Хм ,носе да ,кашлање да и од денес осип ама се мислев дека е од жешко како нагло стопли а ми е шубе да ја разголам скорз и цело време се поти.
Јас ја држам само на боди на кратки ракави и некогаш е боса па за тоа ми е сега мака да не ја разболев.
И мојава овие 2 дена е боса а носи боди на рамки и фустанче на кратки со ептен тенки хеланчиња. Осипани и се рачињата и позади под кесето на вратот. Мојата мислам од градинка се разболе сеа овие дена дека во 7 :30 ја носам и облекував тренерче горе и цел ден така ја држеле. Испотена ја зимав.
Дали и вашите бебиња кога извадиле прво запче им се поремети редот со спиење ? Два дена имаме една дремка само а претходно имавме две, вчера не сакаше да заспие и дури во 18 дремна малку па стана па во 21 презаспа. Заспивањето овој период наликува на бојно поле на спалната, се влечеме, се тркаламе, по 20 пати пробва да ми избега напред ( оти му ставив ограда од страна ) и го враќам назад и се смее додека бега, па плачеме и така скоро два часа се прпелкаме додека не заспие. Сопругот е дома викендот па малку препишувам и на тоа, се пика во него и не сака јас да го земам, се смее и се беси како мајмунче во раце кај него, му вика ајде кај мама и се беси се врти, се смее, како да си игра. Се научи и да лази и сака да патка па можи затоа имаме проблем ама ептен е исцрпувачки, и денски исто вака прави, се смее сака да игра, си велам да не префрла на една дремка Боже ме сачувај
Нема врска спиењево со забот што го извадил мислам, можеби со тоа што учи нови вештини, или па некој друг заб ако вади. Мојов е неподнослив со спиењето исто, во скок е, вади втор заб, на антибиотик е пак и синоќа капак пошто го ставав ради носот на перница под агол, а го спуштам доле тој се буди и седнува . И така од 1 до 5. Заспа во 5, во 6 кога викна, не знаев кај се наоѓам . На 1 дремка да префрли е мал, на 15 месеци моево големо дете, од година до година ипол кратат. Иначе да прооди ќе ти олесни мислам.
Буквално е истото, за една недела правиме 11 месеци и од никаде се заплачува за без причина, што е незнам ама станува нервозен и изгледа како да сака бара нешто а незнае што
Женички викендот ќе одиме на два дена до Берлин, сакаме да одиме на базени затворени, океј е да го шлапнам бебко малку во детските базени ? 10 месеци задутре полниме.
Ни јас, а уште помалце па дете би пикнала во базен. Ама ова е мое мислење. Бактерии за извоз и инфекции има по базените.
Секако дека да, соодветна облека туш после базент и уживајте си Секој има свое мислење на оваа тема така да води се по својот инстинкт. Ќе ги видиш германските мајки како си го уживаат животот со бебиња и помали од нашите, мислам дека само ние премногу мислиме за се
Пак да се жалам. Луѓе лепенка е детево. Каде јас таму и таа, ќе прооди од мака само за да не и избегам во веце случајно. Значи памперс менуваме по 15 минути, седнува, се крева на мене, ланчето ми го скина Навечер на секои пола саат седнуваКога ве читав тука дека кога ќе научат нешто ново стануваат и прават навечер не верував, ете ми сега Се крева на се и сешто, ама по малку и нестабилно. И стварно цела ноќ не сум спиена зашто илјада пати седна. Главата илјада пати си ја удри од креветчето ама зашеметена беше А кога е будна да ја допрам посилно плаче Заб немаме уште, имам чувство дека ќе и искачаат кога ќе бидеме на одмор
Најјако ми е кога ја враќам ја легнувам, она не знае што се дешава Твоето будно е убаво, свесно е кога седнува?
Не е свесно. Мижи (спие) и седнува. Па, го земам во раце за да го занишкам. Ако веднаш го легнам, дава отпор и пак сака да седне.
Најадено, наспиено и пак од сабајле до вечер само кенка.Оди покрај софа, маси не сака да се држи за рака а неможе сам. Ни денски ни ноќни дремки се погодени, еве незнам каде грешам. Дали грешам нешто или си има некој проблем, ама физички и психички попуштив.Штом отвори очите квичи, само бара хартија да пикне во уста, кабли и полначи, лајсни по подот, фиоки да откачува, да се пикне некаде па да неможе да излезе...Значи ми наплати и за првото.