Од кои електролити, спреј за против комсрци и убоди и сируп за алергија сте задоволни? На одмор ќе одиме бебе е 11 месеци па ме интересира
ОРС електролити, има со два различни вкуса. Сируп Аериус за алергии, знам дека е од годинка тој. За против комарци на Чико ролон или спреј, тие се за 2+ месеци. Моето беше мачкано ама сепак е целото во ножиња и рачиња искасано од најситни комарци може да си земеш алка против комарци можда ќе има ефект.
Дали ги оставате вашите бебиња да лазат по цели соби? И колку чисто е доволно чисто за тоа да го прават слободно? Секој ден поминувам со правосмукалка, и на неколку дена со чистач на пареа, искрено не знам колку стерилно треба да се чува дома
Да, бидејќи нема како да го спречиш. Јас џогирам со врела вода без средство секоја вечер, а со правосмукалка кога ќе имам прилика, еднаш до два пати неделно. Подлогите каде што игра и играчките што ги пика во уста исто секоја вечер со топла вода, играчките плус со Фрош бебе сјај.
Ја оставам и не се замарам воопшто. Не и давам да лази во ходник зошто таму сепак со кондури газиме. Секој ден собирам со правосмукалка, страв ми е некоја трошка да не лапне да не се задави или да не е од нешто што е алергено па да направиме беља, плус имаме маче ради влакната.Играчки не мијам секоја вечер и ништо не стерилизирам. Детето ќе ти иде надвор, ќе фаќа се и свашта, нема ни да сфатиш и ќе ги пикне рацете во уста. Мојата ќе иде во градинка за месец дена, сигурно дека таму стерилизираат играчки, ги мијат со сјај или не знам што. Не треба ич стерилно да се чува, само нормална хигиена.
Неосетно влегов во темава, т.е. и дојде редот. И сега ми е жал за другата тема, т.е. бебето ми пораснало Жал ми е за првите 6 месеци што многу повеќе акцент дадов на дилемите, преиспитувањата, уморот, несигурностите итн отколку на радоста. Зарем вака ќе тераме и понатаму...иронично е што најубавите моменти во животот се преклопени со триста секирации....а периодот поминува и не се враќа назад.
Same sister... јас имам дома и маче и куче, кучето не се митари воопшто ама од мачето мислам дека јас ќе промјаукам насекаде што гледам влакна чистам колку можам ама не се опседнувам нешто нарочито, кај мене мм само трча со влажни марамици по бебка
еднаш неделно правосмукалка, два три пати неделно робот со џогирање. На одмор од улица што паѓа му даваме играчките прво прибирав у ќеса сега буквално по коловоз фрла зимам и му давам.
Мене не ја стварно не гледам потреба да се оптеретувам со тоа, невозможно е да го чувам бебето во стерилни услови коа допрва го запознава светот преку прстите и устата. На 10 дена ги перам играчките, правосмукалка, џогер еднаш/два пати неделно и то.
Јас кога отворам фемина еден пост да прочитам одма ме мава анксиозност. Пред некој ден отворив и баш прочитав за чистењево две три мислење и одма затворив, следната ден земав да усисивам , јас усисивам бебето мое, веќе големо девојче ми асистира . Си се тешам си викам, па не ми е толку нечисто, реално. Поголем дел од денот не сме дома, усисивам еднаш неделно обично за викенд, ако гледам дека е нечисто и во текот на неделата може да пуштам правосмукалка.
Бебе 6 месеци почна неколку вечери по ред да се буди во 4ч ноќеска и да си игра, ако пробувам да ја нишкам да заспие ќе плаче, за еден час и се приспива и ја заспивам и продолжува до сабајле. Дали некој има вакво искуство?
Ќе и помине за неколку дена. Па ќе научи да ползи па ќе мрда со газот ноќе нема да знаеш дали спие или вежба па ќе се врти за 180 степени во спиење, барем моето бебе не го наоѓам таму каде што ќе го легнам. Јас ја оставав не и зборев, ќе си погугаше и сама си заспиваше.