Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    6.690
    Дали има проодено? Обично ова се случува кај дечиња кога учат нови вештини, примарно моторички. Ако е фокусирана на одење пример, или исправање или сл, нормално е да "зборењето" биде во заден план? дали воопшто нешто вокализира? не да повторува по вас, него нешто да си брбори за себе?
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  2. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    6.690
    Дали има проодено? Обично ова се случува кај дечиња кога учат нови вештини, примарно моторички. Ако е фокусирана на одење пример, или исправање или сл, нормално е да "зборењето" биде во заден план? дали воопшто нешто вокализира? не да повторува по вас, него нешто да си брбори за себе?
     
  3. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    216
    Да сега се учи да оди, мислам дека малце и треба за да се пушти и сама да оди, сега за едно раче се држиме и одиме. Инаку да откако почна да се исправа од јануари некаде и заби да ја мачат, зборувањето се намали а инаку си брбори нешто но тоа ретко, а да повтори нешто кога ќе и речам тоа не се случува. Она ме гледа во уста како мрдам ули пак со раце ако правам нешто. Мислам дека така учи. Инаку е онака итра, брзо учи и после тоа го повторува.
     
  4. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    6.690
    Ич нема за што да се секираш. Гестовите ка оваа возраст се многу побитни од бројот на зборови што ги има. На тоа поле е супер, кога ќе совлада одење ќе се изненадиш кога преку ноќ ќе почне да дрдори
     
    На Batterfly93 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  5. Batterfly93

    Batterfly93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    216
    Дај боже да биде така.
     
  6. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Здраво женски. Ретко пишувам овде во последно зошто се трудам се поретко да се водам по некои правила и прописи а да уживам повеќе во краткава прилика додека ми е детето бебе. Но минатата недела му беше на мм роденден и беа 3 другарки и 2 братучетки со коишто децата ни се сите во рок од еден месец родени. И си збориме за што како прават и се спомна тема муабет прозборување. Инаку моето бебе е 10м. А исто и другиве 5 бебиња се толкави. И моето бебе кажува до сега нана, мама, баба, папа, баби. Сите овие работи мислам ги кажува без значење и секако некое бебешко брбљање. Прави браво и чао но не ги поврзува со одредена акција туку рандом почнува да плеска со рачињата. Кога сме излезени знае да мафне кон некој со кој што ќе се сретнеме па да речеме дека чао има направено со контекст но дома јас му кажувам Чао Бебе и не ми прави чао. Сам се покрива со ќебенце да прави пикабу, значи има некаква социјална интеракција. Но тоа што ме загрижи беше што другиве мајки спомнаа дека сите покажуваат со прсте кон мама, млеко, слика, саат. Гугале одредени слогови кога се гладни, пример ам ам, кажувале баи баи за чао. Јас искрено некако се збунив зошто мислев дека е рано на 10 месеци за сите тие работи. И малце ми ставија сомнеж дали можеби сум прелабава и нешто испуштам во развојот на моето дете? Инаку да напоменам моторички е па одличен, се исправи уште на 7 месеци самостојно од 9 пушта по некое чекорче иако не го рачунам за проодено зошто е сеуште нестабилен но мислам дека за брзо би проодел, зошто оди ако се држи за мене со една рака, стои сам без да се држи ама уште се плаши скроз сам да се пушти. Нејсе, цело време си очекувам дека со говор ќе забави зошто моторика е одличен ама ете ова ми направи сомнеж да не пропуштам нешто. Фала ви за советите унапред.
     
  7. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.596
    Допаѓања:
    8.826
    Пол:
    Женски
    Значи тие бебиња зборуваат на 10 месеци. Повторување на слог со значење или ономатопеја со значење е збор на почетокот. Искрено малку чудно толку мали тоа, или пак ако се девојчиња евентуално. Машките се поспори за зборување, не секогаш ама во глобала да. Јас мислам да не го споредуваш детето со други, знам дека е полесно да се каже отколку да се направи, ама се во свое време ќе биде. Според мене премногу ти е рано за да се грижиш за било што сега, си прави и твоето бебе работи според мене соодветни. А мајкиве знаат и да си преувеличуваат кога си ги фалат децата, 5 бебиња на 10 месеци дека зборат веќе чисто се сомневам..
     
