Значи во дневна седи на подлога, точно 5 чекори има до кујна, одам да земам нешто, почнува да плаче со едни крокодилски солзи. Јас не би се секирала да плаче така по татко и, ќе ја искористам приликата грбот да го одморам, ама немаааа Исто ако седи со татко и на пример во спална и си играат и ако случајно ме види готово, одма почнуваат плачките.
Не се потпирам баш на тоа дека ќе ми го зштити мајчиното млеко. Затоа и барав нешто витамини. Малце ме фрустрира што веќе на оваа возраст треба да имаат два оброци воведено а еве правам муабет со другарка, пола месец и е постаро бебето од моето и ми вика дека планира да го појача на мајчино млеко да биде повеќе ради претстојните вируси а не ни планира да го пушта во градинка. Јас што планирам да го пуштам што ќе правам ако е така работата. А од друга страна притисок да го навикнам на вкусови оти таму нема да го тинтраат и гладен ќе седи ако не јаде.
Јас скришно одам во вц инаку немам сили за драмите кои се дешаваат ако ме види. Кога сум јас тука кој сака нека е друг џабе, се сака со мене да прави и само во мене се пика а ако не сум тука нема гајле си седи си јаде си игра со другите Така да обично ако треба некој друг нешто да ја почува јас морам да се искрадам да не ме види и да ме снема...
,И кај нас е така - само да не ме види! Се корне по мене! Ако ме нема - не е проблем никаков, со сите седи, игра, јаде. Маж ми вика аман не се појавувај, друго дете е ако не те гледа
Пред некој ден мајка ми дојде да ја чува јас имав обврски на работа но и маж ми исто беше дома ама на состаноци заглавен. По некое време кога се појавил во видно поле со него била како со мене што е и не сакала ништо со мајка ми туку со маж ми. Ми вика после тоа "еее гледам како ти е цело време"
по татко му, не знам одамна прави така. Кога ќе дојде од работа одма вришти сака да го земе во раце додека не го земе не прекинува. И така да седне да поигра до него после ќе заборави, сега почна чудно периодов плаче вришти уште по татко му ама сака и јас да сум тука ќе го земе татко му и ме ѕирка и мене ако излезам од соба кенка сака да сум и јас тука и татко му. Деновиве почна и по мене да заплакува а инаку не знам стварно одамна праи вака… можеби 2месеци
Имаш напрсток за бебе , силиконски се. Од прво запче со тоа, сега веќе е ,,голема” и има четка за забите.
и мене ме интересира и каква паста, гледам бебешките се без флуор а сите велат правилно е со флуор да е пастата
Од прво запче, паста тогаш земав на Чико, има од 6 месеци една, а четка од ДМ на Jordan. Сега сме поголеми па четка иста користиме а паста сменивме на Elmex.
Јас прашав на педијатар рече само со тие како напрсток што се до година, после тоа имало пасти за заби, сега било уште рано, доволно било ова само.