Играме тапшин тапшин танана и здраво здраво здраво да се упознамо Што и да направи и викам браво мама, кај и да одам и во друга соба или веце и викам чао мама и деновиве само тоа прави или мафта или плеска браво а може и во градинка да учат не знам. Бакнеж уште не дава ама не сум ни пробала тоа да и правам, бабите ми се повеќе за овие работи. А за тропање од мало лупа на маса и се зезаме дај пивото
Мајки, вие што користите памперс премиум и бебчето ви има 11-12 кг , кој број зимате? Ние сме на 5ка но ми личи некако дека сме за 6ка веќе…
Мојот е таа килажа, јас користам актив бејби и гаќички, за сега е ок ама некако е граничен веќе, само терам додека може 5ка, 6ка се уште поскапи . Зависи и од конституција тоа, големиот до 3 ипол скоро носеше пелени, 6ка не заносе. Слаб беше.
И јас денес истото си мислев, веќе два дена му протекува навечер, 11 кг има и 5ка користам. Сакам 6ка да земам и за гакички се мислев, но ми изгледа покомплицирано за преслекување кога е покакан, зошто како борба со лав да имам
Хахаха е крај мислев само ние сме со дај пиво кога тропа по маса. Исто од мало почна и така се зезавме и до ден денес ако речам дај пиво, ќе тропне по маса . Леле пресмешни се
Епа нема шо ќе играш, си сака да се пентари детето . Шала на страна, ништо посебно, тапшин, ѕе и играчките што се на подлога кога е расположен. Ама тоа 3 мин. и толку. Се бркаме низ стан, си кенкаме и тоа
Па да де, ради тоа цената на парче доаѓа помалку. Ние ќе издржиме уште малку со 5. Има некои пелени помали се, од нив 6 би биле сигурно.
Гаќичките се кинат од страна по раб кога ги вадиш. Воопшто не е комплицирано за слекување. Мене повеќе ми беше што комплет морав пантолони и се да вадам за да облечеме нови гаќички.
Мајки што сте поминале 6ти скок со бебе на 8 месеци дали имавте вакви ситуации: бебе се буди сред ноќ со плачење, му давам да цица, ќе се најаде и никако не презаспива туку се тегне саат време како да е време за станување. Само што влезе во скокот и веќе неколку дена мака мачиме одвај го презаспиваме. А претходно бевме на одмор и супер ред си имаше фатено се изнаспавме и ние покрај него.
И на 8 и сега во 10ти. После скок е преубаво, гледаш нови вештини, детето пораснало, ама за време на скок ... Трпение, трпение, трпение. Инаку да тоа углавно се дешава на скоковите со сонот. Ако лази, ќе лази цело време по спална, тебе ти се спие, ти се плаче.
дааа, се буди и саат, саат ипол седеше како со аларм се накај 4ч наутро. Јас не се трудев да го презаспијам, само затемнето тивко си игра он јас го пазам
Колку време трае ова? Инаку истоо околу 3-4 саат некаде се буди и скроз е расонет, спремен за игра. Ноќеска дури мислев да го однесам во дневна да го спуштам на подлога и да си легнам до него додека си игра
па имаше 6сврзани ноќи такви па две ќе преспие, па пак така. Не траеше многу 2недели ама не знам дали сме излезени
Здраво, да не има некој кабелче за полнење од ваква камера или целосен пакет со камерата половна да купам? Мојата топ работа ми врши, меѓутоа ми се расипа кабелот за мониторот и сега не се полни добро и не трае батерија со заменски кабел.
Од што може бебе 10 месеци да има пролив веќе 5 дена и дали освен пробиотик сте давале нешто плус? Мислев да не од храната во градинка ама оди веќе цел месец, прашав дали нешто смениле од претходната недела да не е од нешто ново, викаат не е. Викендов беше дома на млеко и банана, се згусна, вчера беше во градинка, денес пак вода. Вака е расположена, си игра, нема температура, ниту нешто друго или да плаче, и каката е златно жолта. И кажав на педијатарот рече само да смениме пробиотик и толку. Ваљда вирус не трае толку долго, не знам. Ми е страв да не дехидрира мада не кака толку често, ама сепак е вода. И електролити и давам.
Колку пати во денот има пролив? Мојава по еднаш во ден имаше 4-5 дена. Вирус, кој она вака лесно го помина, ама затоа јас…
Мене два пати ми направи вака, минатата недела и ноќеска. Ја легнав со нас на спална и и дадов цице, среќа брзо презаспа. Немав сила у 4 сабајле за нишкање, тешка ми е веќе особено кога сум поспана!