Купивме неколку со животни и возила, нешто не е импресионирано, не слуша што раскажувам, во уста ги става Ќе смени понатаму се надевам.
Дааа малечка е, животните и се ореинтересни на ќерка ми. Сега и купивме и дрвена фарма со сите животинки и се отвара и затвара со врата па немаш поима колку си игра, прееска вика ав ав нани нани го успивала кучево во фармата таму околу 10месеци веќе почна да посегнува и да ги разгледува убаво книгичките, можде е и до детето, моето дете е фасцинирано ид книги нека и потрае ентузијазмов бар до 1во/2ро одделение твојата е малечка тек сега ќе почне ќе видиш
Хахахха исто моето. Ма какво слушање, си тера он неговото. Купив една со животни и звуци. Се уште му ја немам понудено, планирам да ги ротирам играчките па ќе ја понудам тогаш. Се надевам ќе му биде интересна
Мајки што доите и се вративте на работа: што правите со градите, дали се одмолзувате да оставите млеко дома/градинка, кога се одмолзувате...? Не знам како со ова. Бебето јаде доручек и ручек, ама цица во меѓувреме за дремката. Ако се измолзувам, не знам кога да го правам тоа, сабајле ќе цица и не знам колку ќе имам за молзење....
Не се вратив уште на работа, али бебе иде во градинка на адаптација, и му давам да цица дури накај 15 часот, само сабајле кога ќе стане цица, после во градинка доручкува, ужинка и руча па го земам накај 12 и 30. Доаѓаме дома и заспива без цицање, го учам да заспива така сам на кревет. Инаку не се измолзувам, едноставно намалувам подои, менувам со оброци и ужинки. Некогаш знае да цица и после 16:30, му давам ужинка кога ќе стане од спиење.
Какви игри играте со бебињата од 8-9месеци? кажете нешто интересно. Моево само сака да се пентари да стои, иде по кревет, се префрла од еден на друг предмет сам. Почнува да се пушта стои по неколку секунди во место ама игри ништо не правиме, само е негде испентарен Па викам да не заостануваме гледам по инста рилс како прават, сфаќаат многу работи
и моето само сака да стои и да се качува по се. со играчки малку ќе се залажи по пет мин и после пак сака да стане, исто и со сликовници, порано ме слушаше кога читам сега само сака да ги земе и да ги свиткува..
Мајки, бебево е 6 месеци и заспива само во раце нели. А на 9.5 месеци ќе мора да оди во градинка и се мислам, таму сигурно нема во раце да го заспиваат? Дали да почнам да го учам да заспива сам, и како?
Бебе осумипол месеци, си јадеше каши убаво и наеднаш престана да јаде, ја стиска устата ја врти главата и плаче, пробано со домашни, купечки каши, дури и со парчиња, единствено што отвара уста да јаде е палента и грчки јогурт. запчиња има три излезени, нема некое да пробива моментално.. некој со слично искуство?
Моето така престана зеленчукови, тој период траеше негде месец ипол каде одбиваше скрос да јаде, плаче не отвара уста, немаше шанси ништо да му дадам, послем магично почна се да сака повторно како порано што јадеше со сласт, најверојатно е некој период
Исти бевме, од мали во раце, некаде 7 месеци беше кога почна да ми успева да го спуштам долу на спална и да си продолжи да си спие. Ама чекај ти прашуваш за сам и да си заспие, или да спие сам? Не знам од кога се способни сами да заспиваат моето исклучиво во раце или при возење во кола или количка.
моето од 7 месеци почна само да заспива, неколку заспивања со нишкања ми плачеше и не сакаше да заспие и почнав да ја спуштам на кревет до мене за да се смири и со врткање низ креветот и со цуцла во уста сама почна да се заспива, сега е осумипол месеци и цело време така заспива, и ставам мече со шумови на кревет, некогаш заспива врз него, некогаш врз мене, јас само лежам до неа во тишина
Моево само заспива од 2-3 месеци, има моменти кога заспива со цицање али претежно сам заспива, го легнувам до мене на спална, со цуцлата во уста, ќе се преврти неколку пати во кревет и ќе си заспие. Откако ќе заспие цврсто го префрлам во негово креветче.
Некаде видов дали на Инстаграм или на тик ток не се сеќавам, ако сакате пола саат раат закачете штипки на прекривачите и оставете го детето на земја. Кај мојава функционира, иначе нема раат веќе. Фаќа кај што не треба, кабли, штекери, завчера прочистувачот го бутна кога проба да се исправи на него среќа и она не падна.
Уживај таму прават магија бев на родителска во понеделникот ми рекоа дека ја ставаат во креветче ја нишкаат за газе и заспива. И викам на негователката за моето дете зборите??? Да мајка. Аууу викам тоа дома не се видело. И уште дома заспива во раце а во градинка магично легната со нишкање во раце.
мојов ќе ги лапа штпките и јас ќе паничам да не лапне од металните делови хахах. Не дека не се занимава ама повеќе мислев на оние работи здраво, браво како ги учите. Бакнеж, тропање итн итн. Моево само чао знае сеза за сега
Peek a boo / нашки - ѕе - на ќерка ми онилената игра. Сега кога е поголема кога работам нешто низ кујна ми се крие позади островот кога не ја гледам и ми прави ѕе и се убива од смеење сама кога беше 7-8месеци почнавме и многу се смееше и ден денес сака да си играме тоа / криенка