Пробај смени и цуцла или пробај со лажичка. Нејќеше и моево, прво пробав со лажичка, после сменив цуцла. Млеко пие од Филипс авент, од таа вода нејќе да пие. Вода пие од бејби лав тие како сплескани што се.
Здраво, пошо е разработена темава, а ја баш засекирана пишувам тука за да добијам повеќе мислења Ќерка ми 8 месеца има и најголем дел од денот е мрмчење ммм, нннн и кога сака нешто и кога не го сака и кога кенка и плака, а понекогаш брбла бљ бљ бљ, ааа и прави прр со устата како моторче. На оваа возраст би требало веќе да гука и кажува слогови ? Баш сум загрижена до дека чекам термин за педијатар ако може искуства?
Исто на 5 месеци треба да се врти на име, ако читаш по интернет се што треба, а мојата почна да се врти на 7, па тука пишував глупости од паника. Мојата е 7++ и исто цело време си вика абббббб аббббб, мммммм, жими ба го има повторно неколку пати, ама класично бабабаба или мамамамам ко што пишува не прави. Исто и она брчмчи како моторче и не ни помислувам да прашам педијатар. Многу големи очекувања за многу мали деца.
Само моево бебе а легне порано поужасно спие ли. Читам колку порано легне демек подобро ќе спие и повеќе. Ние а заспиеме во 20ч, будни сме во 3-4 само ако заспие накај 22-23ч знае да поспие до 7сабајле. Не знам што да правам дали ако заспие во 20ч да го будам за пола саат да не го оставам тоа да му е ноќно
Ова па моево ѕвере дали ќе легне во 19 или во 23 станува во 5:20 ко со аларм. Ќе пукнам веќе Ние немаме ред за ноќно спиење, се случува да заспие во 19 и си викаме со мм таман ќе си правиме нешто дејт и ете ја таа во 20:30 станала и до 23 си играме
моево и накај 20ч да заспие јас додека легнам(легнувам накај 12-1-2 )он веќе станал два пати цицал и а задремам секој пат станува и трет и до сабајле уште еднаш два пати, не знам зошто волку почна да се буди Со се ќе се помирам ама со рано утрински станување никогаш ахахаха!! Најтешкиот дел до сега ми е ова инакуу, почна да лази тоа не сум споделила на 4убаво кренат веќе некое време но сега постабилно подобро прави по 4-5чекори и седнува ама пресреќна сум
hahahah, sto se nemam probano i pokasno da zaspie i porano da zaspie obavezno se budi dva pati nokje za mleko i toa kako na alarm, dzabe stavam sabajle alarm kje se pomirime izgleda so neprespieni nokji
Јас имам слична дилема, мада како и да завртам, ранобудник е. 5тиов скок малку ми го заеба спиењето, почна да се превртува многу, акробации праи низ креветче, да кенка во сон, да се подразбудува почесто итн. Па наоѓам спас во цуцлата, иако не сум ја користела мн до сега. Моето спие 2-3 часа попладне до 17ч. И после не додржува, во 19.30 пак и се спие и тоа мн, и не сум сигурна дали да го направам тоа ноќно успивање или да биде кратко дремнување...Ако го направам ноќно, рано ми е, уште е дење...ќе треба да прсти да одиме низ дома уште од 19ч. Ако е кратка дремка до 20ч, после ќе ми заспие тек во 22ч, јас више ќе бидам поуморна а ќе ме чека побурна ноќ. Се надевам до скокот дека е и дека ќе заврши.
Знам дека секое дете е различно, ама ме интересира кои беа 'знаците' пред да прооди? Моево последниве дена кога е на меше почна да се крева на палчињата на нозете нагоре, со главата како навнатре гледа (кон коленцата да кажам). Некогаш ги вклучува и коленцата, се потпира на нив, ама почесто ги чува во воздух и се потпира само на палците на нозете, и рацете напред. И се тресе, мрда нанапред наназад Мене ми личи ко да се труди да пролази, ама не му текнува што да направи Иначе 8.5 месеци е
аиии искрено не знам … пред 3недели имав другарка на гости и ми вика бебево ти лази јас не знаев дека тоа претходното се рачуна за лазење(правеше кренат на раце скроз, а нозете едната свиткана другата испружена ја влечеше и ја истегнуваше како кога вежбаш) не знам дали ме сфати… и се нишаше на сите 4
Колку мл вода давате на бебе од 6 месеци? Моево мн сака, кога ќе му понудам плаче ако му го тргнам а ако го оставам пие..
И моето сака вода, а нејќе да јаде Јас му давам од отворена чашка и искрено не мерам, а и џабе ќе мерам пошто пола вода се истура врз него По некое време почнува да турка со рачето, или да си шлапка во водата што се истурила врз масичката од столчето кај што јаде, тогаш запирам. Само гледај после оброкот да му нудиш, а не за време на оброкот, за да не му се наполни мешето со вода, наместо со храна. Јас пазам на тоа ама џабе Читам сега вика 60-120ml вода на ден на таа возраст, тоа е прилично доста вода, не знам дали твоето би пиело повеќе од тоа, моево не пие повеќе..
и моево не сака да јаде и гледам да и нудам после јадење или ако е нервозна а не и е време за јадење ама гледам многу пие кога и нудам така. не надминува над 60мл ама пак ми е страв баш како што велиш да не ја полнам со вода пошо не јаде. а често читам дека многу не сакаат да пијат вода ..