Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.754
    Допаѓања:
    114.222
    Пол:
    Женски
    Јас на мојот не му де потресувам многу, паднал, се удрил, се чукнал, џумка имал, плачел, ќенкал, е арно де, тоа му е работа. Се додека е вон животна опасност не реагирам. Така детето мислам дека го направив посамостојно, поимуно и не ќенка, не се траска одземја. Сака надовор? Ок, два круга околу куќа, пред врата малку и готово, се враќаме дома, нема да окапам надвор оти он сакал така, имам и јас обврски. Еве го игра со се што вративме вчера од село, се е на земја, лом е, нека игра, не е тоа страшно, само да не се повреди. Дома ми е обезбедено за него, во негова функција ми е се, кога ќе порасне ќе вратиме назад. Он да е среќен и задоволен, јас одморена и да е дома средено, друго не ми е важно.
     
    На MamacitaBuena и simonka93 им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.240
    Допаѓања:
    205.329
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од кравјо млеко штом доиш. И моево не сака ад млеко, не сака ни да јаде нешто многу, а плус го дојам. Доволно му е мајчиното млеко покрај оброците што ќе ги воведуваш. Мене ми е проблем што не можам да се измолзам кога ќе почнам на работа, па ќе мора да јаде. Млеко нема да инсистирам да пие. Со првото инсистирав, џабе, еве на 6 години не пие никакво млеко.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.754
    Допаѓања:
    114.222
    Пол:
    Женски
    Зошто не можеш? Си пробала со различни пумпи? Електрична, рачна, на рака?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.240
    Допаѓања:
    205.329
    Пол:
    Женски
    Пробав рачно и со рачна пумпа, и со првото и сега, повеќе од десетина мл не вадам. А електрична сега да купувам баш и не ми се исплати. Ај еве, и да купам, што кога не фаќа шише? Само од чаша пие, и тоа вода, друго не сум го понудила додуша. Ама секако не планирам да престанам со доење, ќе дојам уште. А кога нема да бидам дома ќе јаде, белки ќе пројаде, сега што и да му направам ми го плука. Одвај со овошните каши наутро се навикна, сега се молиме со ручекот. Со првото немав ваква мака со јадењето, ама обично така е, ако едното ти се погоди, другото маста ќе ти ја извади :D
     
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.754
    Допаѓања:
    114.222
    Пол:
    Женски
    Се е до навика на градата, ако си молзела на полеток ќе си можела да извадиш, тврдам, бар за молзењево станав експерт ми се чини. Да не ти де идплати, дефинтивно, поготово ако не фаќа дете. Моево и да цицаше јас вода и чај ќе давав од шише, тоа гарант, за еве вака сега да немам мака. Иначе сосем е во ред и да намалите на подои сега, ќе пројаде ќе видиш. Внукот од јатрвата беше исто, па еве го супер си е сега, си јаде се, млеко пие дури ад и плус цица кога е дома јатрвата.
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.240
    Допаѓања:
    205.329
    Пол:
    Женски
    Јас пробав со шише, вода и чај. Не го прифати шишето, т.е цуцлата не ја сакаше. А водата ја пиеше, чајот не. Инаку за молзење, со првото се обидував повеќе да молзам, оти требаше да стимулирам лактација повеќе, ама ништо не излегуваше, дури и го дохранував поголемото со ад млеко, пошто слабо качи на килажа првиот месец, само 300 грама. А со второво фала Богу не морав да се измолзувам, можеби затоа што веќе имав стаж како доилка, си цицаше без проблем и качуваше доста. Ти верувам дека си експерт за измолзување и ти се восхитувам на трудот што го вложи, оти твоето богами е најтешко да го одржиш толку време. А за скоро осуммесечно бебе допрва да измолзувам навистина нема потреба. Ќе си цица наутро и навечер кога ќе бидам на работа, а преку ден ќе ручка (се надевам). Тоа е. Нема да форсирам ад млеко, уште помалку кравјо. А се надевам дека ќе го засака киселото млеко, оти сега баш и не му е по ќеф.
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.754
    Допаѓања:
    114.222
    Пол:
    Женски
    Не бре, готово, вие сте големи. Сега ќе ручкате каши.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Мами по колку ви спијат бебушите на 8+ ? Синко преку ден спие 3 пати по 15-20мин а му се спие уште плаче кенка ке земам да го презаспијам цело време се бутка во мене и главата лево десно ко да сака да цица ке му дадам несака знам дека не е гладен и цело време така ке прави и или ке презаспие или ако ми скисне го дигам и нема спиење..И преку вечер е исто до кога вака незнам..Не цица многу 3 пати цица преку вечер може и 2 но оваа будење и додека презаспие цело време го прави тоа со главата и на сиот глас аааа ааа ааа и се буди и керка е тогаш е хорор..Немам сили веке..Совет искуство некоја што може да е..?
     
