Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    2.241
    Пол:
    Женски
    Јас разбирам да ме форсираат мене за храна, не ја дојам од 40 дена, ама зошто да треба вие што доите да престанете. Јас да имам млеко и да има кој да ми ја чува не би се оптеретувала толку. Мене ме форсираат од 4 месеци. Прво сакаше да јаде, па ми повраќаше од просо(касно сфатив) па нејќеше ништо да јаде, па пак сакаше да јаде, еве ја сега вади заби пак не сака.
    Јас се нервирам сакам да проба се, зошто од септември почнува во градинка.
    Не се нервирај, полека, една лажичка една. Денес една, утре две. Подобро полека и помалку отколку на сила, јас ептен верувам аверзија на храна ќе му створиш. Ќе почне да јаде сигурно, само му треба време.
     
    На Anastasia579, Eho, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    2.241
    Пол:
    Женски
    Гледав мени за во градинка и прочитав дека им даваат бисквити. Какви бисквити се тие? Ваљда не се Плазма или нешто слично со шеќер и палмино уље?
     
  3. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    2.003
    Допаѓања:
    4.170
    Пол:
    Женски
    Плазма не ќе да се ,некои нискобуџетни.
    Секако со палмино..
     
    На Anastasia579 и sarki им се допаѓа ова.
  4. MysticAura

    MysticAura Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2024
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски


    Јас искрено не разбирам што им значи тоа голем е МОРА да јаде. Млекото не го рачунаат во храна или?

    Докторката наша на моето прашање колку течности треба да внесува дневно (7 месеци) ме сфати за вода, а јас мислев на млеко дека нели и со кашички се храниме, ми одговори: Млекото е храна.[/QUOTE]


    млекото е главен извор на хранливи материи и содржи се што му треба на бебето за да расте како што треба до 1 година. тоа што педијатрите се водат по студии стари 20 години и форсираат храна уште од 4ипол месеци кога бебето не јаде е жива катастрофа. најлесно им е ориз компири каши и после дијабети и инсулински резистенции и уште што не на поголема возраст..
     
    На Anastasia579, Peperutce6, Campanula и 3 други им се допаѓа ова.
  5. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.585
    Како и со што да играме со бебе 6 месеци?
    Дајте идеи за играчки што може да се фаќаат и ставаат во уста...
     
  6. Germanka7

    Germanka7 Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2026
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Најнормално е да се осеќаш изгубено и дека луташ. Бараш одговори, помош решение, а добиваш притисок. Мое мислење е кога не си задоволна со одговорите или гледаш дека таа метода не функционира барај 2ро мислење, разговор со педијатар уште еднаш (ако тебе ти е така помирна душата) или слушај го твојот мајчиски инстинкт.

    Јас лично не би ја слушала нутриционистката и би го хранела детето со млеко и продолжила со нудење на кашички или евентуално цврста храна (меки компир, брокула итн.) може сака само да јаде. Или би ги комбинирала двете, кашичка со цврста храна. Без притисок и нервирање.

    Ние мајките носиме најголем товар и честопати забораваме дека мајчинството треба да е и уживање. А со тоа и воведувањето на немлечна храна. Јас сум за тоа дека на сила или со некои си рестрикции нема ефект. Децата учат и на секое му треба различно време или метода.
     
