Ja secnav, se probavme za voda da propie imame i caska so klunce i dve secnati cucli, so lazicka sum probala jok, nesaka i tocka odma se mrsti koga kje primeti deka e voda ili sok @pilenka i @joy1 vie da ne sedevte zaedno dodeka go pisavte ova? Pa i edna do druga da bevte, nemase da e tolku tempirano hahaha
Мојава пие просек 300 мл вода дневно. Само вода. Сок никако. Чај не ни имам пробано. Сма само од еден вид на чашка со клунче. Баш сега ѝ земавме ново, не сака ни да го игра. Сум трчала насекаде да ја најдам "нејзината" да ја купам. Многу пропи вода откако се заљуби во чашката со клунче и почна да ја игра. Стави ја во уста и голтка - две, за 5 минути испила сѐ. Инаку, можете да пробате и од обична мала детска чашка, или со цевка плус. Цевката не ми е пробана, чисто како идеја ја давам.
Релаксаторот на земја, ти турски сед до него и ќе си го раниш. Јас така правев. Па и онака ние по цел ден сме по доле. И бебе, и јас и мм, па сега и гости кога ни доаѓаат за да го играат се влечкаат по доле. Туку кој знае да ми објасни за пробиотикот. Нормиа, во колку вода, кој период од денот. На него пишува и со храна може, дали тоа значи дека можам во кашата да му го ставам. Не пие течности, незнам како ќе му го дадам.
Јас пробиотик (давам Дармфлора) секогаш растворам со измолзено мајчино млеко. Така го пие без проблем.
Јас ја ранев легната на повисоко главчето,така и така поретки се кашите на почеток,вкусови се пробуваат ,не сакаше во релаксатор,не се засркна ниту еднаш, а и брзо јадеше,набрзо почна да седи и одма во храналка.
Температура само првиот ден фала богу. Вчера три столици. Денеска само една засега,скраја да е белки не бил вирусот. Антибиотик дадов само еднаш. И онака не дава да му ставам во уста. Уште давам линекс. Оризова вода и сок од морков и боровница,по совет од јои без цитруси. Докторката рече да не одиме на преглед,штом сме поарни дека многу болни насекаде. Незнам колку беше памерно но ја послушавме. Се надевам на подобри вести и од Пиленка која е една прекрасна мајка и виртуелна пријателка,секогаш расположена за совет и добронамерност. Фала ти на грижа и тебе Јуле.
Ние денес со на среди сечена цуцла јадевме каша. Месо,морков,ориз и тиквица. Он гризе цуцлата јас подигам да тече. Летото повеќе сакаше вида,сега скоро ич. Се надевам изумов со цуцлава нема да остане само на еднаш. Мајќи давате ли чај,на пример сега кога имавме дијареа дали смеев да дадам нане. Иначе.дневно пиеме цедени сокови и до150 гр.
@galapce фала на убавите зборови, мајки, сите сме прекрасни во очите на нашите деца. @JuLIeE уште сме во болница... Фала што на мисла ме ставате Како што рече ти... Завчера четири столици и супер си беше, а вчера се влоши ситуацијата 7/8 столици и тт 38.2. Денес е подобра, до сега само една столица, а и касна малку. Тт крена до 38 и сама ја симна, не и дадовме ништо. Се надеваме на подобро утре за сите дечиња.
Еве да ве поздравам и јас,откако почнав на раб.помалку време да пишам,бебуш добра е си седи со баба ,денес сме на ортопед,цело време исправена само да стои сака,со јадење исто продолжуваме,немирна во спиење,360 степени се врти цела ноќ,среќа брзо се навикна,си спие во креветче.Вирусу,настинки многу,конечно носот престана да тече,јас поткашлувам,одма земав фервекс и бев на брид од нос,грло.
За јадењето сме исти, ако некој јаде мора и тој друштво да му прави. Исто и за пиење, многу сака да се напие од мојата чаша што и да пијам. Од чаша дури и вода пие, инаку не ја сака. Сокчиња пие без проблем, му ги мешам пола сокче пола водичка и знае и одеднаш шишенце од 120мл да испие. Пелени полни, преполни. Навечер често ми пропуштаат пелените од што станува често за цицање или сокче.
Дармфлора се дава еднаш дневно. Јас го давав сабајле пред цицање. После 2 часа од пробиотикот можеш антибиотик.
Значи не пред секое давање на антибиотикот. Јас давам антибиотик во 11 сабајле и навечер.па гледав пробиотикот помеѓу да биде.
Можеш и така. Не знам колку пати дневно се дава Нормија пробиотик Линекс јуниор знам дека е два пати дневно
Мајки кај нас промена,до сега само домашни каши сакаше,три дена уста затвара не сака ни да проба,дадов купена јаде,незз како знае,ставам домашна во тегличка зарвора уста,нова отварам јаде....се чудам...