Мојата на една годинка префрли на една дремка и тоа од саат ипол макс, ама навечер си спие по 11-12 саати. Првиот буден прозор околу 5ипол саати, вториот 6. Ама генерално сега не гледам буден прозор, туку дремката и почнува меѓу 12ипол-1. А станува меѓу 7-8. Вечера јаде накај 6ипол а во 7ипол си легнува, искрено што ќе ми дојде, грчки јогурт со овојше, палента, палачинки, леб со намаз... Цица само пред спиење (ама не заспива туку цица и после заспива со врткање) и сабајле кога ќе стане
Ние сме точно годинка, станува во 7, има две дремки од околу саатипол, првата околу 10 сабајле а втората околу 15.30. Навечер заспива во 9. Вечера околу 7, палента со кисело млеко/грчки, лепче со кисело млеко попара, мешавина зеленчук, овес со овошје, просо/киноа со зеленчук.. Цица само навечер и некогаш ретко насабајле кога ќе се разбуди.
Јас да се пофалам дека конечно преминавме на 2 дремки(ваљда) Колкууу е полесно, не успивам цело време. По колку саати дневен сон ви имаат бебињата околу 8м? Мојава спие прва дремка околу саат ипол два и втора саат. Навечер легнува во 8 и сабајле е станата околу 6 ипол-7ипол.
Моето сега наполни 8 месеци и се бориме со дремките… две дремки не му се доволни и преморен е, а со три дремки после навечер касно заспива. Првата дремка најчесто е најдолга 1 саат и пол до 2 часа, втората некогаш 40 мин, некогаш 1 саат и нешто. Ама за третата дремка многу касно му се приспива накај 16:30 и за спиење ако имам среќа во 21:00 заспива. Кога ви е последната дремка?
Првата е околу 10-10:30 до кај 12 да речам. После во 3 најкасно 3 ипол заспива по втор пат. Во 19:50 ја легнувам и до 20:00 е веќе заспана. Кога бевме на 3 дремки стануваше во 6 и нешто. Ја заспивав накај 9 и спиеше еден саат. После Накај 12 ипол 1 и спиеше до 2. После од 16:30 до 17:10 најкасно ја будев. Заспиваше околу 20:30 сигурно некогаш и подоцна не успевав да ја заспијам.
Да исто со три дремки вака сме, вчера си реков многу касно спие да го разбудам за да си легни порано.. најголемата грешка ја направив, не можев после да го смирам. Ќе пробам со две дремки како тебе многу полесно ќе биде
Ние вчера имавме 2 дремки долги, супер си беше. Ама денес ете пократко спие, 3 сигурно ќе има, ако спие пократко третава за 4та ни ваму ни таму. Кога сме дома цел ден си има ред, преку недела со обврски каша попара се прави. Многу грд овој преоден период. 7 сме..
Ај и тука да пишам. Малава ми е настината. Нема температура моментално а утре сме на рутинска контрола и вакцина прва доза ммр, мрп по нашки. Се јавив на педијатар ми рекоа ако нема температура не е проблем. Само ако е носот и грлото во ред е. Дали сепак да одложам или да ја однесам? Задолжителна ни е вакцината за градинка а од август почнуваме.
Па не е крај на свет да ја одложиш баш таа вакцина штом е настината. Ако и е тешко плус па и од ова да ти качи температура или некоја реакција колку и да е наивна сепак е болничка понатаму стави ја не е крај на свет зошто да ја мачиш
И јас сум на истата мисла, Мојава е со растечен нос (од градинка или вадење заби или двете хах) па не знам уште колку ќе и трае за да одиме на вакцина скроз здрави
Здраво мајки. За некој ден 10 месеци ќерче. Веќе две недели како премногу лошо спие навечер. Се буди како во бунило со плачење и тешко презаспива. Пред ова, ноќите супер ми ги спиеше со едно ретко две будење, па не се стресирав многу што дневните дремки и беа кратки и хаотични. Сега е обратно, дење знае и два часа дремка да одвали а навечер....катастрофа. Имате ли вакво искуство на оваа возраст? ДАЛИ поминува и се враќа на старо?
Моево има 10 и пол месеци и знае во последно (скоро секоја вечер) околу 1 да се разбуди, па плачи, па сака да спие, лази кај нас на кревет, се качува по мене, па така ќе заспие 2 секунди, па на колена седи се клати и така во круг па можеби два саати. Некогаш ме плаши наеднаш кога ќе се разбуди со плачење, си викам да не го боли нешто, ама пак си презаспива. Се будат ли вашите така со плач?
Мајки како се решавте да шетате со бебиња, пример еве вака споен викенд? Си рачунам сега ако одам дека треба се да спакувам од игрална, подлога, количка, алишта, ќебенце, шишиња за Ад, Ад, термос, блендер, некоја играчка... Ова поголемите работи... И ми е како да се селам, а за 3 дена само и некако се откажувам... си викам ќе седам дома барем имам ред некаков.