Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    7.216
    Пол:
    Женски
    Боди не носи мојата само долги ракавчиња боди е денес и хеланки. Минатата недела на кратки беше, доле хеланки. И кај нас е мн топло
     
  2. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.947
    Допаѓања:
    4.051
    Пол:
    Женски
    Скопје сте исто нели ?
    Јас сум многу зиморлива и уште носам долна маичка ама децава посебно малово многу се поти еве сеа па почна и да кашла |( дали и се вратило испотено па затоа не знам (facepalm)
     
  3. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    7.216
    Пол:
    Женски
    Да да Скопје, јас сум склет и ќерка ми , маж ми сабајлево се шета по дома со џемпер со крагња :?:
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.947
    Допаѓања:
    4.051
    Пол:
    Женски
    Ме изнасмеа хахаха
    Кај нас за спиење најмногу се осеќа ,јас мора да сум покриена.
    Моментално мм спие по боксерици и маица со ќебе само околу кичма.
    Големата ќерка зиме лете е откриена, малово со тетра покриено се открива. Јас уште целосно покриена со зимско ќебе сум (facepalm)

    @Peperutce6 нишо ко така ќе пробам и јас без боди денес. Мене ми беше да не е рано ама вака мислам полошо е цело време испотена.
     
    На fragaria му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    9.147
    Пол:
    Женски
    Јас со јорган се виткам до под врат уште. Чорапи термо иначе до мај за дома користам (facepalm). Ама деновиве топло е стварно, дури само по маичка спиев синоќа и без чорапи. Бебе кога е потопло му облакам боди по прерамки и блуза по кратки, или боди на долги само. Ама гледам како е денот. А навечер знае да ми се припоти, бос исто спие, поголемиот го тунтав со чорапи како мене ама решив ова да не го малтретирам :angel:.
     
    На fragaria, Peperutce6 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  6. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.963
    Пол:
    Женски
    Можно е да прескокне лазење на сите 4?Уште ползи војнички а 9м е, ама ја гледам сака да се крева, најмногу доверба има во мене и на мене се пентари како мајмунче.
    Туку, сакав да кажам. Штооо е со деветиов месец. Само што влезе и.. хаос.
    Не сака долу, не сака во раце, не сака да стои, ништо живо не ја интересира, сака само надвор а тоа е неизводливо да дремеме цело време надвор.
    Станува навечер и прави браво, гуга, вика:(:(:( Почнува да учи да седне, ама како на меко да и е полесно, плус мислам дека е многу плашлива и претплазлива, си трепка со очињата кога очекува дека ќе се удри8)
    И заб уште немаме;(;(;(:emo:
     
    На angelce23, fragaria, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.947
    Допаѓања:
    4.051
    Пол:
    Женски
    Да може ,големата не лазеше. Кога почна да седи ја кочеше кичмата за да стои на 9.5 м имам видеа кај што ја фака вртелешката од креветче. Ми стануваше ноќе и ја фаќаше па ја извадив :rofl:
    Тоа е кога сакаат да направат нешто а не можат па се лути на сите :D
     
    На Peperutce6 и fragaria им се допаѓа ова.
  8. Niliya07

    Niliya07 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    И моето 9 месеци е сега, исто само војнички лази. Само кога ќе застане во место на сите четири е и си се нишка напред-назад. Денес прв пат си седна само на тепихот. Мене ми е чудно дека ич не се превртува од меше на грб. Кога ќе го легнам на грб одма борбата почнува за истантно на меше да се сврти и се бориме за пелена да се смени :sweat:
    Ме уплаши сега дека конечно од бебе што сакаше само во раце и никако поинаку од 8ми месец навака скроз друго е, само си седи и си игра по цели денови, само ти да си во близина и да те гледа. Конечно одморив раце и грб :)
    А за навечер станува си брбори, одма почнува да лази, некогаш во сон писка и се буди вознемирено.
    Твоето почна да вика мама, баба? Моето уште ништо…
     
    На Peperutce6, fragaria и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    18.519
    Пол:
    Женски
    Леле пак ќе те цитирам, ама исто и моево бебе, една недела мислам се разлика. Не сака да лази, а ќе стигне до таму кај што сака со вртење, влечење, газето го крева ама предниот дел не, преку мене ако сака да земе нешто се префла, ама да лази не и не, седнува сама и странично се мести како за лазење ама не одма го пушта и мешето доле. Ние со спиењето сме ужасс, дневните дремки по 15 мин, навечер спие ама додека се успие убаво во сон плаче, ќе ја гушнам, ставам цуце и продолжува. Запче немаме сеуште.
     
