тоа го прави одамна.. низ цело креветче се превртува ама во сон, а сега сама седнува веднаш и се расонува :/
Да. Првите 2 вечери се нервирав, ама видов дека нема што да правам. Го оставав во креветчето, он си зборуваше, се вртеше , не плачеше И за саат, саат и пол сам ќе заспиеше. Фаза им е кога ќе учат нешто ново
6meseci ipolni pocnati sme so ishrana. Sto davate za pojadok i rucek. Koi zitarki i ako moze sliki. Od koga moze grcki jogurt namaz jajce
Можеш грчки одма, а алергените се препорачува што побрзо да се дадат пред полна година. Јајце можеш околу 8ми месец. Пробај се да му дадеш по малку, а што ќе бендиса бебе, тоа зависи од него.
За појадок најчесто овошје со житарка, а за ручек зеленчук некогаш со житарка некогаш со мевце. Јас јајце дадов сега пред два дена на полни 7 месеци. Според педијатар нема веќе правила што кога се пробува. Исто така и ако оди во градинка до тргнување мора да проба се. Мојата ќе оди на 9 месеци и сега треба да проба на пример грав кој на листата го пишува за 12 месеци, кравјо млеко кое го пишува после 12 месеци. Значи нема правила полека полека се ќе дадеш. Јас давам без некој план на пример што имам моментално тоа и давам да проба. Денес проба патлиџан.
Од житарки овес од дм без глутен, просо и киноа од кам. Палента исто од кам. Ориз ние што го јадеме мада ориз ретко ретко и давам. Амарант не знам што е го има на листата не сме пробале уште. И понатаму пишува гриз и други житарки со глутен
Јас веќе дадов јајце, 6 месеци е. А планирам и путер од кикиритки и јогурт се да дадам зашто од 8 ипол месеци во градинка ќе почне а гледам во менито за бебиња во јасли има и млеко и јогурт и урда и јајце… Не знам како препораката е до година дена да не се дава кравјо млеко кога во градинка им даваат и на 9 месеци.
Како бе така Како можете да спиете кога бебе е будно Јас не можам, па ја земам со мене на спална, ја нудам цице, се молиме да презаспие...и презаспива, ама точно после саат време. У меѓувреме, јас сум измачена Алал да ви е чим можете да си продужите со спиење. Јас само се малтретирам...
Хахаха грешно се имаме разбрано. Јас не спијам, будна сум, го галам, му давам цуцла, некогаш нудам млеко зависи кога последно пиел. Ама гледам да не го стимулирам уште повеќе, на тоа мислев.
Е јас можам Кога ќе и текне во 2-3 да се игра, само и кажувам ајде легни ајде спиј, се вртам да не ме гледа, ја игнорирам,заспиваме двете Ако ја земам полошо ќе направам.
и јас гледам ако ја земам само повеќе се стимулира, почнав да ја оставам во креветче, не спијам ама не мрдам многу да не ме гледа, се врти си чепка си гуга и кога ќе почне да се прозева ја земам ја нишкам две минути и заспива
Дали кај некој се дешава следново? Бебе цел ден сме заедно си е супер, кога ќе дојде мм од работа плаче се траска од земја и се смирува само ако го земе во раце и ако излезе од соба плаче, тоа трае некој пола даат потоа се смирува
Па јас не дојам така да делот со цицето го нема. Да доев гарант ќе беше исто. Иначе и мојава презаспива после точно саат време, јас не спијам ама се правам дека спијам зошто иначе ќе треба да станеме и во дневна да си играме со стварно не можам и ноќе да си играм.
Кај мене друг проблем, по саат време неќе да се успие, а мм кога ќе го земе му заспива одма. На пример цица неќе да заспие па го нишкам пак неќе и се тегне цело врема. И ќе почнам да се нервирам мм ќе го земе и дури да влезам до тоалет и да излезам го спуштил во креветче Дури и ноќеска кога почна да се буди го галев му пеев ништо, дојде тој до креветчето го погали и си заспа. Исто го има успиено додека си лежи сам во креветче со пеење. Мене никогаш не ми успеало тоа, плаче се треска нема шанси сам да заспие така.
Така кога сме излезени, јас количката напред назад напред назад, неќе да спие! Мм ја земам количката, ќе го погали и заспал...! Ааа супер му велам, татица си сака
и кај нас беше вака пишував поназад, тогаш малце се лутев хахахха сега само во мене сака на ноќно и си викам смотана