Ако качува над 38,5 јас би посетила лекар само поради тоа што се работи за бебе од два месеци.Значи премало е и лесно може да дехидрира.Пробај првин со сируп ако не се симнува Т тогаш појдите на дежуре
Крвната слика дури утре ќе е релевантна, ама најубаво е сепак доктор да го види, малечко е. Веројатно досега сте завршиле работа.
@joy1 @Annath фала ви многу на советите. Синока меревме температура, не надмина 38,3, а до сабајле веќе се спушти под 37. Крвната слика покажа покачени леукоцити 16,3, а при прегледот се уредно, провери гради, грло, се е нормално. Утре пак да повториме крвна слика, овојпат со ЦРП, па ќе види дали ќе даде антибиотик. Детево за разлика од вчера е цел ден расположено, но еве сега пак почна да качува тт, моментално е 37,5.
Не спомна педијатарот за урина, но ќе побарам утре обавезно и тоа. Туку како се зема примерок од толку мало бебе. Да го слечам и да чекам да се измоча???
Значи моето со твоето кај се блиску со роденден и со табиет ист!! Ние пиеме Хумана ХА 2. од прва го прифати. Ама со лажичка и од чаша. Флаша, чашка со клун ништо не фаќа. Понекогаш знае од флашичка за вода
Е јас морав,Д-димерите ми беа страшно покчени Како сте со јадењето,мислам количински? Ние сега нешто штрајкуваме
Освен што мерам количински млеко друго не мерам. Млеко давам на сабајле и навечер по 210мл. Некогаш и ужина давам млеко по 120-150мл. Инаку за оброци кога правам пример ставам една и пол лажица од житарката и плус овошје или голем компир и додатоци од зеленчуци разни. Месо по 50 грама живо мерам. Некогаш јаде се некгаш остава.