Последниве два дена почна активно да седнува од лежечка позиција и да пробува да се исправува држејќи се за креветчето, а од седечка позиција почна да се мести за лазење, изгледа има надеж дека ќе пролази само што направивме 9 месеци.
Каков скок, регресија или што и да има на 11 месеци. Не сака во количка, не сака да се вози, се буди ноќе 300 пати. Само сака да стои до креветот, до маса или слично. Од ден на ден се е по хаос. А имам триста важни настани, лет од 5 саати се покајав што резервирав...искрено.
Mamicki sto da se pravi pred 1 nedela napolni maliot 1 godinka preku den spie 2 pati navecer go legnuvam kaj 10 casot kako i dosega prespiva do kaj 12 i nikako nesaka da zaspie do 3/4 sabajle…
Еј ќути стоењето и е едина занимација за да завршам нешто потпрена на кујна или на гарнитура ноќите не ви ги раскажувам зошто не треба да ги плашам мајкиве со помали бебиња што иде хаос во најмала рака… еве само ќе кажам дека ноќеска ја нишкав од 2 до 2ипол ја легнав поспа 20мин после пак и до сабајлето броев се будеше уште 4пати со вртење и со лазење и со плачење и се тоа… во 6:20 се разбуди и почна со глупостите дневни возење во кола е мисловна именка… за една недела од сега треба да се симнам накај грчка сама без маж ми .. ако преѓивеам ќе јавам
Да По препорака на ортопед солдевит д3 3 дози На комбинација сме доење и ад Додуша последните две недели повеќе и оброци веќе почнав 3 оброци Ама пак ми кажаа 2-3 пати шприцање е доза од солдевит на ден
Колку ИЕ или микрограми вит Д даваш заедно со АД, јас кога ќе пресметам заедно иде околу 750-800ИЕ (АД + бебитол).
Давам и јас. До пред еден месец давав 2 капки на пливит плус бејбитол една капсула, сега само бејбитол.
Не сум пресметала од млекото А една доза едно шприцање е 400 ие Значи по препорака на ортопед е тоа 1200 ие
Дали при обилен секрет и затнато носе сте ставале кромид до креветче и се случувало бебето после да ви повраќа шлајм почесто ? Или преку измет да го вади исто почесто? Прскам марисол и влечам мрсули со Носко, од скоро ставив и кромид. Гледам слузави ствари во пелената често, а вечерва дури и поврати слузаво мрсулаво како да кажам. Може ли од кромидот да се разводнил секретот? Почна и да поткашлува исто така
Штом е мрсулаво, не е разводнето. Ќе помине само од себе за неколку дена. Кај ќерка ми кромид немаше никаков ефект. Еднаш и ставив и никогаш повеќе.
Сте правеле инхалации само со физиолошки за вакви симптоми? Дури чекам одговор од педијатар... вчера ја наслуша но немаше ништо на плуќа. Ме плаши ова малку што почна да кашла.
Не. Без инхалации, само солено спрејче за нос, и тоа повремено, пр. еднаш на ден. Помина само од себе. Сега и со бебево имав таква ситуација, за 2 недели му помина. Но, ти секако консултирај се со педијатар. Брзо да поминува.
Мене ме советуваа и тука на фемина и пријатели да не правам инхалации на своја рака дури ни со физиолошки раствор оти не дај боже да не е бактерија па да спушти Консултирајте се со педијатар Но секако како мислиш така
Како ги сликате за месеци мене од 8 мене навака (11) не ми е сликана бидејќи не ме остава или ги фаќа ознаките или по мене се тегне ,ги вади пуфките...
Хахахаха исттоооооо, на 11 месеци ми е сликана како стои на креветчето ххахаха нема шанса да ја наместам, ознаката за месецот јас ја држам во рака хахахха
Хахахах....исто како @Baby warrior јас ја држам ознаката во рака, а мм позади мене стои и го анимира нешто за да не ми избега
Дали бебињата секогаш ви се вртат кога ќе ги викнете по име? Мојава некогаш се врти некогаш мува не ја лази. Секакви видеа ми искачаат и анксиозноста на најјако ми е