Ладно е најубаво за грлото. Ако ги штедите децата од мали, т.е ако се плашите да им давате ладна вода или било што од фрижидер, ќе развијат преосетливост према ладните пијалаци и храна, па грлото ќе се воспалува на секое внесување сладолед или поладен пијалок. Од топло многу побрзо се развиваат инфективни процеси. Да прашам, киселото млеко, јогуртот - топли им ги давате? Јас давам директно од фрижидер.
Подгреано, урдичка Анатке. Мене стално ми замеруваат, кашла, како да им објаснам дека детево прво нешто што научи е како кашла дедо му и од тогаш му остана навика да кашла кога сака да не зафркава. Млеко, вода (изворска ладна од шупурка директ шишето се праеше магла од што беше ладна) се пие ладно. Ај ја што не пијам топла вода или чај или дури и турско кафе, го оладувам некогаш скроз па го пијам.
Јас имам гнојна ангина хронично, по неколку пати годишно. Првиот пат во основно кога фатив покрај терапијата дома се "лечев" со топол чај и супи. Толку многу се размножиле бактериите што завршив цела недела во болница, секој ден ми го чистеа грлото, буквално ми беше до долу споен вратот, глас немав. Од тогаш ја научив лекцијата, секогаш ладно пијам и јадам ко ќе ми е болно грлото. Исто и педијатарот на син ми ко имаше ангина од коксаки вирус ме советуваше исклучиво ладна храна и напитоци. Имаме роднини блиски во Шведска со деца колку моето, цела зима сладолед јадат, гајле немаат.
Според мене најдобро е вода на собна температура, а она што се расипува и се чува во фрижидер, малку подгревам, да дојде до степен на собна тт. Од ладен напиток во жешково само моментално ќе се освежиш, а после уште повеќе се загрева телото и пожешко ти е.
Е тоа баш не, мене од топла вода уште толку ми се слошува, не ми се гасне жедта, се осеќам како грлото да ми се собира. Ладна вода од една чаша сум ок, а топла можам и цело шише да го испијам џабе. Ама па не пијам ладна грч вода, обично чувам пола шише во фрижидер и разладувам со обична од чешма, таманка.
Топла вода и јас не пијам, ама не ја пијам ни директно од фрижидер. Или ја чувам во ладно и темно или ја вадам од фрижидер и додавам од чешма исто така.
Секој си знае за себе. Еве мене ми пречи ладно и газирано. Порано сум пиела сум немала гајле, но ете сега ме фаќа грло. На дете давам на собна температура се, секако јогурт, павлака, сладолед и тоа што се јаде ладно од фрижидер директ.
Мајки синко ме полудува веке..Ајде што не ја преспива вечерта веке тоа се навикнав но и преку ден почна да прави проблеми..Спиеше по два пати е сега веке не сака да соие два пати..Преспива еднаш околку 2 часа и тоа се да буткам количка ако не станува и потоа му се преспива околу 8 ке заспие пола или еден час и станува ама не да игра или да си лази..Цело време да кенка да плаче ништо неможеш да му погодиш..И цела вечер се врти на една на друга страна па плаче па ке го земам во раце па сака да се врти па пак плаче а не е топло дома климата работи цела вечер..Заби не се сигурна сум..Совет некој фаза ли е што ли ама нема сили повеке
Kako ste so dermatitot? Znam bese epten kako sto imase pisuvano na grbceto, toa da ne mu smeta zos znae epten da bide macno da cesa i pece ako spie na grb na primer i plus na zeskovo se poti pa uste tolku sklet mu e neznam
Добри сме со дерматитот нема веке од пликивите што му беа само уште малку кожата не му е баш мазна незнам и јас што да мислам веке немам сили..Ама тоа ее ке помине се надевам
Што да му земам на бебе од аптека за да му ја исчистам усната шуплина? Нема бело на јазикот,само здивот малку почнува да му мириса.Грло нема,сигурна сум.
Мајки,бебуш синко има 7,5 мес.си заспива накај 9,9 ипол и после 2-3 саати почнува да плаче на глас му давам цуцла лажливка и пак се превртува си ја трга,и додека не му дадам млеко да пие нема да продолжи да спие,и се така на 3_4 саата,како да го одучам имате ли совет? Онака си преспива преку ден повеќе пати,и некако уште нема ред со кашичките,некогаш ја изеде некогаш малку па сака млеко,а кога е време да се воведе вечера и како ќе знам дали е време?
Па и не е толку лошо да станува само 2 пати за млеко,мојот стануваше на секои два часа додека не му воведов вечера. А вечера му воведов на полни осум месеци,уште малку можеш и ти.Ред за јадење каши имам,3 на ден сите изедени до крај и пак се буди навечер бидејќи е жеден а не гладен. И не му давај многу да спие преку ден,затоа најмногу имате мака навечер со будење.
Ништо чудно што се буди. Гладен е,давај му млеко. Зошто би му скратувала?! Вечера,по некое непишано правило,од 8м се воведува. Се зависи кога сте почнале со дохрана,дали и колку од предвидените намирници за таа возраст ви се воведени/пробани. Но,знај дека и откако ќе воведеш вечера,пак ќе бара млеко. Можеби подоцна откако ќе заспие,не во временски интервал како сега. Ова го зборам од мое лично искуство,но и од повеќето мајки. Синми уште малку 3 год ќе полни,па до пред некој месец ноќе знаеше да побара млеко. Вие сте уште мали,нема потреба да му се скратува/укинува.
Миење на забите и јазикот, генерално хигиена на устата. Се почнува со чистење од раѓање. Ако не е грлото или желудникот, тогаш е од јазикот, и не мора да има бело или наслаги за да мириса.
[QUOTE Мајки,бебуш синко има 7,5 мес.си заспива накај 9,9 ипол и после 2-3 саати почнува да плаче на глас му давам цуцла лажливка и пак се превртува си ја трга,и додека не му дадам млеко да пие нема да продолжи да спие,и се така на 3_4 саата,како да го одучам имате ли совет? Онака си преспива преку ден повеќе пати,и некако уште нема ред со кашичките,некогаш ја изеде некогаш малку па сака млеко,а кога е време да се воведе вечера и како ќе знам дали е време? ][/QUOTE] До година основна храна е млекото. Не може да не се буди, премалечко е. И моево е тука негде, цица, и се буди некогаш на два три часа, а некогаш знае да преспива и по 4 5, ноќе. Никогаш не ми паднало на памет да го одучувам уште сега. Тешко е , ама мора да се издржи.
Знам дека треба да го мијам,прашањето ми беше со каква паста/средство ако има? Само со вода и четче пробав,пак му мириса за брзо. Видов кај една пријателка,децата со една сина течност што бои ги чистеше,јас помислив дека е за афти тоа а не за редовна хигиена.
Совет што го добив и применив од педијатар е дека откако ќе се воведе вечера, денот завршува со кашичка, а ако се разбуди ни млеко, ни вода ни чај. Пробај да го презаспиеш без ништо да пие. Моето пиеше на два часа млеко, сега сме годинка, од 9 месеци спие по цела вечер без ниеднаш да се разбуди.
Метиленско плаво е тоа, за афти и дезинфекција е. За бебе паста без флуор, има хомеопатска паста во ДМ, Билка се вика, мислам и во Зегин дека ја има, ама не сум сигурна. Мислам дека и Chicco имаат паста без флуор, ама каде се продава немам поим, не сум сретнала никаде (можеви дека не сум барала).