Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем го имаше мојот, педијатар не упати да испитаме витамин Д и испадна дека му е на долна граница. Исто се потеше само во спиење, позади на главата.
     
    На fragaria, Guns N` Roses и dummy им се допаѓа ова.
  2. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.963
    Пол:
    Женски
    Мајки кога почнале вашите бебиња од лежечка положба да седнуваат?
     
  3. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.216
    Пол:
    Женски
    Прима Д редовно не сме прекинале, баш деновиве почна да се случува кога почнаа драмите со забите затоа си ги поврзав. Ќе си прашам педијатар фала ти
     
    На Tulip023 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.216
    Пол:
    Женски
    Околу 9.5м мислам беше, баш пред да почне убаво да лази. Ама не е седнувањето од лежечка туку од лазечка (на 4) позиција
     
  5. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.963
    Пол:
    Женски
    Мојава уште не сака на сите 4 да се крене.Си ползи војнички сеуште. Од стомак се качува по мене и ако и дадам раце се крева, на друго ништо не е сигурна единствено кај мене..
     
  6. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.216
    Пол:
    Женски
    Ќе се крене не и се секирај. И твојата е мислам буцка нели? Кај буцкасти бебиња ми рекоа е нормално поспоро да одат овие моторичкиве вештини бидејќи едноставно тежината им е голема и тешко им оди
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.963
    Пол:
    Женски
    Не е буцка. Долга и слаба е .Со сензорни и социјални вештини е супер, фина моторика исто. Мислам дека малку повеќе е фокусирана на баблинг, знае браво да покаже,таши танана, имитира кога кашлам демек, мм ја научи да се криви(facepalm), имитира чудење. 9м е за недела дена и се нервирам што ич не се крева.
    Вака е мн брза иде низ соби ама никако да се крене скроз, а со тоа ни да седне..
     
  8. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.216
    Пол:
    Женски
    Ама ете со други работи е понапредна, сосема нормален развој е во нешто понапредна а во друго да заостане малце. Секако има и уште време за лазење и седнување, не е дека касни ни со тоа. Мојава ти викам таму негде 9.5м или можда скоро 10 имаше кога почна убаво да лази, пред тоа само се влечеше војнички ама брза беше во тоа и не се мачеше. Само што почна да лази, веднаш почна и да се исправа. Секое бебе си има свој тек на развојот на вештините. Еве ќерка ми пример не ни сакаше да имитира до скоро, сега со полни 13м некогаш знае да и текне ама повеќе сака да се закачка а не конкретно да имитира.
     
    На КаринаТ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    9.148
    Пол:
    Женски
    Син ми околу 9 месеци, прво пролази па седна, меѓу 8 ипол и 9 се направи. Еве малово уште малку 8, не седи ни тоа, мислам не е стабилно иако сам секако не е способен уште да седне, ама има некои цврсти седат кога ќе ги наместиш. Моиве не.
     
  10. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    2.594
    Допаѓања:
    5.105
    Пол:
    Женски
    Пред 1 недела почна, на полни 8 месеци, а од вчера станува сам, се исправа фатен за мебел. |( Ни почна забавата. :D:D
     
    На Cherry333 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    7.217
    Пол:
    Женски
    Почна да лази војнички на 7ипол, стануваше се подобра и подобра од ден во ден, седеше и лазеше на коленца веќе на 9, на 10 се дигна и за две недели почна оди по кревети со држење. 11 е сега ептен е сигурна и цврста последниве 2недели ама не се пушта од објект до објект туку со држење си движи. Сакам да кажам штом седне и почне на коленца да лази после мн брзо и се дигнуваат и проодуваат. Ја чекам секој ден да почне да пушти сама чекорче :$ ох како ни пораснаа бебињата - и мојата е под нормала во тежина, вака не е слаба ама не е ни буцка … таман ми е што знам и екстра подвижна е.
     
  12. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Моево има 11 месеци и уште сам не седи, веќе почнав сама да го седнувам. Иначе лази, стои на колена, се исправува на се што ќе се дофати, ама никако не сака да седни. А ми е страв сега со исправувањево бидејќи не седнува, директно на глава паѓа кога губи рамнотежа
     
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    18.521
    Пол:
    Женски
    Хмм ме замисли сега и мојата премногу се поти во главата, се чудам зошто се поти, има и долга косичка, ама не само навачер додека спие и дремки кога тера преку ден се поти, жива вода е во главата.

    Исто како што опиша е и мојата, баблинг на најјако, се разбира, со поглед се прати што се случува, имитира, браво прави, брзо учи тоа што ќе го види, памти, ама за лазење абер нема, ни војнички не лази, само со тркалање, влечење стасува до таму кај што сака, некогаш ја мрзи да се врати од меше на грб и плаче за да ја земам во раце, тоа што последниов период повеќе време е држена во раце а не на подлога си има влијание. Од лежечка положба може да седне, се исправа странично, се потпира со рачињата и седнува, не секогаш, некогаш не може да се задржи и место да седне се превртува на меше. Се исправа на нозе само кога ќе ја фатам за рачињата од лежечка положба и сама се креве не чучнува туку директно на нозе сака да се исправува.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Женски
    Кај мојот, откако педијатарот малку ја зголеми дозата на вит Д, за некои 2-3 недели се среди потењето. Пак знае да се испоти, дека ептен е склет и ич не трпи топло, ама тоа е поретко и во ситуации кога е стварно потопло, за разлика од претходно кога беше постојано, секоја вечер.
     
    На fragaria и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  15. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Женски
    Мојот на 8 почна да седнува од лежечка, а на 7ипол некаде од позиција на лазење. Релативно рано почна и да лази и да се исправа, ама на сметка на тоа каснеше со баблингот, а и уште не прави дел од работите кои ги наброја што ги прави твојата како браво, имитирање и сл.
    Така што веројатно сите си се сконцентрирани на различни работи, и на сметка на тоа некои други не им се "приоритетни" да ги научат/покажат.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  16. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.556
    Допаѓања:
    2.216
    Пол:
    Женски
    Кај нас само тие 3 вечери по ред се деси еве овие 2 не беше ич испотена така да сепак ваљда нешто со вадењево заби ќе е. Плус и некој вирус закачила пак од градинка така да и тоа
     
    На Tulip023 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    225
    Ме интересира дали некоја користела Мундисал гел за болка при вадење заби? Дали да ставам навечер пред спиење
     
  18. fragaria

    fragaria Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Ме замисливте со потењето
    И моето еве секоја вечер го преслекувам оти е испотено и тоа само во вратчето позади од главчето иначе нема косичка мислам има но кратко бебешко нежно
    Мислев можеби од вреќичка дека е
    Еве некое време е голо во ножињата така само со горно боди со ракавчиња и директно во вреќичка за да не му е топло
    Ама пак е испотено
    Баш ќе прашам за д вит
     
  19. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.242
    Допаѓања:
    7.489
    од пред две недели почна мојата сама да седнува, значи на 8 ипол, а се исправа од 7 ипол, сега веќе оди по мебел, многу ми беше чудно пошо прво стоеше, а никако немаше абер да седне, ама кај нив тоа така преку ноќ се менува, стана едно сабајле и почна да седи :D
     
    На КаринаТ и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  20. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    225
    Како ја поминавте регресијата на 8 месеци?? И колку време трае... кај нас некако предолго