    На КаринаТ и MariaBouli им се допаѓа ова.
  8. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Да и мене ми беше чудно. Ама па дека сите рекоа истото а и тука што сум читала искуства до многу подоцна многу детулиња немале прв збор па се океј. Но сепак сакав да прашам да не си речам преувеличуваат и да испуштам нешто. Слоговите ака зборовите и не ме загрижуваат зошто имам читано колку толку и знам дека дури до 18м се толерира да нема ниту еден збор, повеќе ме загрижува што ете не покажува кон прсте за нешто, браво и чао не ги прави кога ќе му кажам туку рандом. Дали ова е нормално однесување за возраста?
     
  9. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    6.872
    Пол:
    Женски
    Еј ич не тргај по патот зошто моето не е како на другарка ми :D да не ти раскажувам ја какви другарки имам со какви деца еееее и машината за садови ја отвараат на 11месеци и редат садови. Ај доста, уживај и гушкај бебе … уште некој месец ни се бебиња па после се префрламе во тема дете :(
     
    На beachedd, MariaBouli, КаринаТ и 3 други им се допаѓа ова.
  10. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Ама верувај ми ич не иде ова од фрустрација зошто не е моето дете ко нивното. Мене моето дете ми е најпосебно исто како на секоја мајка нејзиното. Повеќе ми е од страв да не испуштам нешто бидејќи навистина последниве месеци ич не читам за мајлстоунс, грубо од порано што ги читав знам кога како што. И баш имав во глава дека браво и чао до 12 месеци е мајлстоун а он како движење го прави, покажување со прсте нешто околу 15-16 месеци ми е во глава и скроз ме збуни дека на 10 месеци сите покажуваат со прсте си викам некаде да не грешам и да не треба да алармирам.
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    6.872
    Пол:
    Женски
    Мојата е 10ипол, брави браво не знае чао :lol: денес и викам ај мама да науиме колку годинки ќе правиш наредниот месец и и покажувам со прстот 1годинка и она оддеднаш ме погледнува длабоко и го исправува прстето како мене / 1дна годинка да покаже ја во несвест ќе паднев :D ама па на моја другарка е 10 месеци она вика тато, кога ќе дојде од работа и ќе го види, мојата уште не знае тато, само се радува и прета со раце низе кога ќе го види. На друга другарка малата и викам воа воа за вода :D мојата не знае такви работи јас и нудам. Се си е ок не бери гајле
     
  12. LaTama

    LaTama Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2019
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    856
    Пол:
    Женски
    Мојата е 10ипол месеци прави браво, незнае чао. Не покажува ништо со прст ама крева раце високо кога ќе ја прашаш колкава ќе пораснеш ( тоа последните 2 дена). Кога ќе виде храна вика нјами нјами или нам нам и некогаш кога ќе го види татко и од работа вика тата а некогаш само прета со раце и нозе и цика :)
    Исто слоговите што ги викаше како баба, деде, дете, тете овие денови помалку ги користи ама мислам дека е пофокусирана на моторика зошто почна да се исправа и да патка. Не се грижи секое дете си е индивидуа само за себе и се развива различно па така и нашите
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    6.872
    Пол:
    Женски
    Да дете дете и мојата викаше оваа недела не сум ја слушнала :D и мојава е во фокус да прооди се дига не се и сешто пушта чекорчиња и бестрашна е.. мн е интересно како не знаат што е стравот и храбро одат кон целта :D
     
