Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    1.550
    Допаѓања:
    1.417
    Пол:
    Женски
    Секако не верувам на се што ќе прочитам и читам да, но не се преоптеретувам. Фала богу досега е едно здраво бебенце со нормален развој, само со накачување тежина имаме проблем. Е сега љубопитна бев кога да очекувам мама.
    Инаку за зборче, дали ги учите повторувајќи им постојано, пример кажи мама или оставате спонтано?
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    2.646
    Пол:
    Женски
    И зборам кажи мама, викни го мачето (имаме маче) кажи мау, учиме каде е мама, каде е тато, оди види кој дојде. Отприлика тоа. Бабите повеќе форсираат по старски некои работи ама веќе се навикнав :rofl:
    Иначе јас се оптеретив дека ако не му збориш на детето дека нема да збори, затоа и и зборам толку многу и некогаш си викам дека сериозно нешто не е во ред со мене, дека нема потреба од толку малтретирање. Сега на пример е болна и инхалација правиме со песнички и за тоа се нервирам пошто нели ако гледа дете телевизор нема да збори. Затоа и реков ако земе човек да чита што се се пласира ќе се мрднеш. Еве јас сум на работ :rofl:
    Реков ќе почнам да кулирам малку па ќе видиме тоа како ќе иде.
     
    На Joanna28 и Vegegirl им се допаѓа ова.
  3. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    1.782
    Малку надвор од контекст, ама што спомнувате интернет, фб и слично: најпростата маса народ е собрана на фб, вклучително и мајки! 2 дена бев вклучена во групата за породилно на фб, и брзопотезно излегов! За ЖДМ...ноу комент!
    Сфатив дека живеам во бабл, со одбран круг луѓе и не сум ни свесна колку прости луѓе има околу нас.
    Мора да се бира што и каде се чита, иначе маф ни е работава.
     
    На КаринаТ, MeowMeow, Feniksgirl и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    599
    Допаѓања:
    889
    Пол:
    Женски
    И за килажа да не се секираш, кај мене со песнички се храниме од почеток некогаш сама зинува уста некогаш не сака, јадиме по саат време некогаш, вода некогаш пие многу некогаш чај, 11 месеци е, се е период само ќе ти каже што сака и кога сака. А за зборување сега само си кажува тата баба деде ама не разбира уште наменски да го каже. Се врти кон луѓе само кога ќе ја прашаме на пример "каде е тато?". Си покажува со прсте некогаш кон работи ама мислам и тоа не е наменски.
     
    На hannybanny му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    383
    Пол:
    Женски
    Хахаха скроз се пронајдов за зборувањето, уста немам затворено сама на себе сум си досадна :D
    Мојата е 8+ татата вика само и уште нешто неразбирливо по нејзино, брбљање
    Денешното време е створено притисок да им прави за се на мајките!
    Јас се опседнувам и со храната, јаде по 4-5 лажички и толку после протестира, а ако ја видиш ќе речеш ова дете само си јаде, 10,6 кг е. Пред некој ден ми бљуцна малку засирено млекце кога го видов каков кајмак е си викам што ќе јаде од цицањето е скроз заситена, очигледно ми е уште многу хранливо млекото
    Моите баби се опседнати рачиња да ја тераат да им подаде, а она тоа го прави само по мене :D
     
    На Bibsss и hannybanny им се допаѓа ова.
  6. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.503
    Допаѓања:
    11.577
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, ајде тука прво да прашам.

    Ситуацијата е следна:
    Бебе направи 6 месеци а во градинка сакам/планирам да почне да оди на 1 година.
    Некој ми спомна дека има опција педијатар да пише потврда/некаков документ за детето и дека место да почнам на работа после 9 месеци, можам да останам дома со бебето уште плус 3 месеци.

    Ве молам ако некој знае за ова што како да ме упати, многу ама МНОГУ ми треба да останам дома уште некој месец.
     
  7. hannybanny

    hannybanny Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    1.475
    Допаѓања:
    2.646
    Пол:
    Женски
    Не постои вакво нешто, особено па ако си во приватен сектор. Јас работам во оддел човечки ресурси, нема тоа, единствено ако сакаш неплатено родителско отсуство. Тоа можеш да бараш секоја година по максимум 3 месеци, ти мирува работниот однос, но кога ќе се вратиш никој не ти гарантира дали ќе бидеш на истото работно место, не се плаќа здравствено ниту пензиско.
     
  8. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    4.035
    Допаѓања:
    9.486
    Пол:
    Женски
    Прашај за анемија да не даваат нешто такво како да имам слушнато. Ама ако немаш некој сериозен здравствен проблем на бебето не дај Боже, тешко мислам. Евентуално неплатено отсуство 3 месеци.
     
  9. Veci@123

    Veci@123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2024
    Пораки:
    678
    Допаѓања:
    1.149
    Пол:
    Женски
    Тоа ти е боледување за нега за дете .Да може да се продолжи ако детето е болно,анемично.Јас можев да земам дека моето е приматурче 26 недела се роди ама јас дека од дома работам не продолжив,а останав и бремена со 2ро.Исплатата ти е преку фонд и се оди секој месец во букуреш на комисија.Слично како патолошка бременост ама одиш на специјалист за деца .