ми треба совет од вас околу хранењето на синко имаме 6 месеци и 10 дена со дохрана започнавме пред еден месец и распоредот ни изгледа вака кој незнам дали е добар или не околу 10 часот на сабајле му давам овошна кашичка која обично дома му ја приготвувам и јаде повејке од 125 грама кога ке се ориентирам спрема купечките а ако му дадам купечка ја јадер целата и ако му придадам сеуште ке јаде,потоа околу 15 часот му давам зеленчукова и до синојка беше тоа дневно мени и плѕус доење кога сака и колку сака е сега синојка прв пат му дадов околу 20 часот млечна каша со ориз на хип не му ја дадов целата што ја приготвив а сигурна сум дека ке ја јадеше целата е сега ми е муабетот дали добро ми се распоредени оброците дали се многу малце незнам ум немам до сега јадеме праска,кајсија,банана,јаболко,круша денес пробавме.ориз компир. блитва ,морков,тиквичка ,сега сакам да му воведам на сабајле овесни снегулки со овошјето дали може и што можам уште да давам
Тиква,брокула,спанак..цреша . Полека можеш и телешко за едно десетина дена.свежо и младо.прво водата во кое се варело па за ден два и блендирано мевце. За распоредот мислам таман си е плус бебушко ти ручка по ова што кажуваш,значи супер сте си.На 6 месеци секако млекото му е сеуште главно јадење уз еден овошен и еден зеленчуков оброк.
Мајки за месец два ке патувам од италија за македонија моето бебушче ке има 6месеци од што требаше да се роди а инаку ке биде 8, тие што патувале како си поминале? Правевте ли почести паузи? По колку време траеше одморот од патот? читам последно време со патувањава и малите бебиња па ме заплашува,затоа сакав малце да подискутирам со вас за ова.
ајде совет имаме 6 и пол месеци и сакам да пробам да воведам глутен само незнам како и колку и со која намирница да испробам па од голема корист би ми бил совет а исто сакам да почнам да му давам овесни снегулки на сабајле на синко со овошјето па дали смеам и како да ги приготвам дали само да ги изблендирам низ овошната каша или претходно да стојат потопени во вода од кога можи да му воведам јогурт
Јас можам да ти кажам за овесните снегулки. Јас ги давам од скоро 5 мес. кога имаше бебуш. Првин ги оставам во врела вода малку да омекнат и после ги блендирам заедно со овошјето.
јас глутен воведов после 7.5 месеци.почнав со пченичен гриз или можеш со фрутолино-и тоа е гриз со додадено адаптирано млеко. млечни производи исто воведов после 7 месеци-јогурт ,кисело млеко и павлака.
Мислам дека нема посебна за бебиња, т.е. јас барем немам начекано такви овесни. Убавка јас ставам од око. Колку ќе се тури толку. Сега нормално не да биде овес со праски туку обратно. Мислам дека 2-3 лажици ти се доволни за една кашичка од 200-250 грама.
Јас ги купувам од обичен маркет. Незнам дали има разлика помеѓу една и друга фирма. Јас мислам дека сите се исти јас не обрнав воопшто внимание кога ги купував на фирмата или дали се за со млеко, јогурт или овошје.
тие јас што ги постирав ги има во тедико во битола за во шик незнам worried дали ги има јас скоро секој ден конзумирам овесни снегулки и ги имам скоро испробано сите и тие од натура и виталија и овие на сликата и други кој незнам не се сејкавам од која фирма биле ама тие на сликата некако ми се највкусни и најситни баш како за бебе а и од виталија не се лоши ама овие мене ми се поубави а за комбинирање ги јадам кога со млеко кога со јогурт на кој како му е поубаво исто така многу помагаат за редовна столица кој си има мака со тоа