    На LaTama и Надеж♥️ им се допаѓа ова.
  14. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Не споредувај со другите секое дете си е различно.Еве ние дека сме предвремено родени корегирано сме 11месеци, а како сме родени 14месеци.Збори мама,тато ,дедо,даде ,баба и дете.Знае кој е баба кој е дедо разликува.Најмногу се радува на тетките ама ретко вика тете некад вика ееете понекогаш.Браво и чао ако е расположен ,ако го фати инает ќе те искара ако го напнуваш да ти направи.Од 8 месец се крева ама нестабилен ко пијаница и цело време само тоа и падни стани беше.Сега веќе е стабилен не се пуштил сам со една рака да го паткаш сака цело време во другата рака да држи играчка. Со татко му е маза дека не го кара ептен на глава ако му се качи.Ама со мене секој ден караме,па господинот и се кара.Инаку пред еден месец почна да седнува сам доле и да биде стабилен.Така да се во свое време.Ние дека одиме редовно на дефектолог за следење на раст и развој дека е предвремено роден и мора да се следи самата док вика најважно е да те прати со погледот.
     
  15. le.soleil

    le.soleil Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    6.690
    Според студии на 10м само 10% од децата покажуваат со прсте. Тој процент се искачува на 50% на 12м. За доцнење се смета ако не покажува до 18м и тогаш веќе можеби е знак за загриженост (ама и не мора)
    Браво не е комуникативен гест, чао едно чудо деца не прават нит па е некој посебно битен мајлстон. Добро е што не си се замарала, не ни треба толку опсесивно следење. А па уште помалку споредби со други деца. Некои се понапредни, што не значи дека другите доцнат. До школска возраст горе доле сите се изедначуваат во вештини, освен нели на екстремите.
     
    На dummy, LaTama и EnaEnA30 им се допаѓа ова.
  16. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    По препорака на ортопед го оставав седнат на перници под агол 45, исто и во количка само долни каиши врзани. Сам почна да се тегне и да се исправа на 90. Исто од легната положба му подавав раце се фаќаше и сам да се потегне и исправи во положба на седење. Нас седењето и исправањето на нозе ни се единствени работи направени во период кога треба, инаку сме мрзливи. Не лази, уште не знае од легната положба да седне, баблинг уште нема само вика ооо, уу, ауу и ме нервира оти не почнува, а љубопитен е се го интересира и разбира кога го прашуваш нешто да сврти глава да го најде каде стои, да погледне, да пружи рака што сака да му подадеме
     
  17. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Тоа што ме знаат што е страв мислам дека е најголем страв за мене. Пред некој ден ја добивме првата џумка на главата. Си седеше на земја ние замуабетени додека така почна да вришти. Сакал да се исправи да застане на табуретката, дека исправање и чекорење е најинтересното нешто во моментор, се лизна на паркетот и со главата во столот. До него седевмее за секунда се случи се. На страницата на петоседот се исправа, рипаа ако не си до него сигурно ќе тресне со главата на земја оти мисли декс може да оди а он уствари се фрла. Секој ден ми предизвикува мини срцев удар. Си викам што ќе биде кога ќе прооди
     
    На fragaria, jagoda777 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  18. EnaEnA30

    EnaEnA30 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2020
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Мене педијатар често ми ги спомнувал браво и чао, како и да пукне дека од 9-12 месеци се очекува да прават. Тоа се смета како дел од социјална интеракција и почеток на комуникација. Така ми ги објаснува. И баш последниот преглед ми рече дека е ок што ги прави без некој концепт, ќе пројде време ќе научи во какви моменти да ги прави. Нели говорот е всушност имитација на звуци и зборови од околината.

