@danichap јас пак ќе речам мислам дека гените си имаат улога. И дека секој има различен метаболизам. Не сме сите исти и тоа е. Ако е здрава, права, пргава и со добра крвна слика мислам нема мегдан за нервоза.
@danichap да не го мелам истото во круг што веќе е кажано, ги исчитав сите мислења, јас само ќе додадам дека ми изгледа бебушот твој има брз метаболизам штом кака по 2-3 пати и затоа не качува многу. Сега откако ќе воведеш редовно млечни производи, мислам ќе и се смири стомачето и нема да има гасови. И јас бев многу окупирана со ставањето поточно со НЕставањето на килажа, па се консултирав што да сменам во исхраната. Кажано ми беше во секој појадок освен овошје да има редовно житарици, да зачестам со скробни продукти (компир, ориз...) и да давам секој ден урми (за ова сте мали). Исто така и гризот поправа. И мене ми беше многу битно на здрав начин да ја поправам, да не бутам само бисквити, и имаше ефект.
Zatoa mislam deka e greska napisano,vnuka mi se rodi so jaka krv pa primase infuzii i okolu 2 nedeli lezese vo bolnica dodeka i ja simnaa.Ne e vo red da ima dete ni slaba krv,no tolku jaka krv moze do dovede do ozbilni problemi.
Здраво Дани, Да се приклучам на муабетот. Особено се приклучувам во согладување со џој, китен, и другите што ти пишале. Ок, качила само 200 грама. Можеби требало да качи повеќе, не велам не. Но не може одма да се крева паника и да се реагира круто без при тоа да се испита крвна слика. Патем, што е работата тука што е толку тешко да се испита една крвна слика?? Малава моја гореше од температура (40.2), ја однесов на педијатар, краток преглед, да продолжам да давам антипиретици, малку црвено уво и директ антибиотик. Искрено, верувам беше вирус, ама дадов антибиотик, што да правам. Не знам ни кај да одам нит кај да пустам... Ама нит беше спомната крвна слика, а за црп муабет да не правам! Дури бев искарана што ја дојам, затоа што од млекото не можела шлајмот да го исфрли.. Не велам не, ама има и бенефит - детето не дехидрира, имуни фактори... Ама нема везе. Се занесов, ама морав и јас дас споделам фрустрација за крвна слика!! Не се децата роботчиња па по правило да растат. Башка колку што знам периодов вадеше заби малата, тоа како плус. Ако си јаде раат, ако си кака ко што викаш 2-3 пати на ден, значи си внесува доволно храна. Да е гладна нема да кака! Очигледно се работи за брз метаболизам. Мојата до денес оди и по 4-5 пати на ден. Ако е весела, нема проблеми, нема што да се паничиш. А и хранење со сила не бива... Џабе ширење на желудник. Исто како Китен, би те советувала да ја зголемиш калориската вредност на менито. Сабајле - овошје со житарки, за ручек - свари исто по некоја житарка... Во однос на киселото млеко, давај ѝ да си јаде колку сака, ич да не му ја мислиш. Ако ѝ се допаѓа, а гледам повеќето деца го сакаат, давај ѝ. Јас на мојата ѝ давам со овесни снегулки. Инаку, за брзо ги воведов и киселото млеко, и павлаката и јогуртот (од млечни производи). Ќе си го пратиш детето, а не да го држиш на компир една недела. Млечните производи секако нека се полномасни. Може грешам, ама јас ти кажувам јас како би постапила. Можеш едно ехо на стомаче превентивно колку ти да си мирна ако се преоптеретуваш, ама мислам дека нема простор за нервоза.
Ќе побарам второ мислење, но сум далеку посмирена. Фала уште еднаш за секое мислење. И јас си викам гладно дете нема да кака после секој оброк(значи не е ниту пролив ниту запек), нема да е активно цел ден и со спиење само 2 пати по 15 мин, и нема да е весело, задоволно и пред се здраво. Бебуш извади 8 заби до минатиот месец. Последниве недели е раат, па повторно се стабилизира. Предходно реално помалку јадеше во тие фази. Иако според докторката забите немале врска . Решив појадокот да и го поместам орано наутро за да извадиме ужинка со киселото млеко. Доколку навечер спремам овошна каша, односно сварам овошки(јаболко, круша, кајсија, слива...) и плус житарици(просо, киноа, амарант), може ли да се даде после отприлика 10 часа? И да, целаа драма е крвнава слика тука.
Како мислиш.. Не знам дали те разбрав добро... Да направиш од вечер овошна каша? Јас искрено немам пракса да правам така, овошјето додуше свежо секогаш сум го давала, па лесно ми е сабајле само да го излупам и блендирам. Исто како житарки додавам различни житарки (пченични, овесни, јачменови, 'ржани) но во облик на снегулки во блендерот па и тие не бараат многу... Просо, киноа, амарант, давам обично со зеленчукот, затоа што таман ми испаѓа да ги варам додека се готви зеленчукот. А навечер избегнувам да давам овошје, затоа што го убрзува метаболизмот, дава енергија, шеќер е сепак, и бара да биде потрошен... Затоа навечер се држам за млечен оброк со житарки. Може не ти ни одговорив на прашањето, а си се изнапишав...
Да ги сварам овошките од вечер во едно тенџерче, а во друго киноата на пример. И до сабајле да стојат во истите. Утрината да ги измиксам само. За кога станува да имам одма да и дадам. Оти ги отвара очите и гладна е. Нема да има трпение да ме чека да и спремам. До сега првен и давав да цица, па потоа почнував спремав појадокот. Ако сакам да го поместам појадокот малку порано ќе треба или така, или да станувам порано па да и спремам .
