За градинката не се секирај многу им прават они ред. Јас сега сфаќам дека моето дете нема ред само со мене, извољава, а демек е уште бебе и не разбира. Море како разбираат се.
https://pedijatar.mk/preporaki-od-l...so-varichela-kolku-i-da-chesha-negoviot-osip/ Инаку сум пишала во претходната објава хидроциклин, згрешив, се бања со раствор од хиперманган.
Мачно... и дадов кај 4ипол сабалје тек да цица, спиеше со сопругот. Често стануваше и кенкаше плачеше, па ќе се измори пустата и ќе презаспие Денеска нема никава промена во апетитот исто беше по 3-4 лажички вкупно Ќе дадам се од себе скроз да и ги тргнам ноќните подои
Офф Моево пошто пие од шише (не сака да цица) гледам колкава количина пие. Кај нас конкретно намалувањето на млекото не го подобри апетитот... Ама и јас сакам периодов да го навикнам навечер да не давам воопшто млеко. Само малку сум 'отепана' деновиве, и сакам малку да се опоравам па да почнеме со одвикнувањето и неспиењето...
некако истото го мислам дека ќе биде и кај мене, едноставно дете нејадач од 11 кг )))) Иначе вторава вечер беше многу полесна, 3-4 пати стана ама многу брзо се смируваше. Во 5 сабалје и дадов да цица некако не можам скроз 10-12 саати да ја оставам без млеко мала ми е
Викаат дека за 3-4 вечери, до кај 1 недела, обично навикнуваат да не стануваат кога ќе намалите на 1 подој сигурно после многу полесно ќе е скроз да исфрлите
Какво седиште за бебе користите и дали сте задоволни? Кај и да е се ближи време да го пензионираме транспортерот па реков да искористам нешто попуст ако се начека за црн петок. Гледав во бебе центар, енци менци и бебе хоум. Некако maxi cosi ми фати око сма има убави и на chicco. Битно ми е да има ротација седиштето зашто уште е мало да го ставам нанапред да гледа.
Здраво мајки. Бебето за 2 дена ќе биде 6 месеци, веќњ пробавме неколку вкусови, јаболко, морков, праска, кајсија, слива, круша, тиква. Минатата недела имаше тврда столива,значи му остануваше на газето како топка, се мачеше да се искака. Сега последниве двапати не е така, но тој пак плаче кога кака. Дали е можно да го боли газето или е некпј страв?
Истиот проблем го имаме/имавме, кога почнавме со немлечна исхрана. Кај нас проблем е што одбива вода. Пробај потечни да ги правиш кашите, избегнувај банана, консултирај педијатар за маслиново масло дали можеш на оваа возраст, јас ставам посебно во зеленчуковите каши, ама моето е поголемо. Моето фати страв од какање, секогаш кога ќе почнеше да кака почнува да плаче, па го расоблекуваме и помагаме со ножињата кренати. Се случи и да видам крв, се консултитав со педијатар не е страшно се подразбира иритација од запекот.
Многу ти благодарам. Вторп дете ми е, ама со прцото не се сеќавам дека вака беше, со неа поспцна почна запекот. Еве втор пат сега какаше денеска, баш меко беше размачкано, почна да плаче па гасови доста испушти, потоа низ игра, трчање со него во раце изгледа се искака и не плачеше тогаш.
Се подобро и подобро, спиеше од 19.30-04.30 без да се разбуди, па и дадов да цица зошто никако не успеваше мм да ја смири, цицаше заспа до 8 За вечер ми е мисла дека ќе бидеме сами, и кога ќе ме осети мислам дека ќе вришти Колкаво е твоето?
7.5, а твоето колку беше? А ме интересира, кога ќе се разбудеше го зема сопругот во раце и го нишка да заспие или?
Скоро па 9 Јас немаше да го почнам ова да не беше проблемот со нејадењето, а сега ако гледам реално мислам дека е добро да се направи, ем нема да јаде навечер и ќе се учи полека полека да врзува повеќе саати сон ем ќе научи некои техники сама да презаспива Јас сум прва за тоа дека на бебе треба да му пружиш утеха во секое време и да му дадеш тоа што треба, ама тоа може и со гушкање нишкање да се направи. Мене давањето града по 15 пати во една ноќ ми беше и линија на помал отпор зошто знаев дека така одма ќе ја презаспијам нема да треба да нишкам и јас да станувам од кревет навечер
Здраво мајки. Ние имаме скоро 8м и последнава недела имаме проблем со јадењето од бебе јадач се смени скроз. Имаме појадок и ручек и до пред една недела јадеше супер. Извадивме заби горе 4 оддеднаш. Кецовите се целосно излезени, двојките половично. Тогаш го препишав проблемот на забите меѓутоа сега не знам дали е уште од тоа. Гладна е се тргне по јадењето ама и давам со лажиче ја врти главатаа не отвора уста. Со рачињата сака да враќа во тањирот ајде реков нека нека се најаде мора да научи меѓутоа нејќе ни така. Јас и давам со раце додека она мешка меѓутоа тоа се неколку залчиња не е оброк како што јадеше. А уредно си цица тоа не го одбива. И вода си бара си пие. Некој совет, слично искуство?
И ние за некој месец правиме 8 месеци, не дека беше некој јадач бебето но барем еден оброк имаше, три дена уста не отвара да јаде, по цел ден кенка несака ни во раце ни да си игра ,таман ќе се заигра ќе не види и ќе почне да плаче, уште не се пробиени горните кецови, незнам што се случува од мирно бебе стана неподносливо
бебе направи први чекори многу различни работи читам па ме интересира како сте правеле? дали сте чекале убаво дс прооди за да правите стапалца? нешто гледам чекаат на млада месечина да прават стапалца, па во одвоено тесто да нагазне бебето со ноџето.. јас првпат ги прочитав овие работи па ме интересира дали нешто од тоа сте почитувале
Јас стапалки направив второво кога прооде асално скроз низ соби да шета сам. Првото дете од старт така прооде, второво од 11 месеци се пушташе од 1 до друг крај на соба ама не беше асално прооден, тоа после месец дена некаде. Инаку се погоди млада месечина да е, тој адет го направивме ете, шубе ми беше дека за забите ништо не направив, а детево се премачува кога ги вади. Лесни чекорчиња инаку!