    На Peperutce6 и fragaria им се допаѓа ова.
  10. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    18.519
    Пол:
    Женски
    Така штом се крева и нишка можно е да почне скоро да лази. Мојава цело цреме си кажува нешто, дрдорка е тата, баба, деде, на,на,на кажува ама не знам искрено дали е со значење, утрово мм кога влезе во соба, не спие со нас и вика та, та, та, го земам моб да звонам на мајка ми и само што и го слушна гласот вика баа, ама не сум сигурна баш дека го кажува со значење или така се погодува, мама само еднаш до сега има кажано и тоа пред неколку месеци и толку никако да кажува мама.
     
    На fragaria, Niliya07 и Tulip023 им се допаѓа ова.
  11. Tulip023

    Tulip023 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2025
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Женски
    Мојот кажува мамама само кога нешто не му е погодено или кога му треба нешто :D а татата исклучиво кога е весел.
    Штом се нишка напред-назад, ќе пролази и на сите 4 за брзо, мојот така вежбаше 1-2 недели, и после се пушти на сите 4.
     
    На Anaroz1, fragaria, Niliya07 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Niliya07

    Niliya07 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2026
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Женски
    Моето ниту еднаш ни мама на тата ништо.. само бу знае да вика или агу. Си викам можеби дека цело време е само со мене и пробувам му правам муабет ама не е исто кога ќе сме со маж ми и да не слуша нас двајца. Малце ме загрижува ама изгледа секое бебенце различно си е
     
  13. fragaria

    fragaria Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    856
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Сега ме замисли и мене
    Ама мислам дека постепено од сега ако почнат дека ќе се навикнат
    Само некако мене ми е страв и не сум почнала порано со парченца оти нема забче ама сега сепак почнав оти веќе па и поминува времето
    А иначе да се надоврзам за лазење
    Моето сега има неколку дена кај што почна полека да лази и да се исправа баш на крајот од 8 ми месец
    И можеби затоа почна да се буди по сто пати во текот на вечерта

    А за облека му ставам долно боди на прерамки и тенко со долги ракави врз него целосни шпикозни и босо
    И кога и да го видат на Вибер бабите обавезно
    Леле пак босо го држиш (facepalm):rofl:
    А за навечер во вреќичка голо во ноџињата со тенко боди на долги
     
    На Black-Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.963
    Пол:
    Женски
    Ние изгледа истото бебе го имаме :D:D
    И многу се слатки вака без заб амаа па сакам да ја видам каква ќе биде со заб:inlove::inlove:
    Мојава вика баба, дада ама ич не знам дали е со значење. На почетокот викаше мама ама има месец дена како не кажа изгледа веќе не ме сака :D:D
    Нема потреба да се грижиш.
    Јас ти кажувам ама јас сум најголем паничар. Баш пред некој ден прашував дали цело време тррба да ти се сврти бебето кога го викаш. Јас и здосадив почна да не ме рецка :D
     
    На Niliya07 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  15. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    225
    Како ги облакате за спиење ? Јас мојава боди на прерамки и целосни шпикозни на долги.. ама сеа вечерва де испоти нешто ептен и и облеков само боди на крстки и пижамчиња доле без чорапи без ништо
     
    На Guns N` Roses му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    18.519
    Пол:
    Женски
    Боди на прерамки и шпикозни на долги.
     
  17. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    3.242
    Допаѓања:
    7.489
    боди на прерамки и тенки шпикозни горе, боса е цело време и дење и ноќе.
     
  18. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.230
    Допаѓања:
    1.096
    ние за некој ден 10 месеци, сега тек почнува да се превртува на меше да прави еден два чекори лазејќи и седнува сама, сака да се исправа и да стои, запчиња имам 2 но интезивно пика се живо и диво и се чеша мислам горно некое ќе испаќа, дневни дремки од 4 преминавме на 2-3 максимум си зборува по нејзино ни мама ни тата ни бутур. Се учиме за чао, браво, бам па ќе видиме а знае ќе заборавев тоц да прави со главата:D, вашите на колку почнаа да викаат мама,тата и други гестикулации ги повторувам нз по колку пати во денот....
     
  19. angelce23

    angelce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    225
    На бебе железото и е ниско нпошо ништо не сака да јаде ни жолчка ни спанаќ ни месо... морам да форсирам повеќе храна богата со железо
    Некоја што била со истиот проблем, некои идеи да ми предложи за оброци богати со железо
     
  20. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Џигерот исто има железо, малце специфичен вкус има, јас пред некое време му дадов, го сакаше. Убаво го сварив и после го гмечев со вилушка и лажичка, додадов и малку од водата кај што се вареше да се соедини. Само се дава по малку, лажичка/две еднаш неделно, дека има голема количина витамин А.
    Отпосле прочитав убаво дека не сака месо, може веќе и џигер си пробала. Може нема да ти е ич од помош мислењево...