Исти сме.. и само да седи до мене, или фатен за ногава или в раце. И така прави само со мене, кога го чува некој друг мирен е и си се заигрувал сам. Порано знаеше и јас кога ќе сум до него да си игра сам, сега ќе поигра 1 минута и доаѓа кај мене пак. Ако излезам од соба плаче, навечер за среќа сега подобро спие, иначе се будеше кон 1,2 и се вртеше, плачеше 2 саати
Малку да те утешам, исто е и моево со активности, само што помалку плаче, ама плаче, се лути ако му земеш нешто. За хартија ќе се истепа, штом види, одма во уста ја става, па кабли, врвки, влечки, далечинско.....не застанува. Лази, се исправа, се пика под маси.... лудница со еден збор. И мене ми наплаќа за првото.
Хахах плус 1 во списокот. Тоа хартија колку сака, невозможно. Истиве работи, се што е опасно и не е играчка. Мојов уште не се кренал ама војнички лази од 6 месеци, само се движи низ дома и се мава со главата во нешто, под маси се заглавува. И јас мислев големото било џамбаз, ова еее хаос. Па со спиењето да не кажувам веќе, пак почна на секој саат едно будење. На работа како ќе одам Господ знае за 1 месец..
Така лажат, после годинка, па после две, па после 3 и веќе после третата сфаќаш дека до 18г ќе биде така
Јас почнувам следната недела на работа. Ќе биде забавно со будењето, и кај нас е на 1 саат, особено последниве 3-4 ноќи, ем на 1 саат кенка, ем седнува.
Бебе конечно сака да се вози во количка. Е сега пошто лифтот ни е "екстремно голем" и не ја собира количката и симнување сама со неа ми е научна фантастика се мислам да купам летна количка. Гледам дека лесно се склопуваат во еден дел па нема многу да се мачам. Прашањето ми е дали треба на нешто посебно да обрнам внимание или да земам било која? Има ли некакви разлики? Да знаев дека нема да сака да се вози во количка до 6 месеци само летна количка и ќе купев, џабе парите за другата.
Мм вика колку полесно ќе ни биде кога ќе проодиYeah sure, тогаш текк е брканицата, Вака мајки на постари дечиња сите ми рекле полесно е додека не одат, а овој мојов полесно му било да оди ќе била поумна, ќе разбирала се кога ќе и кажеме да не фаќа
Дали знаете некаде да има бебе ама гумено со платнено тело како што имавме ние во 90тите? Се што најдов е пластика. Тие беа далеку поубави.
Уште само 5 години Баш кратко Интересен ми е што стварно мисли дека ќе биде толку умна и разбрана И ова секој ден ми го збори едвај чекал да прооди да знае све и да ни биде полесно Важи Ќе сме пиеле кафе во кафич на раат
Хахаахаха кафе на раат . Може ќе манифестира да му се случи тоа, ајде, убаво е да се надева. Моево дете е живец невиден, јас смирување видов тогаш, може вашиве ќе бидат деца за пример. А најјако е што јас од 0 се почнувам, таман забораив на се. Некогаш си викам паметни се и тие што прават мала разлика, се пореметуваш наеднаш и после лабаво
И мене ми е подобро откако прооде. Еднаааа година само во раце беше. Сега раат сум. Игралиштето и е како втор дом. Доаѓаме и ровари. Во игротека пијам рааат кафе , она си игра. Полесно е ако мене ме прашуваш.
Да се приклучам на тие бебиња што сакаат кабли и хартија Почна да лази и сѐ нешто такво фаќа И не знам што е ама по пеглата плаче да ја земе ко да е најбитното нешто Навечер почна веќе некое време уназад да се буди на 1.5-2 саата и тоа е се помирив дека нема спиење за мене Некогаш со плачење некогаш само ќе си презаспива со нишкање и така Дремки денски се уште се 3 по пола саат А изгледа како да преминува во две но многу тешко Особено попладне навечер кенка само