Бидејки и ние сме исти дури бетер со запекот, ај јас ќе пробам. Мада само што и давав просо со слива и не ја сака едвај нешто касна.
Пробај убаво свари го просото и помешај со помека крушка (ако е потврда половина ја варам со просото а половина свежа ја додавам), и обавезно додај кокосово масло! Нам ни е омилена каша и многу ѝ помагаше при запек, а запек имаше цели два месеца кога почнав да ѝ давам цврста храна, ваљда толку требаше да се навикнат цревата и желудникот на нешто различно од мајчино млекце!
Купив чиа и просо. Оти јас не сум јадела вака, сега не знам да ги разликувам. Ги купив од зелен пазар од продавница за здрава храна. По што да ги разликувам? И мојава неколку дена има тврда кака. Или е гладна или е од кашички
Да не мислиш киноа и просо? Просото се крем боја зрнца а чиа семето е сиво-црни зрнца, нема утка тука. И чиа не ви е уште на мени, се дава термички необработена над годинка. А киноата е баш слична со просо, малку поголемко зрно и кога ќе се свари станува проѕирно со бели р'кулци! На вкус ми е малку појако, поостро од просото.
Мајки ајде брз одговор ми треба.Бебето прима вакцина и е немирно кенкаво,како да го боли нешто.Мозе ли цепце парацетамол за болка,ако нема тт
Може за можење мислам... еве и друг нека сподели. Мене педијатарката ми препорача последниот пат кога малата беше вознемирена и со болки а без тт. Да не ти се наоѓаат од хомеопатските на веледа?
Мене патронажната за прв пат ми ги препорача. Не се koнкретно за тт туку при вознемиреност, благи болки или при вадење заби. Од некоја аптека ги имавме набавено, мора да ги има секаде.
Majki kazete mi kolku vreme e normalno bebe od skoro 8 mes da ne kaka? od vcera ne e kakana a prethodno 2 dena ne kakase. ima tvrda kaka. Ima gasovi celo vreme. Ne pokazuva maka deka ima. Vesela e. Na doenje e i se molime so kashi. Davam slivi. Dosega po nekolku pati na den kakase.
Моето само на доење додека беше на три дена какаше. При менување на пелена стално кревај ги ноџињата и мадирај го мешето помага. Сега кога почнавме со кашички ефнаш едвај се искака. И ги држев ноџињата склопчени, имаше баш тврда столица. Ама се мачеше два дена го чуствував мешето како се напнува. Не знам колку ти помогнав. Да прашам не знам каде да го сместам прашањево, спирулина додека се дои може да се пие?
Не е страшно и да е повеќе денови, секако она сама ќе покаже кога има мака. Мешето реагира на тврдата храна па се менува столицата а и ритамот на какање. Може почесто да менува од сега, зависно од тоа што е на мени. Масирај ја, можеш и термофорче на мешето, од варените слики и ти пиј компотот и јади. Кај нас и така, преку млекото, имаше ефект кај нејзе на мешето.
Давај пробиотик, сепак голема промена е за бебе на ексклузивно доење да почне да внесува во мешето други намирници. Јас ти го препорачувам Провен, за мали бебиња е најубав.
Има и за бебиња под една година провен? И како го даваш? јас за големиот земав, таблети за џвакање се, ептен му отворија апетит.
Да, има за бебиња на мајчино и на формула, јас растварам во мајчино, во форма на прашок е. Не знам како тоа створиле апетит, не се за тоа ама можеби завршиле работа.
Па не дек не јадеше претходно, ги земавме за подобрување на имунитетот, пробиоѕик со витамини се. За деца од 4 до 16 години мислам. Фала ти. Ќе си земам и за бебуш обавезно, за кога ќе тргнам на работа, ќе и се изремети се околу храната а и помалку ќе цица.
Успех денеска има кака ама тврда. Битно има. Веројатно ваква е промрната кога јаде цврста храна. Вее молам кажете што да јадам јас да и олеснам?