Моево не е заинтересирано за тв и цртани, само ракомет кога има гледа без да трепне Со поголемово полесно ми беше дека сам се заигруваше и понекогаш пуштав цртани додека да завршам ручекот и слично, а малово не е такво, само кенка ако го оставиш да си игра подолго од пет минути само.
Јас и да го оставам ако не му одат тие неколку цртани што ги сака не гледа и кенка да го земам. Ама ако му се омилените се смее и си збори нешто. А за заигрувањњ на земја со играчки поретко, или ако си игра и ме види одма кенка да го земам
Моментално цртани гледа пред спиење со нив се успива. Преку ден не го интересираат си игра по цел ден на земја. Кога не беше активен сакаше повеќе да гледа оти досадна му бев хахах
Не е препорачливо да се гледаат пред спиење цртани, демек подолго се успивале подоцна Јас на моето му пуштам кога му спремам за јадење и ги оставам уз јадење... Го седнувам во хранилка и гледа дур спремам. Глупава е дневнава,ич не е бејби- сејф па мора така,инаку ќе ми се утепа некаде детево... Кога има кој да го почува ич не му пуштам
Мајки дали е нормално да кака на 5-6дена..Тиие денови нема мака ама ете пример 5иот ден веке се витка напиња и ке се искака нормално нема ниту запек ништо нормално ли е ова..?
На ад ли е ? И давај му повеќе течности и храна . Можеби малку количински го храниш , како на 5-6 дена ? Ок е некогаш ад ствара ама па стално..
Внесувај во исхраната кај него повеќе продукти кои регулираат столица, сливи, праски, кајсии, маслиново масло... Мислам дека сте големи и јадете веќе нели? И ако ова е чест проблем, давај пробиотик по потреба...
Да јадеме 9+ сме и ад не давам само на доење сме..Пие вода дневно по 120-150мл..Сепак ви благодарам на советите ке се консултирам со лекар И јадеме имаме 3 цврсти оброка давам додека тој сака
Пуу како пие толку вода, браво. Овој мојов исто е се како твоето, цица со 3-4 оброци, ама вода ич не пие. А кака 2-3 пати на ден.
Мајки за изгорено што да мачкам или нешто што ке го смири..Во секундата синко допре на рерната а беше жешка не е многу малку на рачето но сигурно го пече..?
Мами ми треба совет, Малиот е скоро 11м и последниве две недели особено оваа покажува голем револт, мавта со раце нозе, збори се дере на нешто негово како да се кара, удира со раката, се кочи..не знам како да постапам. Што се случува, зошто е тоа така. Кога удира со фино му кажувам не он продолжува. Некогаш ќе изгубам контрола ќе викнам пак исто па криво ми е после. Што да направам? Од што е така
Мами одкако е роден синко додека заспие на сиот глас прави аааа дали е навика или..? Еве уште малку 10м ке полниме и уште прави вака неможе ниту керка од него да спие плаче..И сакав да прашам нормално ли е да се поти во главчето ете заспа а главата му свети вода што се вели му тече а не е толку жешко климата е пуштена..Нормално ли е..?
И мојов исто сам си пее и си се успива а ноќе ако се подразбуди си пее пак на цел глс и обавезно не буди. Ние сме 7+ и мислам дека им е навика И главата кога се успива му е секогаш испотена. Ама ние во релаксатор се заспиваме па мислам и тоа дека го поти додатно.
Да ја прашам @joy1 а ако знае и некој друг за совет. На малата веќе 10-12дена многу и мириса мокрачата на сабајле кога ќе стане. Дури и пижамите. Прашав педијатар и вика од малку течности(а и другарка вика може и од храна). Ама веќе 2недели ме чуди. Сакав утре да ја вакцинирам ама ме фати страв не дај боже да не е некоја бактерија па да влијае на вакцината???
Може и од едното и од другото а може и уринарна инфекција.Мада при инфекција би ја чешкало,печело,може и Т да крене.Не е на одмет една проверка да и направиш