Вреќичка за спиење за година и 2-3 месеци бебе сакам да земам сеа за зимава ама не знам кој тог да земам... не поднедува многу топло она а и дома не ни е нешо ладно у спална е потопло некако
Искрено јас би давала само купечки на толку мало дете, евентуално банана од тамошното овошје. Од лекарства, без парацетамол/бруфен што и да му даваш за температура не тргнувај, пробиотик и електролити. Толку носев лани, а лани годинава и сирупче за алергија земав. @angelce23 Од Vibboo 0.5 тог, тенка памучна е ама и кај нас е топло па таман му е.
Мајки, што им ставате на ноџињата на бебињата за надвор кога ги шетате? Сите тие како папучки или патичиња меки ми се од неубави материјали, полиестер итн. Знам дека нема да биде на голо ставено, туку на чорапче, ама сепак сигурно повеќе ги поти.
Pa 1.5 до 2 тог ви е доволно ако е облечено добро бебето одоздола, зависно колку е собата топла нели... Ние користевме 2.5 тог без ракави со одоздола боди по долги ракави, собата беше околу 22 степени на зима.
Јас користам vibbo 0.5 tog за зимово можеби 1 ќе земам ама не сум сигурна, топло ни е дома 23-24 степени
Најчесто само чорапчиња ако беше потопла собата, а ако беше поладно и надвор вечерта, облекував и целосни пижамки по долги од тие со патент или копчиња...
Од колку месеци почнувате со разгледување книгички и препорака за едукативни книги за најмала возраст <1г.
јас почнав веднаш штом почнав да ја ставам на меше и да го држи вратот, и покажував прво црно белу картички и сликовници а после почнав секакви сликовници од топер, имаат голем избор
Првиот одмор имаше 9мес и само купечки земав и оние кутиите исто на хип со вода што се прават. Најубав и најлесен одмор. Олесни си го и за себе нема ништо да му биде 10 дена на купечки а ти нема да се мислиш и замараш
Дали давате пробиотик на бебиња што се на доење? Нас ни го укина педијатарот од 4 месеци и некако ми е мисла дека не му давам. Бебето нормално си кака, еднаш дневно, без потешкотии.
Јас не, само чорапчиња кога заладува, а пролет/ лето нон стоп боси ноџиња. По дома нон стоп бос, подобро лази така.
Моето дете ќе полни 9 месеци за некој ден и уопште не го интересираат книги, ама затоа има други интереси. Пробај со едноставна со сликички, ако се интересира ќе земеш и други. Битно е да се поедноставни, пр. со едно животно на страна, не многу шарени итн.
Прочепкај на интернет има кој тог за која собна температура е и што треба да имаш облечено под вреќичката. Со 0,5 и 1 не би одела дека тие се за лето. 1,5, 2 зависи колку е топла собата кај што спие. Како скроз мало бебе го ставав во вреќичка, сега сакам пак да пробам па да видиме. Она е раат и не го мислиш дали е покриено/ откриено.
Црно белите ги поминавме, мислев на книгичките за разгледување што се, кога почнавте со нив Благодарам и ние сме тука некаде со возраста и уште се става во уста, ќе купам да сме спремни и ќе почнеме, секако засега акцент има лазењето, таму е насочено.
Мој совет од лично искуство е да не си правиш притисок. Млекото е главна храна во првата годинка на детето, затоа и се вика дохрана. Не знам како ги спремаш, може комбинациите не му се вкусни. Некогаш кога спојувам некој зеленчук со месо што не оди дава никаков вкус и не ми ги јаде. Најдобар совет што ми го имаат дадено, додавај праз, кромид и лук за вкус. Кај нас лук и кромид создаваа многу ждригање и прекинав да ги ставам, но затоа праз скоро во секоја ставам. Мене ми иде да ја изедам од што е вкусна. Еве ти предлог комбинации: Брокула, компир, пилешко месо. Морков, компир, праз, телешко месо. Сладок компир, праз, пилешко/телешко месо. Карфиол, компир, пилешко месо. Пашканат, компир, телешко месо. Црвена леќа, компир, праз. Овошни давам купечки најчесто на хипп и дм био, како ужинка или десерт неколку лажички после зеленчукова. Јас ги правам од око, ама имав прочитано дека зеленчук треба да е најголем дел, компир на пола од зеленчук, месо околу 30 гр. по оброк. По мојата математика ќе му дојде 50% зеленчук, по 25% компир и месо. Праз колку за вкус.
На 3 години ахахах моево година е, у најјакото е. Правосмукалка е дома. Големото волку не пикаше се во уста . Пикавци, прашини све пробува да изеде и надвор.
Од литература мајка ми и купи малечки сунгерести книгички се, за овошјата, зеленчуците, боите, животните, 4 беа ден денес и се омилени инги врти, низ нив ги научивме и ономатопејскитр звуци за некои животинки, мн се убави дека се малечки таман за нивните рачиња. Околу 7месеци и ги поклони ми текнува