Дани зошто да вариш овошки? Јас круша,јаболка не варам,авокадо исто. Е сувите од вечерта ги ставам вовода. Или почнувај со цедено сокче. Бар дур се навикнеш порано да станеш. Јас некои кашички давам од денес за утре. Пример кашата со сува кајсија и слива. Само зависи со што сабајлето ја комбинирам. Свежите овошја не се убави од денес за утре.
Само авокадото и банана не сум ги варела/спремала до сега. Можеби е време и за останатите овошки. А течности одбива да пие. Мака мачиме и со сила малку од малку, колку без ич вмесува. Секако ќе треба да варам просото/киноа...па доколку може од вечер арно, ако не ќе почека мадам.
@danichap немам варено овошје и да стои така, претпоставувам доаѓа како компот кога се прави, ама сепак некогаш кога ги сварам порано еден саат само и веќе гледам дека оксидирале иако стојат во вода, така да не би овошјето од вечер за утре. А зошто не сакаш да и даваш да цица кога стане? Нејќе ли после да јаде, ја засити? Мојава па обратно, таа воопшо нема апетит насабајле. Ко мама и Те читав прееска и се мислам: како бре може некој да рече да на бебе треба да дадеш да јаде повеќе? Јас мојава нема шанси една лажица повеќе да и дадам од што сака, единствено со сила да и отворам уста и тогаш ем што можам да ја повредам ама таа ќе го плукне тоа знам. Секој си го познава своето бебе и навиките негови најдобро. Тоа требаше да сфатам кога се во прашање доктори, а колку пати ме нервираа. Тие слушнат само оно што им кажеш и врз основа на тој инфо тие носат заклучок. Ама ние знаеме цела сторија која стои позади тие информации и затоа не можат некогаш доктори да разбераат или ние нив, да се поврзат со бебе. Јас не би ја држала само на компир. Што сега ќе ја изгладнуваш малата ради што? Здрава е права, гасови и мојата има. И возрасен човек има гасови. Така.. додавај житарки, кисело млеко колку сака, тоа е лесно сварливо, можеш житарки со кисело и банана, ете убав доручек. За вечера и давај млечна каша најубаво. Ручек зеленчук со месо и/или житарки. Помеѓу можеш малку овошје пак. И пак нема да е гаранција дека ќе качи на килажа. Едноставно можеби е таква. На мама Ако е задоволно бебе не знам зошто мора да јаде повеќе од што сака. А должина е исто битна. Она расте, можеби следниот период повеќе ќе качи. Колку сум се само нервирала со син ми. Тој на година дена едвај имаше 9 кг. Ама здрав. После година и пол некако се збуцка. Па следуваше период кога се истенчи, издолжи, па пак се збуцка. И сега кога се спореди со дете кое како бебе на неговата возраст беше поголемо во секој поглед, сега се исти потполно мојов па и важи за крупно и високо дете сега. Е малечкава моја е исто малечка. Ама таа е. Ако и се јаде ќе јаде, ако не- што е гајле дали јас се нервирам што не изедела 200 грама туку само неколку лажици. Таа пак задоволна. И таа ќе си порасне, само моите бели влакна нема да станат црни повторно, ќе треба да се фарбам доживотно
После каша не одбива доење и да и дадеш, но после доење ќе стисне муцката и нема шанси да пикнам лажичето, не сака. Претпоставувам сита е. Ради екстра ужинката која ќе се обидам да ја воведам сакав да скратам еден подој...па ќе видам утре како ќе биде. Фала уште еднаш на сите.
И мојава така. После млеко слабо ќе јаде или воопшто не, ама после јадење може да пие млеко. Ваљда им млеко наполни желудникот повеќе... И јас се двоумам сеуште. Таа сеуште има само два и пол оброци, и навистина не знам како да и го направам распоредот кога таа не може повеќе да изеде, можеби не и е време сеуште ама кисело млеко обожава па ќе морам изгледа за тој критичен оброк се да и давам кисело млеко со нешто
Читам и да додадам јас,значи баш ме чуди како докторката кажала да внесеш повеќе оброци.Мојата е 10 месеци,јаде три оброка по 250,сега зголеми зеленчукова по 300 и ставам лебче по една кришка мекото,плус три пати пие млеко по 180,исто кака 3,4пати и цел ден во движење,ништо не се фаќа за неа,сум пробала плус да и дадам за јадење помеѓу оброците ама баш контра ефект ќе касне малку и се заситува,се поместува подолго наредниот оброк и помалку јаде количински,така да колку сакаат нека јадат ,нека се живи,здрави,весели...додека крвната слика е во ред нема место за паника
Баш вчера пишував во групата совети но за деца 12-24... За тоа колку количински јаде мојата... Дали има простор да се грижам... Три оброци дневно, и едвај една ужинка. Трите оброци ѝ се по околу 200 грама просек. А има 13 месеци и е 9400. Секое дете со својот апетит а и со својот метаболизам и генетски предиспозиции. Дани за да не губиш време сабајле - житарки снегулки потопи во вода од вечер. Суво овошје ако даваш, исто. Другото овошје почни свежо да го даваш, големка е дамата, не се секирај, башка многу е похранливо. Така ќе имаш инстант каша. Ако сакаш друга житарка би ти препорачала просо, затоа што најбрзо се вари (5-10 минути). Подојот не мораш да го укинеш, само нуди го отпосле. Ако успее од гладна да се најаде каша, а од стрвна да си цицне, полн погодок!