    Инаку ич не правам споредби, ниту мислам дека моето дете “доцни” ниту дека нивните се понапредни. Секое дете има некоја “дарба” и нешто за кое повеќе го бива и во тој домен е “понапредно”. Така гледам на работите. Исто како што за пилот се потребни неколку квалитети на куп, но тоа не значи дека пилотите се најпаметните на светот и дека сите што ги немаат тие квалитети се глупи. Туку склоп на некоја дарба и интереси. Така гледам и за децата. Но, ете момент на слабост да сите кажат дека прават одредени работи и да ми стави сомнеж дали можеби испуштам нешто. Особено што се работи за сите машки бебиња што нели сите велат дека доцнат со говор вообичаено а се подобри моторика. Јас тоа си го имав на ум и си велев океј моторика е супер, има социјална интеракција, ај контакт, играме игри, говорот веројатно ќе си дојде со тек на време. И сега ми направија една кочница од типот чекај да не си премногу опуштена и не работиш доволно, можеби не е само туку така итн, веројатно сите сте се осетиле во даден момент така особено со прво дете.

    Фала на совет и на појаснување во секој случај, ми олесна да си се вратам назад на тоа дека се е океј и дека си оди тој во свое темпо и нема простор за грижа.

    Инаку јас и дополнително дека сум сама со него цело време, мм патува постојано и во месецот е дома само 3-4 дена и уште 3-4 по 2-3 саати педијатарот нон стоп ми го напоменува тоа да го имам на ум дека говорот е имитација а дете што е само со еден родител има многу поголема шанса да задоцни зошто не можам да надоместам комуникација за уште еден човек а камоли пак да споредиме кога би живееле во заедница. И исто и тоа си го имам на ум иако нели не мора да значи дека ќе доцни со говор заради ова, но има некоја причина легитимна за истото.
     
    На fragaria, Baby warrior, le.soleil и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Надеж♥️

    Надеж♥️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2024
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Знам дека муабетот е дека деца не треба да се споредуваат, и вистина се трудам да не си го споредувам детево со други деца ама некогаш многу тешко оди. Кажувам цело време дека лазење прескокнавме за тоа сум помирена многу деца не лазат и не се ни замарам. Се исправа на нозе сам само да има за што да се дофати, по креветот се движи кога се држи со двете раце ама не е стабилен да пушти една рака за со една само да се држи. Мислам он пробува ама мисли дека може и двете раце да ги пушти и да тргне така па паѓа. Јас моментално најмногу се нервирам за баблингот. Знам дека е milestone што се усовршува меѓу 6 и 9 месеци ама освен согласки моево дете не знае ништо друго. Само ооо, ууу, ааа и ау или оу вика. Кога прашуваш каде е некој во просторијата се врти го бара со поглед и се смее. Каде е кучето го бара го гледа и рипа од среќа, дубакот, столот, масата, хранилката знае што значи скоро се и кога ќе го прашаш се врти со поглед да најде. Кога стои му викаш ајде сега чуч и си седнува па пак те бара да се исправи. Ама бабаба, дадада, татата ништо не вика и ме фаќа нервоза. На другарка синот е 3 недели постар од мојот и веќе си вика бабаба, дадада си зборува и си зборуваше кога беше исто со моето. И не можам некогаш а да не си споредувам и да си правам бедови во главата.

    Друго да си се пожалам дека од настинки и вируси глава не можеме да кренеме. Од нова година наваму се нешто не фаќа. До вчера лечевме бактерија со антибиотик за во неделата да качи температура и сега да се бориме и со вирус. Дополнително сум вратена на работа немав опција да седам уште дома, а овие 3-4 месеци до септеври ќе ротираме со баби за чување дека сакам тогаш во градинка да го пуштам.
    Чувајте си децата мајки иако знам дека не може да се дочуваат од се оти страшно е уште со вируси и во мај месец
     
    На fragaria и Baby warrior им се допаѓа ова.
  20. Klarisaa

    Klarisaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Од која возраст почнавте да ги возите во големо седиште за кола,и во која положба ставено?
    Јас го имам ова седиште.
    Ова е од 9-36 кг.
    Моето дете има скоро 8 кг.
    61pH2W5vqFL._AC_UF894,1000_QL80_.jpg