    На Anastasia579, Eho и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  7. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    2.241
    Пол:
    Женски
    Па нели нутритивно мени бла бла. За што се замарам јас сега со баби, не ова не она, кога во градинка ќе биде како они што сакаат. Нејќам детето шеќер да јаде до година па ако можам и понатаму. Офф бере. Породилно треба да е 18 месеци не вака.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    2.241
    Пол:
    Женски
    По можност се што не е играчка :rofl:. Мојава игра со едни цреши гумени што се уствари за на куфер да напишеш име презиме и број, значи хит играчка ни е тоа :rofl::rofl: имам едни клучеви со вода за заби што се, сега пошто вади заби ги замрзнувам и и ги давам, крвнички ги гризе, цуцлите лажливки ги гризе ама од кај пластиката тврда, имам едно мече исто рацете и нозете му се со вода, за заби, има разни нерамнини, а ушите му се гумени, од Зегин е земено и тоа го обожава, тропалките плишани исто ги гризе, подлогата а свртам поглед ја јаде. Топчиња имам земено тие што се за сензорен развој со различни нерамнини и испакнатини, сега читав дека треба да и земам од оние топките големи со геометриски фигури па да ги става коцките внатре, некако ми се видоа коцките мали ми е страв да не ги лапне цели. Имам една жирафа тропалка се нозете и се за гризење. И тоа. Сака кабли, даљинско, телефон кога ќе види во несвест паѓа :D
    Јас ја оставам на подлога, се заигрува сама. Ако почне да плаче одам и и тропкам и и зборам нешто она ме гледа демек разбира. Пеам песни. Топчињата и ги фрлам да ги брка да ги земе, телефонот го ставам подалеку од неа ама да го гледа зошто само по него се мачи да тргне напред, по ништо друго не сака. И тоа. Кога ќе се заигра јас си бркам работа пеглам правам ручек чистам.
     
    На fragaria, Germanka7, EarthFire и 3 други им се допаѓа ова.
  9. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    648
    Допаѓања:
    1.585

    Блазе си ти, јас немам шанси да мрднам последниов месец, цело време сака заедно па и на подлога. Иначе мрчи.
    Кажи ми какви се тие клучеви со вода или каде да најдам?
     
    На Germanka7 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.772
    Допаѓања:
    9.730
    Пол:
    Женски

    Со дете кое на 9 месеци тргна во градинка. По дома јас, ова појадок, она ручек, вечера, да не се собира многу млечно, не шеќери, не сол, не вака, не така. Различни овошја секој ден, па не знам што. Математика и статистика на ниво работава.

    Е си доаѓа еден ден ќерка околу 10тина месеци може 11 да беше со осип на нозете.
    Се јавувам кај воспитувачката да ја прашам што јаделе оти детево немаше на ништо јавено до тогаш реакција и ми вика, па редовното што е, млеко и бисквити денес за појадок. Супа, ориз и пилешко мевце за ручек.
    И соленки поткаснаа. Една мајка остави.
    Нели викам мало е моево не знае да јаде соленки, плус јас не сум дала никогаш.
    Така лабаво - ааааа вика, си јаде, ич да не му ја мислиш.

    Ок, тогаш, штом си јаде.

    Инаку дека во градинка и работи со шеќер и сол ќе јаде, факт е тоа. Освен ако нема медицинско оправдание за некое дете да е на посебна храна, опција да не даваат нешто, барем кај нас не знам дали има.
     
  11. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    2.241
    Пол:
    Женски
    Nuby-Icy-Bite-Teething-Keys-5275.jpg Screenshot_2026-07-21-09-06-01-041_com.android.chrome.jpg
    Клучевите не можев да ги најдам на страната на локо кроко ама се слични на овие. А од топчињата горе го обожава она како цуце што е и има едно како со боцки, сака многу да ги фаќа.
     
    На Anastasia579 и EarthFire им се допаѓа ова.
  12. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    2.241
    Пол:
    Женски
    Епа тоа викам да и дадам да проба се сега до крај на август барем да знам дали на нешто ќе реагира. Сакала јас нејќела кој ме прашува
     
  13. Germanka7

    Germanka7 Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2026
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    Истото сакав да го кажам, блазе си ти дека можеш по дома да бркаш работа. Јас само кога спие и навечер, толку сум уморна што понекогаш немам сила ни да раскренам. А купив и едно такво заградено за на под, во ходник одма спроти кујна ми стои демек да си игра јас да си подработувам нешто. Аха, важи :D:D:D
    За играчки се што не е играчка е најинтересно, далинско, празни шишиња од вода, пластични кутии од кујна, јас имам и пластични чаши, чинии за на пикник од цврста пластика со тие играме. Моите влечки (најмногу се нервирам кога оди по нив).
    Инаку тропкалки, глодалки, играчки со музика, ние имаме и водено перниче внатре демек риби има, таму исто си играме, тропка по водата. Пееме песнички и тоа у главно.
    Е сега се молам да седне, да може од друга перспектива да гледа и да играме други игри.
     
