Оф леле....и сега? Што да давам или да си терам со повеќе течности? Она го слушна и вика стара кашлица е ова дај да исфрли се што има за да не направи беља. Патем наредна недела одиме на море па да не зезнам работа..
На самото упатсвто пишува дека не е за под две години веројатно со причина . Проба ли со инхалации,бел слез и слично,со тапкање по грб? Не ни верувам дека проспан ке ви помогне за шлајм,само ке се руши кашлајки.Но одлучи си секако ти
Чај од бел слез? Тапкање имам пробано ама па не седи мирен ич. Инхалации немам правено скоро, немам земено инхалатор уште ама ќе земам ако треба вечерва уште. Се сеќавам пред некое време дека кашлаше како со шлајм, му направив чорба од телешка коска, изеде две чинии, се искака и престана да кашла....е сега дали од тоа не знам ама можам пак да пробам.
Не е нормално. Треба да кака секојден затоа што јаде храна, не е на мајчино само. Биогајата е многу форсирана ама сум мноооогу позадоволна од Дармфлората. А некој ден кака многу малку, во млекцето пред спиење ставам и нареден ден убаво се искакува
Така ми рече ги земавме му дадов но во упатството пишува за деца од година 25капки за помали нема па јас му дадов 20 бидејки незнаев колку сега заспа па ке видиме..
И за новороденчиња е 25 капки 5 пати дневно. Кога имаше многу мака јас давав и со секое млекце. Масирајте меше и стави термофорче
Не крати малечко е уште кога му се цица нека цица. Јас никогаш не сум се водела по некој распред, кога му се цица ќе цица, се ќе си дојде во свој ред и давање храна и доење. Па така ја гаси и жедта сега веќе и се стоплува, се јавува потреба од повеќе течности слободно нека си цица и се ќе биде во ред
Na 8m zed se gasi so voda. Da cica bara od navika Ali jas ne dojam pa da ne se oravam pametna, iskusnite neka kazat
Потполно се согласувам со тебе! После 6м подоите се намалуваат, а на 8м па ептен. Али и јас не доев, давав мајчино молзено млеко, не знам.
Нормално дека му треба и вода штом веќе јаде, не се првите месеци кога е исклучиво само на мајчино млеко. Ако сака да го одбива во ред инаку не му смета и повеќе пати да цица, тоа е спонтано не е програмирано, ќе го дојам во толку и толку. По мене си ксжувам. Некогаш на бебето му е ѕеско, кинка,плаче па така се залаже малку едноставно така чуствува повеќе сигурност, блискост.
Да ама на таа возраст веќе имаат оброк за ручек, а ако се залажува со цицка отиде од ред. Баш вчера имаше на 0м+, во врска со тоа колку млеко да се внесува, погледнете ја емисијата викендов реприза интересна беше.
@AngelOfArh имаш среќа што ти се погоди дете што сака да јаде се. Многу мајки што се не пробале па на бебето до 9-10 месеци не можат ни еден оброк да му воведат. И нормално дека спас ќе гледаат бебето барем да цица колку толку да внесува нешто храна. Исто и со вода не секое бебе одма прифаќа вода, без разлика дали јаде црврста храна или не, некои после годината почнуваат да пијат вода. За тоа колку толку со мајчиното млеко ќе изгасне жед. Како теоретски треба да биде и како бебето сака да биде е сосема различно. Јас до годината, бебето ако сака да цица, без разлика дали јаде цврста храна или не и дали пие течности (вода, сок) или не, не би кратела на подои. Ама ова нормално си е мое лично мислење.