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.583
    Допаѓања:
    289.960
    На таа возраст отприлика, 7-8, воведов ноќна каша и се преродив.
    ОД прва вечер ја ставив големата да спие во детска. Еднаш се разбуди во текот на ноќта, ја погалив и си продолжи. Потоа не се ни будеше.
    Инаку она конкретно од мала е неспијач и до денес така си остана. Како бебе се будеше секои 2 саата во текот на ноќта а денски исто, 2 пати по 15 минути максимум да спиеше.
    Ама барем одкако воведов ноќна каша почна да преспива ноќ. Кај нас ете, до тоа било.
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  10. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    @danichap кај колку часот ја даваше нокната бидејки тој касно ми заспива околу 22:30 23 часот заспива
     
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.583
    Допаѓања:
    289.960
    Мојата заспиваше 21.00, јас давав 19.00 и јадеше до 19.30.
    После вечерата, после 30-60 мин. и доев. Колку за залажување пред заспивање, ама најадувањето и беше од кашата.
     
  12. H&J

    H&J Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Јас сега пред два три дена воведов ноќна каша накај 19ч,млеко пие накај 21 или 22 ама заспива дури 23 или може да се случи и 00ч да го најде откако почнав да му давам каша тоа време ама благодарејки на таа каша сам си се одби од ноќното пиење на млеко пред тоа пиеше на двапати а сега никако млеко не пие само водичка кога ке се размрда последните денови некако преку нокта ми го одбиваше млеко и си велам најверојатно не е гладен наредната вечер пробав со водичка а исто и со чајче пробав пие колку пак да завлече и си заспива пак се буди двапати ама заспива без млеко.Мислам дека е заради тоа што веќе му воведов ноќна кашичка и го заситува.Инаку матичниот ни беше препорачал уште кога имаше 3 месеци да го одвикнувам од ноќно хранење тогаш и го доев ама никогаш не се обидов затоа што беше голем плачко кога се будеше да цица, па и кога почнавме со ад,ама ете сега сам си се одвикна и тоа е добро како за него така за мене не стнаувам да правам млеко,а додека го правев се зајдуваше од плачење.
     
  13. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    12.061
    Пол:
    Женски
    Мајки беке 3-4 пати се обидвам да дадам банана но синко се гуши се дави и поврака..Секако пробав да му дадам со јаболка со палента со круша одма ја сетува и почнува да се гуши..Еве сега му дадов и веке не му давам дете почна да се дави снема воздух помодре целиот..Дали некој имал слично исксуство што може да е ..? Зошто вака прави..?
     
  14. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.426
    Допаѓања:
    333.693
    Пол:
    Женски
    Можеби е алергичен на банана
    Иако ретко ама се случува и тоа
     
    На blessed.an му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.754
    Допаѓања:
    114.222
    Пол:
    Женски
    Во последно време се почесто читам за алергија на банана.
     
  16. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.130
    Допаѓања:
    40.346
    Јас се си мислам е од хемикалиите со кои ја прскаат за зреењето
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам отприлика како одат со броеви децава? Ние сме годинка и носиме 20...кога да очекувам да му се смалат и што бројче да земам ако начекам зимски?
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.754
    Допаѓања:
    114.222
    Пол:
    Женски
    Не ги прскаат за зреење ништо, ги печат во плински печки специјални. Ги прскаат во ладњачите веројатно да седат свежи, а и генетски ги модифицираат гарант, има банани по пола метро долги, додека на времето се знаеше бананче со нормална големина.

    И мене тоа ми е прашање. Моментално носи 19-20, дури и големки му се малце, има едни 21 есенски од кумата подарок и ми е мака да не му омалат многу до есен ама мислам дека сега после годинка побавно би требало да расте ноџето.
     
  19. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.313
    Пол:
    Женски
    И јас имам чуено од педијатар дека е реткост, а еве и мојов е алергичен на банана.
     
  20. ^angel^

    ^angel^ Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    1.264
    Пол:
    Женски
    Вчера бевме на педијатар требаше редовна контрола арно ама во чекална се подсобра гужва и малово почна да кенка. Само што влеговме кога почна да плаче не можевме да го смириме поцрвене потече дури и ништо торбата и дома Сега се секирам пак ко ќе го однесам дека истото ме чека :(