Леќата и црвениот грав се исто богати со железо. Она што е исто важно е кога служите храна со железо да понудите и друго во комбинација што е богато со витамин Ц за подобра апсорпција на железото, на пример во леќата да ставите и пиперка, или спанаќот да го направите со лимон.
точно, да се надоврзам само, кај нас е навика да се јаде спанаќот со јогурт, кисело итн, а млечните попречуваат да се апсорбира железото.
Пред да почне да јаде кашичка, пробај да му дадеш во раче пр. стапче од варен морков, макарона, парче јајце од омлет, варено јаболче.....сам да го земе и да го стави во уста.
Добра вечер мамички, има ли будни За оние што се 11 месеци, може ли да ми кажете распоред на дремките и последен буден прозор колку ви е? Кај нас нешто се изремети редот, причина непозната еве заспавме дури во 22:30 а претходно во 20 веќе беше заспан. Сега или се нишкаме час ипол за да заспие после 21 часот едваааај или сам да заспие околу 22 часот. Последната дремка е од 15:30 трае околу еден час Има ли некој што на 11 месеци преминал на една дремка? Како да си го вратиме редот на порано заспивање
Еве ние од бебе што си имаше по две дремки и спиење од 20:00 до 06:00 станавме хаос. Наместо на една дремка да идеме ние некои денови по 3 бидејки спие како маче по половина час. Во последно време се научи и секој ден во 04:30 станува значи како аларм да има. Преку ден деновиве ми помага да ја изморам за да заспие. Сабајле еве во 07:00 стана и во 9 ке ја заспијам ама пред тоа играње лазење шетање малку надвор и знае да сврзе саат саат ипол и наредна дремка ни е ( ако поспие повеќе) околу 14 00 и тука саат време и до вечерта до 20 00 не спие. Само незнам што ке се прави со тоа ноќно будење.. многу време си преспиваше цела вечер..
Мајки, кога завршува фазава со вриштење за време на пресоблекување? Значи, буквално секое пресоб лекување и менување пелена е со вриштење и крокодилски солзи, особено па кога ќе треба блуза/боди да му облечам, тоа е страшно. Имам пробано и да му дадам играчка да држи, да му пеам, да го анимирам нешто...се е џабе.
Ахаха во оваа тема до 12 месеци сигурно не завршува. Мојов рика од кога е роден мислам. Само седејќи го облакам да гледа во нешто, така помалку плаче. Демек рутина пред спиење ќе правам со облакање пижами и пелена во темно, тој рика како да го колат . Ај сега лето помалку облакање има, првото за пелена се бунеше менување, ама ова комплет кога го облакам вика. Не знам до кога трае, јас да се приклучам на клубот само .
Мајки И моево е 6месеци еве ја два дена три станува во 4 и 30 ама душа вади од 12 часот по полноќ кога ќе се напие млеко само ќе и паѓа цуцата и јас легни стани правам и така до 4 и 30 еве во 5 и 30 пак ја заспав. Сакам да ве прашам дали е нормално бебеињава овој период брзо да се уморуваат и правиме стани поиграј сат и пол два преку сила три и пак на спиење. И преминавме на Новалак 2 е сега пиши на шишето 210мл 7лажички а мојата нема никогаш испиено толку до 180најмногу? Да напоменам на кашички сме три пати денот ... Вода не пие не сака ни да осети многу ја мрази и ако сум упорна Пишти како којзнае што да и давам. За капење и гола многу сака ама а започнуваме со облекување и тогаш е 3та Светска Војна.. Широк повој извадовме во ред се колковите и пак борба за преслекување. Мислење ве молам за со млекото ја и правам 150 со 5 и 180 со 6 лажички ама ме буни декс пиши 220мл со 7лажички...
Прашав и во другата група, ама ќе пишам и тука за секој случај Како чистите играчки што не се перат? Добивме една ѕвезда на навивање што свири, бебе баш ја сака ама со резерва му ја подадов вчера, дека сум фрик за перење, а на неа пишува да не се пере... валјда ради механизмот за свирење. Ама бебе сè става во уста, не можам ништо да не направам со марамче за дезинфицирање, ама па да не ја оштетам бојата? Совет?
Ние сме една годинка. веке еден месец како преминавме на една дремка..наутро станува во 9 ,дремката околу 15 часот (околу 1-1ипол час трае дремката)и вечерта заспива околу 21:30
Не чистиме Шала на страна, на почеток и јас така се со шубе давав ама отпосле сфатив дека колку и да дезнфицирам бебе пак се во уста става, лази, допира се што ќе види, се возиме со јавен превоз гиба се и сешто, невозможно е да се допазам а и мислам дека не треба, нека ствара имунитет. Пребриши со влажна крпа од прашина и толку. Во градинка да не му дезинфицираат играчки кога ќе почнат, аха обавезно
Леле уште не лази, а од сега ме фаќаат паники баш ради тоа Си викам како ќе дочистам дома... Мајка ми пред некој ден го оставала да тропка со рачињата по стаклото од масата, и вика имаше една ронка на стаклото, и со прстето дирек отиде да ја фати ронката. Ќе биде забавно допрва Треба да навикнувам малце да се опуштам
Факт е дека никогаш нема да знаеш колку пати фатило нешто нечисто и пикнало раце во уста. Пред некој ден мојава, влагаме во лифт дур стиснам копче она го фати огледалото и рацете во уста одма. Не ни сфатив што се случи колку беше брзо така да релакс. Ќе иде во градинка се ќе фаќа, не чистат факт. Ќе почнете надвор по земја ќе фаќа и рацете во уста. Нека се живи и здрави и нека бустаат имунитет тоа е
Ќе се навикнеш кога ќе видиш дека не можеш да трчаш и да бришеш се. Ќерка ми кога почна војнички да лази имаше период кога ги лижеше ногарките од масите и столиците… кога почна да се исправа па лижеше огледала и прозори патем јас живеам со куче така да цело време има по нешто прљаво некаде и јбг тоа е тоа нека јача имунитет
Каква е оваа фаза на скоро 11 месеци, неќе ни во раце неќе на подлога. Сака да стои а не може уште стабилно. Плаче. Паѓа па пак плаче. Се буди пречесто навечер и плаче се смирува само со млеко а на адаптирано е па давам сосема мали дози знам дека не е од глад пошто каде убаво. Се беси на креветчето, се удира. Скок ли е или што веќе уморна сум. Јадење пиење не одбива за сега. Хелп
Најверојатно оти сакаат да одат а не знаат и ги фаќа нервоза, учат нови вештини секој ден во таа фаза и тоа е тој скок во развој што го викаат
Има ли некој вирус со растечено носе, кашлање и осип по телото? Не кашла често, вака расположена е, осипот и е на нозете, лицето и многу малку на рацете. Дури во понеделник ќе идеме на матичен. Секако и пишав ме смири ама додека не ја види ќе се нервирам. Само што наполни 6 месеци.