стави нешто меко над коцките... Мојов кога почна да седи пак,паѓаше мн на главчето, сега веќе е постабилен и знае како да падне... Се' си доаѓа во свое време, брзо учат, само стварно треба цело време до нив
може, секако... јас имам една подлога мека, од ваквиве играчки ставав и плишани мечиња околу него па паѓаше над нив
ја имам и јас во ќош ми стои. ја користев кога беше многу мал. сега нема шанси на толку мал простор да го задржам. има пеесет коцки на земја и од крај до крај се превртува
познато ми е, исто беше и кај нас, Таман стави го на почеток,стигнал до крај,па ајде пак...Еден другар на мм ми даде прекар typewriter, оди оди и назад од почеток ама подлогата, во комбинација со ќебиња, тепих, помина... Сега не можам да го допазам со лазење,отвара шкафчиња, фиоки, бара нешто високо да се исправи, циркуз е, ќе си видиш допрва
9 месеци е, напуни пред два дена, ама штом почнав да ја ставам на земја подтабилна е во седење и пази како паѓа
Јас само го префрлам 10мин во релаксатор, 5 во игрална, море 2 мин таму и одма се буни, 10 на земја 5 во количка 15 во раце и пак одпочеток. Ама највеќе сака да го шетам низ стан да фака по рачки кваки и слично. За дубак ми е уште рано некако
Од почеѕок ставав и јас, ама ортопедот ни рече никако перници ,нема да научи да паѓа, секогаш ќе мисли дека кога ќе падне на меко, нека се чукнат малце ништо не им е, така растат децата што би рекле постарите
Епа ете јас му ставав и кога го совлада лазењето си научи и како да паѓа. Што значи не е точна таа теорија
Мајки пазете, зошто паѓањето на глава ич не е наивно, посебно на теме. Може да се јави внатрешно крварење, што може и по години да резултира со последици, како епилепсија, дислексија и ред други што ни на крај памет нема да ни текне дека се поврзани со тоа, зошто мозокот не им е сеуште зацврстен,. Ова ми е кажано од лекар и јас пазам.
Му наместив и мека подлога врз тврдата и пак кога паѓа се удира. Он кога ќе се сврти странично го поткрева вратот и со сета сила се стрефуфа доле. Овој вид на удирање не е страшен, не може да има последици по мал мозок зошто не е доволно јак, ама па зашто да го боли да се мава !!? Перница за трудници имам, за доење ја користев таа исто така. ама тој оди од крај до крај ко со моторче да е. Гледам во дилема сме повеќето околу ова...
Јас цело време стоев до неа кога почна да се исправа. Зашто не знаеше како да се спушти доле и едноставно се пушташе со рачињата. Па стоев до неа за кога ќе се пушти да ја потфатам лошо ако падне. Ама се случуваше да се чукне додека ја фатам малку и лека полека се научи како да се пушта и стана постабилна. Треба до нив стоење и пазење, пак може да се чукне, ама нема да биде толку страшно. Периоди се додека се извежбаат. Еве и со одењево сега, застанува, се вежба за рамнотежа и ако не може гледа како да падне. Со чување на меко само не им се прави услуга.
Ауууу и ти си кај Антоние? Помутав совет од непаткање не сум чула. И една наша роднина се скара со пола фамилија, докторот не и давал да го патка, па како ќе зацврсне детето? А дубакот што е ако не паткање? Полошо е дубак него ли да го паткаш. Е лошо е, сд учат, напорно е, ама тоа е природниот развој на децата, да лази, да се качува, да патка, на крај да прооди. Ние за сосема друго отидовме кај Трајковски на ехо во Систина и истово ни го кажа, дете кое не лазело и не паткало е многу понестабилно и послабо мускулно од другите што лазеле, се пентареле и паткале. Јас колку што знам твојот се пентари, по кревет оди, се држи, зошто тогаш да го сопираш и да не му даваш да патка? Го знаеш Матео, патка од 8м,да го видиш каков е цврст, се фаќа на маса и виси се клати. Е кичмата пати ама тоа е.
Значи повеќе гласови има за скроз тргање мека подлога,само на тврда. Истото и Видоевски ми го кажа. Другата недела сме на контрола кај него и ќе го потпрашам за мавањево , ама знам дека џабе ќе прашам. Не памтам прашање на кое конкретноми одговорил а да не почнал да го тупи. Да се разбереме, одличен ортопед е,ама со тој уличен речник ич не ми иде у пакет...
За паткањето Антоније не е зашто детето гази на цело стапалце, а не на прсти како што треба. А и паткањето не е во природниот развој. Да, лази, се исправа само и почнува да оди држејќи се за мебел, потоа се пушта и стои само и кога ќе се извежба доволно за рамнотежа се пушта да оди. Само кога поминува низ сите фази најубаво ги зајакнува мускулите бидејќи вежба цело време. Паткањето е само од нас родителите кои некако сакаме да им помогнеме. А и колку е да не сака човек да го патка кога веќе почнува да се движи по мебелот доаѓа некоја потреба да се фати детето за рачиња и да се шетка. Ама тоа на нас ни доаѓа, не на нив.
Da kaj nego sum. Covekot e zakon, ne go menjam za nikoj ortoped na svetot. Inace on ne mi ima spomnato za patkanje deka necini, tuku jas sto citam po netov a i ne sum go mi prasala dodusa za toa ne mi teknalo. On sega pocna da patka, prethodno ne, a jak si e, si stanuva odamna sam, ima muskuli dzoa bilder, neznam sto mu tekna sea da patka blesavo dete
Скроз природна работа е паткањето, сака да оди а не може сам па бара помош. Моето паткаше на прстиња, дури и прооде на прсти, нашата докторка рече сосема во ред. Не ни забрани паткање ама ни кажала ништо. Мене искрено не ми се свиѓа тој Антонија или па нешто лошо ми имаат пренесено, ама бебе да го држиш легнато за да не патка, сачувај боже, до година ипол да не патка никако, ни да прооди, здраво ораво детенце. Сите се деца и сите ќе проодат, ама треба да им се даде слобода. Јас пре би тргнала дубак отколку да не го паткам, и така и направив, спакував дубак и за три недели дете прооде само.
Мамички какво млекце да воведам на бебе од 6 ипол м, цицка, да истискам неможам како да ми намалува млекото, адаптирано не сака да го пие а кравјо ми е страв да дадам, совет ? И со какво млекце да подготвувам кашички ?
Антоније никогаш не би рекол легнато да биде. Он е за целиот процес да се одвива природно и детето во свое време да си прооди. Зашто многу родители ги форсираат децата, ги паткаат рано рано само за побрзо да проодат. А се што не го прави детето само не е во ред. Еве замисли ти вежбаш, правиш стомачни, а некој те држи за раце и ти помага, те крева. Што ефект ќе има тоа? Џабе вежбаш така со помош, мускулите нема да имаат бенефит. И логично, за детето е најубаво само да се вежба. Мојата не беше во дубак, ја гледам низ секоја фаза како поминува, од поткревање, седнување, вежбање за лазење, пролазување, кревање сама, застанување, сега е во фаза на стоење самостојно, држење рамнотежа и паѓање на газе. И следно ќе биде одење. Ја паткаме и ние, иако не сакав, ама некако е неизбежно и тоа е тоа. Антоније не е ортопед заостанат во времето, стави широк повој и терај, туку е во тек со сите истражувања и препораки, секогаш дава објаснување кога кажува зашто нешто не советува да се прави, што мене најмногу ми се свиѓа.