Има веќе неколку заби, ниеден олку тешко не извади. Напипав на горната вилица од страна кај 4ките што треба да се како мал оток значи оф двете страни. Ова синоќа што проби е двојка долу. Зар е можно во исто време да ги вади. Мачкам дентинокс и фрезидерм гел. Да не имате друга препорака некоја за гел? Или нешто фруго ефикасно? Бело вино сте мачкале ли?
Се е можно ,остај то табелите шо излегуваат мојава извадо двата кеца доле па двата горе и паралелно со нив лева двојка долу и моментално остабатите три двојки. Ако ме гледа мене само ќенка ако не ме гледа никому ништо И гриза се живо... е сеа јас освен кога ептен е онака плачлива што давам парацетамол( односно ефергалан) друго ни крем ни гел ни вино не сум ставала.
Да може во исто време. Ќерка ми вадеше двојки и четворки заедно. Само фрезидерм сум мачкала и осанит гранули, бело вино не
Како ставате чепчиња за какање ? Прв пат ставав ама не можев до крај да ја ставам, и тоа пола чепче, не оди, на крај го исфрли ниту се стопи ниту ништо. Ми е страв да турнам за да влезе убаво, аптекарката ми рече да го натопам во Павловичева ...
Чепчињата се мрсни и лесно се ставаат. Не се плаши претисни додека влезе. Нормално полека без сила. Мене би ми било шубе со павловичева.
Какво е плачењето во сон? Се буди и плаче или? Ние исто се мачиме со забчиња, засега нема навечер ништо ама нз ни до каде сме стигнати. Се примеќа на непцето каде треба да излезат, ама нема уште ништо. Дента има денови кога ништо не е погодено, кенкање, нервоза, гризење јако, лигавење, плачење што сакаш прави ништо не помага. Јас мачкам гелче и осанит гранули давам, ама не помага ништо. Еднаш ставив парацетамол, мислам дека и тоа не направи некоја разлика. Бело вино исто ми рекоа но јас не се осмелувам. Мн паничам и не се такви работи за мене.
Знаеш како, буквално спие. Мижи легната како што си спие нормално и плаче силно кратки интервали и прекинува. Затоа мислам в сон дека е плачењето пошто не мрда, не ги отвара очите. Исто сакав да прашам што ви помогнало за затнат нос вака, и дали сте давале некакви суплементи за имунитет. И дали нешто воопшто помогнало да не се разболуваат толку често во градинка. Знам дека е природен процес што мора да се помине но сепак ете може нешто би било ефикасно
Никако не успеав, како затка да има на газето, изг го стега и не можам да му го ставам затоа. Се кака тој ама ептеннн суво, камчиња, страшни напони дава се стега додека извади. Се си мислам од готовите каши имаме затвор, јас давав домашно секогаш, ретко купечка само кога излегувавме ама периодов бевме по патишта и давав купечки, од тогаш имаме мака, плус ги одјаде овошните каши, не сака да проба, а со житарки ми ги јаде, единствено банана јади така чиста.
Има шанса ради тврдата столица да е да не може да се стави. Не би знаела да ти кажам дали купечките прават таква столица. Сте биле на педијатар? Може има некој чај/напиток што помага во такви случаеви. Чепче во случај да не кака со денови, не мислам дека може да ја омекне.
Сува слива да пробаш да свариш и од водата да пие. Круша. Банана ако јаде, да е ептен зрела. Недозреана прави запек. Парафинско масло да прашаш доктор дали смее. Кај ќерка ми и просо помагаше.
Повлекувам се што кажав до сега. Ова ми е најтежок период до сега. Од како направи 10 месеци почна да се исправа на се и сешто. Не сум седната. Само идам позади неа ако падне да ја задржам. Не знам дали грешам, дали треба да ја оставам сама? Ама па страв ми е ако падне ако го удри главчето.. Денес колку се навали да си пие вода од чашката кога лупна со главата од памет се извадив. Ми идеше да одам да ја снимаат ама си викам уште колку ќе се мава на секое ли снимање... Претпазлива е во глобала, кога шета околу трепка со очињата страв и е малце И уште нешто што ме исплаши страшно. Обично не ја врзував во хранилката, денес отидов на два чекори позади во кујна да дополнам вода, она се качила стои во хранилка. Умрев. Памет за друг пат. Очекувам прво седо влакно многу наскоро.
Ехее мене кога ме затера еден период, во рок од една недела падна на глава на ивицата од масата, заглави меѓу кревет со нозете и ми лизна в корито скроз под вода Најтежок период е сега кога се исправаат и проодуваат, јас планирам да паузирам со телефонот скроз и да се фокусирам скроз на малото оти најмногу телефонот ни одзема фокус реално
Мнооогу треба пазење, секунда треба да се деси нешто. Еве јас да споделам од нас, ми падна викендот во сон од кревет директно на главата позади. Толку бргу се врти што не бев доволно брза да стигнам пред да падне. Јас ко и обично беби фонот со мене и опуштена бев досега, ќе го видам ќе истрчам. Но еве се дешава да не можеш да си толку брз. Стрес е преголем затоа сфатив дека не се за потценување и тоа што може ние да направиме да го спречиме треба да биде направено. А за останатото Господ да ни ги чува. Така да ни за два чекора не ја оставај сама, неврзана во потенцијално опасна ситуација.
Никако на спална оставање сами, ни секунда, ние моментално кај на маж ми родителите спиеме се спалната е толку висока што јас ако паднам ќе се сокршам а не бебе, ни секунда не го оставам сам, кога одиме во тоалет навечер се будиме еден со друг за да внимава едниот. Германија на спалната ограда монтирав веднаш штом почна да се рола на спална. Јас го оставам на под ако правам нешто и пак очите ми се кај него цело време, единствено во дубак го ставам ако одам до тоалет. Хиперактивен е мојот многу и во секунда ќе се најде кај што не треба, само трга пердиња, отвора фиоки, вади се и сешто, во кантата за ѓубре буричка ( омилена му е ) па ќе ја крене и ќе се влечка со се неа, од кај му иди онаа сила, се докторка вика слабо железо, овој мене ќе ме помести уште малце, цел ден бркајнци сме кога е дома
Во креветче спие моево не ми паднала никогаш од кревет барем за тоа не сум се исекирала хаха. Повеќе ми беше прашањето кога сее кренати и шетаат околу маса и кревет дали ги оставате или ги чувате цело време? Јас денес баталив цела работа и дремев позади неа зашто ми беше страв, иако знае да си седне кога ќе се измори ама пак е прерано и не е толку сигурна.
овој период мислам дека е најтежок и мене ми е претешко, мојата од 8 месеци е вака, по се се исправа, се качува, не и ни треба нешо да се фати, по ѕид оди се качува на шипките од парното, на релната се беси, во хранилка исто негде на 7 месеци така ми напраи да ми се исправи, а сега ако не ја врзам одма за секунда стои во хранилката, два пати ми падна во спиење, пред некој ден пелена кога и менував крема да земам подадов рака до маса и толку беше, отиде она под маса не бело влакно, коса ќе ми падне од ова дете него вчера и денес се пушти сама да стои
Ич не одев по поголемиот кога шеташе низ дома, за ова некако ми е страв, малце е поинаков, ќе видиме како ќе биде ама не ми е во план да го пазам од позади цело време, секако мора сам да научи да е стабилен.