да, може си во право за градинките но баш имам прочитано родители што пишуваат дека ако веќе детето мора дел од денот да се храни нездраво, барем дома пробуваат да му надокнадат со здрави навики. јас лично давам и готови каши и не знам зошто е тоа лошо? ако не наоѓам органски производи, давам готови каши затоа што подобро да бидат проверени органски отколку јас да дадам полни со пестициди. има квалитетни готови кашички без конзерванси и без шеќери. и реално, не е казна за родителите ако не го почитуваат твојот став, ниту пак мене ми е казна ако останам со детето дома наместо да отидам некаде, толку сум се мачела да ја добијам па ништо не ми е поважно или поинтересно од време со неа. ниту пак роднините се мачеле и минувале низ пекол за да се добие ова бебе за тие да си земаат за право да му дадат нешто што јас сметам дека не е исправно. секако почитувам секој каков и став да си има за своето дете, но јас лично за моето додека можам ќе се обидувам колку можам поздраво и нема да дозволам да ми се мешат со сфаќања од пред 30 години кога ставале мед на цуцла на новороденче или не знам што
Мито е тоа, за да ги бара детето после, да ги сака, пошто деца лесно се навлекуваат на чоколатца и смоки Себична им е причината, уопште не им е за доброто на детето Тоа е, мито и корупција насекаде ))
Јас не мислам дека се работи само за храна, туку општо за мешање во растење на бебето и тоа е тоа што всушност иритира, а храната е мал дел од целото солење памет како било порано. Од порано пред 30-40 години па до сега се сменило се, напреднало и се видело зошто и како некои работи се добри, а некои не за бебиња и мали деца во развој. Е сега нормално секој родител одлучува со своја глава како ќе го расте своето дете. Од тука и произлегува натегањето со родители, баби, тетки, комшивки, знајни и незнајни луѓе. Во ред е да каже секој мислење, ама исто толку е во ред и родителот да бара да се почитува неговата одлука, тоа е взаемна почит. Ама не, нашиот менталитет е до таму, па се се сфаќа лично. Мене мајка ми ми помага со детето премногу и исто толку пати си зема за право да ме поучува како е исправно. Што е исправно, а што погрешно? Според мене и двете страни се сами за себе во право, но која мајка си мисли лошо на детето, чиј мајчин инстинкт згрешил? Да, ќе мора некој да го даде во градинка, ќе мора да ги оставаме на чување, ама тоа не ја менува ситуацијата како јас како родител сакам да го растам моето дете. И според мене тоа треба да се почитува. А дека во градинка е така како што е, е друга тема на јавна дискусија што за жал во нашето општество е мисловна именка. Ама тоа не ја менува ситуацијата, па да мора ние како родители од сите страни да се помируваме. На крајот од денот родителот е тој што легнува со грижа за дете, а не останатите. Друго да се надоврзам, дете на возраст од 8, 9, 10 месеци нема ни да сака да проба од се што ќе му дадат во градинка. Ние дома мака мачиме со навикнување, а тоа не чека таму да оди и да ја јаде таа храна. Така да сепак има смисла да си настојуваме со нашите одлуки.
Види, јас те поддржувам за се, јас сум за здрава храна и општо здрав живот, така живеам неколку години наназад. Се трудам со малата ептен да и всадам во глава дека треба да јаде здраво, секој ден правам оброци, утре кога ќе сака благо и грицки ќе и прават од тие јас што јадам, само ти кажувам дека не можеш и толку радикално. Едноставно нема шанси да заштитиш дете од се лошо и брзо што денес се сервира. Мене бебето ми е ин витро, така многу добро знам што значи борба за семејство, ама кај мене сите тоа го преживуваа, моите и на мм неговите секој ден беа тука од ден на трансфер па се додека ми требаше помош, затоа не можам да ги казнам да не ја гледаат. Не е ни важно. Да пробуваме барем дома да се хранат здраво, а за надвор здравје.
За темата погоре, сметам дека треба да се почитува ставот на родителите без понатамошни приговори од останатите, без "ама...", без "ама ќе јаде натака во животот тоа". И не, не сметам дека им е казна ако не почитуваат да не ги ни гледаат децата, баш тоа се случи кај нас, само последица е на нивна акција. И заштита на мојот мир, не знам како ќе се сфати ова ама искрено, мене ми беше побитно да не се гледаме воопшто и да бидам психички раат од колку да се видиме и времето да го потрошам објаснувајќи за џабе па после да бидам психички исцедена и наполнета со негативна енергија. Туки друго дојдов да прашам, тие што сте користеле проодувалки како сте задоволни? Дали бебето беше заинтересирано за проодувалката, дали се доволно стабилни за да се исправи без да отиде напред и да падне?
https://lococroco.mk/produkt/prooduvalka-ple-end-grou-crvena-kikabu/ Имавме слична како на линкот. Да ја искористи нешто екстремно, не баш. Повеќе како масичка играше отколку како проодувалка. На нашата и се закочуваа тркалата, да е фиксна, да може да се исправа. Некако мислам дека се за баш стабилно дете кое е на чекор од проодување, отколку од старт на овие да се учи да оди.
