Ѓакичките се кинат од страната, не ги соблекуваш надоле ко обични гаќички. Костимите со долги ракави се навика. Ама несомнено се многу практични за бебе. Тоа може на нас ни смета, ама за бебе е подобро да е на долги на сонце. Плус матерајлот не ги топли, туку ги штити. Па и да се исфлека не е страшно пошто се носи само една сезона. И чисто за мир на душа, драги мајки не се замарајте со флеките на облеката кај децата, ни па губете енергија околу тоа децата да се комплетно чисти, дотерани, стилизирани. На нив им треба сензори активности. Нека се играат со кал, нека ја фаќаат храната, нека се валкаат. Само да се среќни.
Исто и ние, еве ќе правиме 1 год и 8 месеци и уште цица само навечер и си тераме, само не знам до кога хаха. Пробувам да прекинам скроз веќе и да ја одбијам, срце не ми дава ми бара цице па цице и жал ми е и давам. Така мене ми е полесно си презаспива ама уште се буди навечер, и само со цицка заспива. Навика и е, затоа што јаде преку ден други оброци, не е гладна. Се надевам ќе соберам сили да ја одбоијам, не ми се слушаат плачки по цела вечер, немам нерви и сили да ја слушам да плаче и жал ми е. Ако имате џ полесно кажувај те
Омега и д3 до кога давате? Ортопедот ми кажа на прегледот кога прооде да преќинам со нешто, а со друго да продолжам и летно време, ама не можам да се сетам точно како беше.
Кој да прочита дека се кинат , се изнамачив со нив. На ова сонце дефинитивно не е да оставиш бебе без костим со заштитен фактор, е сега што моето бебе цела кашичка ја блуцна на него, па се воденеше и мене ми изгледа како не практично е друга работа. Се сложувам со напишаното, само да ни се здрави и среќни.
Веројатно да се продолжи со омега-3. Обично Д се прекинува на лето. Јави се, препрашај да си сигурна. Но, и да даваш од двете на лето нема штета. Моето бебе ќе пие и омега-3 и вит. Д во текот на летово.
До една година се дава непреќинато. После се паузира летен период. Барем ова ни го кажа педијатар кај што носам дете
Јас пак имам проблем со цуцлите. Не сакам да ја учам на цуцла. Само понекогаш и ставам, кога сме надвор и немам услови. Или некоја баба ако не може да се снајде другачие, па ќе стави цуцла.
Веќе не презаспива со цуцла, така само одбивме подои, си презаспива сама или ќе ја гушнам и продолжува да спие. И ние што сме скратиле подои, си ги гушкаме децата. Не оставаме да плачат ако станат, само што преспиваат цела ноќ, нема навика да станува, одвикната е.
Мајка најискрено не се замарај да броиш и количина, малечко е уште, до година давај му млеко и ноќе, уште им е примарна храна. Па потоа ако веќе се пречести будења ќе видиш. Може и без млеко да ти се буди, зависи до детето, снаа ми не доеше и до 2 години и се будеше ноќе а над годинка престана да му прави ноќе ад и пак се будеше. Како наполни 2 год почна да и спие магично. Не си ја мачи душата, прави како ти е најлесно ко малку обврски да имаме на врат. До годинка нема апсолутно никаква штета од ноќно млеко. После годинка можеби и заради здравјето на запчињата, да не се лепат наслаги. Ама отом потом, може и само ќе престане често да се буди. Не му ја мисли уште од сега. Некогаш самите си правиме притисоци од тоа што ни се прикажува на медиуми.
Да се надоврзам само, дефинитивно премногу си правиме притисоци од што постојано се наметнуваат ставови и некои стандарди како секое бебе да е исто. Исто како членка што побара мислење на 6 месеци веќе почнав да намалувам млеко(на ад сме) со цел да го исклучиме навечер, се мачеше буквално, затоа што бараше млеко од глад, а не за да презаспие, за презаспивање само и ставам цуцла и продолжува. Самата постепено си намали едно шише во текот на ноќта, а сега веќе ретко бара, дури наутро кога ќе стане и спремам шише млеко. Бевме хоспитализирани, постара докторка минеше на визита и ми вика мајка даваш ли млеко навечер и викам да пие едно шише во текот на ноќта и само арогантно ми рече млеко не се дава навечер, се дава вода или чај.
Еве и син ми на 8 месеци можеби откако воведовме вечера не ми бара млеко, дури сабајле. Не дека јас наменски го направив тоа, ама некогаш некои работи и сами му доаѓаат на бебето природно без ние нешто претерано да притискаме.
Jazz од зегин јас го земав, добар е. Зависи што подразбираш под седење. Седење во скут и на потпора повремено сум правела. Поголемото дете додека не успеа само да седне од лазење без потпора, не беше доволно цврсто да седне, паѓаше. Ова седи без потпора од 8 месеци еве го ако го седнеш, ама избегавам да го оставам зошто не знае сам да стане за да седи. Ама во глобала дете седи во количка, седи во хранилка со потпора, до 9 месеци некои не се стабилни, да не го седнеш ич мислам нема шанса. А не е убаво со перници да се заобиколува и со сила да се седнува, за да вежба седење.
Да, знам, баш затоа прашувам. Моите седат под агол од 90степени само во хранилки, во количка понекогаш и кај нас кога ги држиме затоа што сами се исправуваат. Вака "насилно" да ги седнам или потпирање до перници, не. Читав дека правилен тек и добро за развој на рбетот е да почнат да лазат прво, да седнат па на крај одење. И чекам на нив, кога ќе бидат спремни тогаш. Лазењето како фаза многу родители ја скокаат и често го слушам тоа "абе не мора да лази за да оди" и во околина имам бебиња што уште од 5месеци ги седнале и еве, сега веќе сами седат стабилно. А секој ден истото прашање од постарите го слушам "леле, уште не седат?", "па седни ги, големи се веќе" итн. Некако ептен како притисок ми дојде, затоа и пишав тука, почнав да се преиспитувам дали јас претерувам или другите.
Не е морално да лази, јас воопшто не сум лазела. Сум проодела директ. Никакво лазење, нит војничко, нит вчечење, ама баш никакво.