Мајки здравоо. Ме снема еден убав долг период од форумот ама еве мее. Ние пораснавме пред 20 дена направивме 1 година Официјално проодевме и сега секојдневието ни се врти околу тоа да се погрижиме еден палавко да го преживее денот. Од каде им е енергијата на децава? Вчера 2 часа во парк трчаше, се изморив јас повеќе господинот не сакаше да си одиме, уште да си играл. Сакав друго да ве прашам. Што да давам за имунитет што би помогнало? Од вируси и болести преку глава ми е веќе. Опструкцијата на градите се уште ја има веќе 2 месеци, денес на контрола се надеваме дека е веќе смирено дишењето оти веќе го контролираме рефлуксот и не би требало да прави транспорт. Минатата недела со вирус бевме со висока температура, а не ни оди во градинка. Од септември треба да тргне ама не можам да го вакцинирам оти никако да оздрави. После вирусот со усна кандида е и еве сега тоа лечиме. Моментално му давам вигантол и мулти вит омега на бекутан. Дали мулти витот му е доволен за да качи имунитет? Крвната слика му е стакло
Ние ја намонтиравме, купивме коцки за доле да не ја лупа главата од земја пошто моето дете не знае да седне или легне туку се фрла и ја собравме за 3 дена нејќе во неа плаче најверојатно нема доволно место за да се движи и плус топло и е, а ја ставам внатре после некое време на гледам испотена во главата. Мојата е 120 на 120 ама па и немам место за поголема.
Исто плаче и кај нас. Дури и да има некој со него внатре, не седи, си се врти према излез и си лази надвор. Се разбира на ламинат каде што нема подлога. Ама јас не ја тргам во ходник спроти кујна ни стои, со надеж дека ќе сака понатаму да си игра и да го гледам барем додека сум во кујна. Останува да видиме ...
Хахахаха ме насмеа до надежта. Баш кажи дали се заиграл некогаш на подлога . Јас ја фрлив, и онака големиот парче ја направи, дупки цела. Не земам нова зошто немам надеж .
ние зедовме ваква од пи ки, 180х150, мн е цврста конструкцијата и бебе има огромен простор да лази и да си игра, а и ние да си полежеме внатре
@EarthFire и ние ја купивме од пи ки 120х180 многу е убава, за еден ден стигна. Јас многу се мислев ама нашето бебе ја сака. Мене искрено ми е одмор после лудување низ куќа влегуваме двајцата внатре јас да одморам а сам не го оставам баш затоа што се исправа и не знае да се спушти, цело време ја гриза и си стои на нејзе но ќе научи. Топ е, моја препорака да си земеш
не знам колку траеше кај нас ама тоа беше пред лазење, па се клацкаше на сите четири тоа долго беше може месец дена ама после одма почна да лази на четири немаше војнички. Многу убаво брзо стабилно почна да лази уште негде на 5ипол/6меееци мислам беше. Вежби не му правев никакви
Здраво девојки. Сакам да прашам дали и како имате искуство се жени/девојки за чување на бебињата? Се мислам меѓу градинка и жена, реално кратко сум на работа а и работам навечер така да мислам дека повеќе ќе ми заврши работа да имам некој дома. Ја гледав и Литл ми градинката во Аеродром, ако имате искуства и таму ќе ми значи. Ако не е за тука прашањево, прескокнете го. Фала ви
Мајки дали им давате нешто за имунитет на бебчињата? Бебето ми е 6 месеци, дали нешто треба за зајакнување на имунитетот пред да почне сезоната на настинки? Пие витамин Д со омега, и пробиотик.
Сосема доволно е ова. Плус ако цица тоа најмногу му го зајакнува имунитетот бидејќи во мајчиното млеко има се што му е потребно. На оваа тема имам прашање, дали некоја мајка дава Moller’s омега и дали бебињата ви го прифаќаат. Јас престанав да му давам омега пред некој месец ама сакам сега да почнам пак, 7 месеци е бебе а читав дека може од 6.
И јас сакам да му давам Mollwrs, големата го обожава од Tutti fruti. Ќе го пробам деновиве. За бебиња е 2.5мл дозата мислам
Мајки дали може помош сакам да нарачам да пробаме од шишенцата ма МАМ пд бејби центар но на страната не пишува проток на цуцла. С мене ми треба со проток 2 дали знаете кој се со проток 2 бидеќи не враќаат на пораки
Ние немаме поим каде ја фативме. Бебе има 8 месеци 5 дена изгоре од температура. 6 ден немаше температура и се исфрли по цело тело. Осипот траеше 3 дена. Ништо не ни дадоа терапија само течности и електролити за температурата.
Ако уште бараш игрална, ја продавам од пики истава шо ја пишале погоре, еден ден користена, малце се преценив со димензиите, ми ја фаќаше цела дневна немаше кај да стапнеме пиши ми порака ако си заинтересирана