Количка,храна и облека, ти е доволно за три дена. Ако одите некаде да шетате, од подлоги и игрални немаш потреба. Со бебе секогаш си натоварен де. За на одмор па ехеее
Не ти треба ни подлога, ни игрална ни блендер за еден викенд. Земи си едно ќебенце за на земја на отворено да му постелеш и готово, некоја играчка 2-3 не мора сите да ги понесеш, ќе си најде бебуш играчка од нешто што нема ни да очекуваш. Убаво ќе ти дојде промена, ќе пуштиш душа од редот секој ден што го тераш и плус ќе имаш малку и време за себе да искулираш. Ние од многу мало бебе шетаме и продужени викенди и одмор летен и скијање и екскурзии неколку со авион до кај моите. Едноставно животот продолжува и мора да се адаптираме сите работи кои што ни прават задоволство како што е шетање да ги правиме и со бебе. Знае да е предизвик ама убаво ќе ти дојде па секој нареден пат ќе си поопуштена и самоуверена. Ако не јаде бебе парчиња земи готови кашички од маркет каде и да одиш секаде има не мора ни со себе да ги понесуваш.
Јас да се пофалам денес правиме 9 месеци и ни ѕирка запче конечно со јадењето се управивме којзнае што и беше дали заб,дали скок, важно помина
Девојки што мислите за распоредов, дали меѓу доручек и ручек да дадам млеко или можеби ужина (ужина не давам се уште, скоро 11 месеци е бебе, му давав млеко претходно помеѓу ама многу слабо јадеше ручек). Станува во 6:30/7 Поручек кон 8:30 му давам Ручек во 12:30 Млеко во 3:00 Вечера 6:00 Млеко во 8:00 пред спиење Се буди еднаш кон 3:30/4:00 и тогаш му давам млеко, па затоа кога станува сабајле не му давам
Меѓу доручекот и ручекот нема ништо 4саати? Кај мене вака е отрилика Станува во 6 Доручек 8:00 па прва дремка во 9 Станува цица 10:30 Околу 12ипол давам шмукалче или смоки Па втора дремка 3:00 ручек Околу 16:30-17 цица 18:30 вечера 19-19:30 спиење
Нема.. некогаш ќе се фати 9 додека да јади, ако има прво дремка, ама пак си викам да не е многу од 3 сабајле до скоро 9 без ништо..вака не ми изгледа дека бара, мирен е, ама ми е многу саати..
Не знам за колкаво бебе се работи ама баш од тоа влечкање се и премислување по 100 пати, првата година и ја пропуштивме да одиме на одмор. Голема грешка. Од кога веќе се опуштив и решив дека не е страшно 3 дена или 5 да јаде купечки каши или веќе поголемо и леб со јогурт или ѓеврек или не знам што, многу ми стана полесен животот. Алишта, памперси нели, количка. 2-3 нови играчки за повеќе внимание било книгички, било нешто звучно. Ад и шишиња, термос. Ни стерилизатори, ни чуда, не знам што користиш. 2 шишиња ти се таман. Ќе миеш и толку. Некако сами си правиме покомплицирано од што е.
Дали ги оставивте сами си сенат или претходно? Мојов има 5 меаеци и една недела во скут го држам во седечка положба ама кратко. Во количка ми е малку поисправено од 45 ама не е во баш седечка положба. Не знам дали да почнам да го седнувам и на под.
Јас по препорака на ортопед почнав во количка и хранилка да го оставам само со долните каиши врзани, тие кај рамениците не. И сам пробуваше да се исправа и така вежбаше. Откако почна така цврсто да седи, почнав да го оставам и на 90 степени и на под.
Zdravo 12 meseca sme od pred nekoj den i imame zatnato nose,proziren sekret i kiva ne mnogu chesto, temperatura 37 vaka e vesela jade Prv pat nastinuvame, shto davate vo vakvi sluchaevi?
Здраво мајки ние сме 1 годинка и некој ден, пред некој период забележав дека моето дете порано гугаше и кажуваше повеќе зборчиња додека сега не ги спомнува. Знае некогаш да се заигра и да каже нешто но тоа гугање бабаб, мамама, дадада го нема веќе. Инаку гледам дека од ден на ден ме разбира повеќе. Покажува со прст кон нешто, кажува со раче чао, бакнежи дава, се врти на нејзиното име, учи брзо еднаш да види веднаш повторува. Мислам дека си напредува со тоа добро, но никако не кажува нешто да испушти некој збор. На пр. И викам како кива мама апчихаа и и покажувам со глава, она се повторува но апчиха не кажува или да рече барем аа. Не знам дали треба да се грижам или ова е нормално?
Мислам дека нема место за паника. И поголемава, не се сеќавам точно кој период беше ама беше измеѓу година и година ипол, исто "зборчиња" што ги кажуваше престана да ги кажува. Како да заборави се што знаеше и кажуваше до тогаш. Тоа траеше некој период па се врати во нормала, како ништо да не било, па кога се разборе после еве ја 5 год ко празна воденица меле дење ноќе. Може да е во некој скок па да прави "upgrade" на наученото. Зборувај и почесто, читај и книги.. ќе биде се во ред
Ортопедот нас ова ни објасни дека е нормално да не се плашиме кога ќе гледаме дека нешто што правел веќе не го прави, мозочето им е преоптоварено со многу нови работи и тие работи што веќе ги знаел ги ,,трга,, на страна за новиве, не ги заборавил ама веќе има њу скил ...
Ама ова веќе се случува од јануари па наваму некој 4-5 месеци и ме загрижува ептен. Учи нови работи но тоа се гестикулации, глас не пушта никако.