето јас често викам среќа немам лустери инаку и таму ќе се качи.
     
    На Baby warrior и Cherry333 им се допаѓа ова.
  10. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    6.626
    Херпесот е најзаразен ако баш во моментот и пукнал и избила таа течноста. Ако е засушен шансите да се зарази се помали. Моиве фатија на 2.5 години, инкубација беше 5 дена. Ако за некој ден ти качи температура носи на доктор можеби ќе треба да прими ацикловир за да не се искомплицира. Ама голема е веројатноста да нема ништо. Кај нас симптомите беа 5 дена температура, 3тиот ден се исфрлија во уста и одбиваа јадење. Едниот имаше огромни отечени лимфни жлезди (кои подоцна се воспалија и се направи инфекција на околното ткиво) на едниот му се појави блистер на устата на другиот само ми се направи како топче ама не искочи. Не сакам да те плашам само ти кажувам ние како поминавме за да следиш ситуација.
     
  11. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
    Трет ден денес. Нема ништо сега за сега фала богу. Се надевам нема да и искочи а и според ова што ми пиша ич не е наивно баш како што сум слушала и како што прочитав на нет.
    Дали после се појавуваа постојано при паднат имунитет или само тогаш?
    Се надевам ќе поминеме без да и се појави..
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  12. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.967
    Допаѓања:
    6.626
    На едниот да, првите неколку месеци нон стоп му се реактивираше и тоа не дека нешто и болен бил, па се смири и во една година само еднаш му излезе. На другиот ниеднаш. Не е воопшто наивно, ама не е ни животозагрозувачко како кај новороденчиња. Кај некои деца воошто и нема симптоми. Ќе бидете добро не се секирај.
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    4.587
    Пол:
    Женски
    Фала ти, нека биде добро само.
    8м е мојата и тоа ме теши дека не е многу мало бебе..
     
    На le.soleil му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jagoda777

    jagoda777 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.604
    Пол:
    Женски
    Е ради вкви работи забранив бацување на бебе. Ама не можам да се разберам со свекрва ми и х особи кои се налутија, као сум ги отргнувала од бебето. Во свекрва ми немам доверба ИЧ знам дека ќе го бацува, зошто и јас додека го држам успева да го баци а не да е кај неа во раце и не и го ни давам. :?:Сите имаат херпеси, мм, свекрва ми, брат на мм, децата .... да не коментирам за расипани заби, а и вируси кашлаат сите...И како да избегнам нервози освен да не го давам да го држат(само здрави) па нека се лутат колку сакаат |(
    Мм спиеше во друга соба со херпес на уста кога беше:x