Во 7ми месец сте имале промени во сонот на бебе? Се буди навечер на два саати или е тоа со вриштење на секое или е буден и си седи си игра по саат/два.
kaj mene pocna da se budi so vristenje se dur mleko ne mu dades, ama bukvalno vristi od placenje na sekoj dva-tri saati, 7 ipol meseci imame i toa pocna od pred nekoj den, prethodno znael da stane i taka malku da zakenka za mleko ama ova sega neznam sto e, duri i premnogu mi e zal ... faza li e sto li e neznam i da dodadam deka i preku den e mnogu nervozen, placliv kako drugo dete da imam, mnogu bese miren sega se place
и моето е 7ипол месеци преку ден е исто покенкав ама не нешто значајно… неги му нудам да цица не е до тоа, почна пак исто ко оред некое време да се буди со вриштење мижи не гледа треба да отвори очи да прекине, мислев дали има скок некој позначаен
Вас мислам 6ти скок треба да ве фати октомври. Сега немате ништо, така ми се чини, прерачунај си. Може се погодило така, ден два да сонува, или му е топло?
и јас мислам сега немаме ништо… секаде различно пишува инску од 33та недела е 6ти скок пишува на штрк
Да не почнуваат заби да излегуваат? Првиот заб го извади на шала буквално ама овој вториот душа ми извади. Се заигруваше сама, можев да ја оставам да направам ручек, да јадам раат, сега ова хаос пак. Пак сака во раце, пак не спие дење, кога ќе се усони почнува во сон прво тивко како да вика, како да сонува не знам и после некое време почнува да вришти и додека не ја разбудам не престанува. Ноќе исто не памтам кога последен пат станала сега мислам на 2/3 саати се буди. Како куче гризе што стигне, го дочекала чешелот нејзин го гледам прееска цел со дупчиња изгризан од едниот заб.
не ми изгледа дека расте заб… нема ништо белко во најава. Он се буди врло време на два три макс саати ама сега со вриштење и не презаспива одма….се надевам брзо ќе помине. Инаку читав дека во овој период сонуваат
Можно е заби да се. Бебе сега на 8 месеци вади четири заби истовремено и знае да се разбуди со плачење и да мижи, несака никако да ги отвори очите. Рацете му се цело време во уста, се гризе што ќе најде, а вкупно има 8 заби, кецовите и двојките горе и доле. Да не ти кажувам колку боли кога цица кога ќе ме загризе, морам со силиконски. И да во осми месец е 6ти скок, дневните дремки некогаш се пократки, некогаш подолги, знае и со плачење да се разбуди од нив. Како и да е вадење заби и скокови истовремено е лудило.
Да си поплачам дека цела вечер не сум спиена. Дали е заб или скок, ќе скокнам јас од тераса цела вечер плачеше на пола саат, секоја вечер е рокер костер, стави ја на една, најди ја на друга страна, преку ден сака само во раце, ако е вака со секој заб како ќе одам на работа бе иначе ваљда е и скок зошто пак ми бара почесто да јаде, мене тоа е ми е најсигурен знак другите не ги препознавам.
Првиот заб кога го извади не ни сфатив дека и расте. Ја вакциниравме трета доза и викав ајде кенкава е од вакцината. Фаќав цело време доле на непцето, значи тврдам дека немаше ништо ни потечено, ни бело, ни ништо. Наредното сабајле кога реков чекај пак да видам веќе беше излезен.
Како ги покривате навечер бебушите? Се врти превртува цело време, не можам да ја покријам никако. Ја бутка тетрата со ноџиња, дури и се буди од што ја нервира. Се караме со мм дека смрзнало бебето (на 40 степени ), прозор отворен, она непокриена. Не знам што ќе правам на есен? Не прифаќа прекривка никако.
Пробај со врекичка. Ќерка ми до пред некое време си спиеше во вреќичка но почна да не ја сака па сега ја покривам само со тенко муслинско на заспивање но исто често се открива и си седи така откриена, ако пробам да ја покријам пак исто така знае да се разбуди и да ми го фрла покривчето.