    На EarthFire и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  14. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    2.003
    Допаѓања:
    4.170
    Пол:
    Женски
    Јас така направив сликнав мени ,погоре мислам дека и го ставив или во друга тема беше..
    И си внесов се ,количина уште на јаде мојава ама барем се има пробано па немаше изненадувања :D
     
    На Anastasia579, Peperutce6 и hannybanny им се допаѓа ова.
  15. jungle

    jungle Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    1.299
    И во друга тема мислам дека ти имав пишано за ова со јадењето, зошто допушташ да ти создаваат стрес ликови кои сигурно не го гледаат бебето повеќе од тебе.
    Тоа е само бебенце, може се заби или скок. Моето е 18 месеци и е на Аптамил и вода буквално скоро па цели денови затоа што одбива храна и што да правам да се уништам од нервози треба.
    Некои денови ќе фати со рачињата и става само трошки во уста и толку, никако не зинува на лажичка или јас да го хранам со парчиња.

    Понудувај го ама немој на сила па да плаче потоа и да му е уште полошо.
    Предност е кај тебе мајчиното млеко, ако мислиш дека не е доволно додавај формула доколку прифаќа.
    Ќе јадат кога тогаш, периоди се некои кратки некои подолги но секако ќе помине.
     
    На Anastasia579, Трагедијаупмм и Eho им се допаѓа ова.
  16. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    19.742
    Пол:
    Женски
    Женски да ве прашам од искуство ваше или ако веќе сте биле на ортопед(ние бевме на 3месеци и сега имаме сакажано на 7м ќе идеме за две недели) ама ме интересира во меѓувреме.
    Бебе за 3дена прави 7месеци почна да лази на четири по неколку чекори делумно стабилен но сега учи да седнува се труди и исто така се исправа на колена и мн сака да се качува по нешто кревет, комода, на нас да се фаќа и да се исправа. Вака неколку другарки во околина ми рекоа као не смееш да го оставаш на колена да седи и да не му даваш да стои на нозе додека не седне ама буквално 24/7сака да го прави тоа…. Ќе го прашам ортопедот секако ама во меѓувреме не знам дали са го враќам или да го оставам да стои на колена да пробува на нозе и да се пентари народски кажано…
     
    Последна измена: 21 јули 2026
  17. MysticAura

    MysticAura Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2024
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    138
    Пол:
    Женски
    кога ќе го прашаш ортопедот ако може сподели.. на нас матичниот ни кажа да не го исправаме ние да стои на нозе затоа што после нема да сака да седи и ќе ја прескокне таа фаза ама ако самото се исправа тогаш во ред, нашето од меше се исправа и седнува, сега последниве денови ако има за што да се фати се исправува цело време а уште не сме закажале за ортопед..
     
    На Peperutce6 и Anie93 им се допаѓа ова.
  18. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    2.241
    Пол:
    Женски
    Нас ортопедот ни рече нарочито да ја оставаме во простор каде што ќе може да се фаќа за нешто кревет, маса, за да почнува да стои, а уште не седи целосно стабилно. Јас ја оставам. Само ми е стрес да не се удри.
     
    На Cherry333 и Anie93 им се допаѓа ова.
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.582
    Допаѓања:
    19.742
    Пол:
    Женски
    каде бевте н ортопед?
     
  20. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    5.256
    Пол:
    Женски
    Јас ја оставав се сама да направи. Не можеш ти да му браниш на пример кога бебче сака да се крене.
    Мојава на пример прво почна да се крева па да лази на сите 4. Се влечеше само до пред еден месец.
    Мене ми е совет од Талевски да ја оставам сама да истражува и да се учи како да ги прави тие работи. Спонтано.
     
    На EarthFire, Cherry333, Eho и 2 други им се допаѓа ова.