Ако ти делува несигурна има едни како ранчиња што се перничиња за ако падне на глава да заштитат. Е тие се директ позади ако падне, за странично не помагаат. Купив јас одамна ама не го искористив, можам да ти го подарам ако мислиш ќе ти користи, среќа ќерка ми плашлива е па кога почна да стои пазеше многу и не паѓаше. Е сега проодува пушта некој чекор и е како пијаница и мене ми фуфка кога ја гледам дека се клати бајаги ама пробувам да ја оставам да не и висам над глава цело време
Кажи ми дали е сигурно со монтираната ограда на кревет? Нарачав и јас, но се уште не е стасана. За навечер исто правиме за во тоалет одење
И кај мене исто уште малку ми фали да се пореметам.. Од седечка позиција знае да се заигра и да се фрли наназад и да падни. Пробувам цело време по него одам ама секунда во прашање е не можам да го дочувам, а сама сум по цели денови. Единствено ми е лесно кога го возам во количка и знам дека не може да се повреди. Плус и од прозори и од огледала сака да си ја мава главата и да се смее, исто и од хранилка се мава со главата позади и сега перница му ставаме. Дали е машко или вакво хиперактивно се погоди не знам.. Ама кога се исправува и оди по намештај е претпазлив и си паѓа на газе кога е уморен. Навечер исто станува од 2 сабајле и до 4-5 седи буден и сака да лази и да се качува, а денски е кенкав и сто пати го менува расположението. А сега влеговме во 7ми скок.. Не знам како ќе се преживее
Нашата ограда не одговараше затоа што рамката од спалната му сметаше на рамката од оградата и не можев да ја фиксирам убаво ако е убаво фиксирано скроз е безбедно. Ама и вака кај нас е таман
Купете подлога мека и нема гајле. Јас од тему нарачав, ако е поголема собата две такви и нека шиба на ивиците од комодата сунгери траки залепив и тие од тему Нашиот стан во кој моментално живееме е многу мала дневната па кај да падни ќе се лупни затоа заштитив, сега се селиме и огромна дневна имаме и не планирам на почеток ни масиче ни ништо. За да се удира ќе се удира, најмалце кога очекуваш тогаш пред очи ќе ти се звекне, само да е без зијан
Имам голема подлога ама баш ќе падне каде што нема, а сака и по други соби да лази и низ ходник. Игрална исто имам и не сака да седи во неа, ретко некогаш кога и јас ќе сум внатре со него. Фаза е ќе помине само сила ни треба за да издржеме Тоа ти е паметна работа за да не земаш масичка барем засега. Ние кружна имавме ама под неа седеше и сакаше да станува и главата така ја удираше и сега без маса сме
Дали пуштате клима во собата во која што си игра бебето. Имаме клима во дневна и таму ја ставам подлогата немам каде на друго место. Не ја пуштам климата од страв да не се разболи беба а без клима на подлогата се поти. Не знам што да правам. Веќе станува прежешко
Секако дека пуштам, дење ноќе имаме клима дека на поткровје е прежешко кај нас. И лани кога беше бебе пуштав и гајле немаше не се разболе. Баш обратно може да се разболе ако се испоти и седи мокро
Пуштам, морам на жештиниве. На 26 ми е наместена. Гледам само да не се задржува во делот каде што најмногу се осеќа дувањето. Јас сум зимурлива па штом осетам дека пречи гасам да направам пауза, па пуштам пак, по потреба.
И онака климата нагоре дува ќе си го наместиш дувањето скроз горе и чим разладиш изгаси па понекое време пушти и така...
Ја пазиме цело време кога се исправа, женскава вчера се пушта сама, ќе оди . Од креветот направи чекор накај дубачето, се фати за него и почна да го бутка, да го вози дубачето, се преплашив кога ја видов. Е тоа помина, значи немаше ни 5 минути ја оставив со дедо и изгледа се качувала на креветот и се пуштила пак за да оди кога падна, кога врисна да плаче и сега има модриче на обравчето. Не можам да ја оставам сама ни 5 минути, одма си наоѓа нешто за да јаде, ги фаќа и најситните трошки, дрвца, стапченца, повеќе страв ми е да не изеде нешто што не треба, кога ќе видам дека има нешто во устата мини срцев удар добивам, неколку пати се случи да пикне во устата ситни работи без да ја видиме и тоа го прави многууу брзо.
Со што дезинфицирате под? Демек седи на подлога ама втор пат ми се случува да трепнам она да е на ламинат и да лиже
Чистач на пареа, обично средство за ламинат и на три дена со алкохол во вода разреден. Иначее уште колку ќе лиже ехе хахахахаа. Еве мојава се крева на масата и ја лиже цела... Нема крај. За подлогата имаш и влажни марамици од дм за дезинфекција супер се тие ги користев порано сега веќе се откажав.
Можеш со дезинтал готов раствор. Прашај во аптека. Иначе не знам дали лази бебето твое, ама откако ќе пролази очекувај стандард да биде на подлога 2 секунди, нема задржување повеќе. Иначе најнормално чистиме, со усисивач и џогер на неколку дена, и дезинтал. Со кондури не влегуваме дома и тоа е тоа. Нема многу потресување за тоа, тек назад им е лижење на се. Мојов највеќе сака да лази до влечките домашни и нив да ги лапне, која среќна фаца ја праи немогуче..
Не лази ама се спрема. Го крева газот напред назад. Се влече насекаде и бега од подлога и на ламинатот прави баааа исто така многу сака подлогата да ја фати на крајот и да ја лапа, прееска и на тепихот така му направи. Јас ќе морам од мачето водата и храната да ги ставам на друго место ми е страв да не пијат и јадат заедно за опашка веќе го граба кога ќе и се приближи.
И мојот ги гризе подлогата и тепихот. Вчера прозорот коа фати да го лиже лелеее, смешки живи е. Животинче е некст левел дома, пази .
Здраво мајки, моето скоро 7 месечно бебе во 90% од спиењето, спие со подотворена уста. И кога беше новороденче беше исто, мислев дека се случува само кај новороденчиња, но кај нас е уште истиот случај. Дали е нормално или е подобро да посетиме специјалист, ве молам за искуство.
И мојата спие со отворена уста. Од првиот ден во болница кога ми ја дадоа и никогаш не помислив дека е проблем. Не спие така постојано ама спие добар дел. Јас спијам така. Баш ја имам проверувано дали кога и е отворена устата дише на нос или уста. На нос дише. Не се замарам нит сум чула дека може да е проблем пошто јас така животот го поминав
Хахаха значи сите се исти. Се што не треба е интересно и се става во уста. Кај нас мм ги лепеше ивиците на мебелот со меки едни сунѓерчиња од тему нарачани, он оди ги одлепува и ги става во уста. Едно мал милион пати кажав не, демек да се учи, не бре луѓе плаче се зајдува демек ти мене ќе ми кажуваш. И еве од кога ги извади не оди веќе таму. Теписите од таа причина ги кренав и сега сме само на ламинат.