Немаше спуштено на гради моето бебе туку не ни помогна физиолошкиот раствор а заборавив да пишам дека и ние пробавме синомарин исто и тие не ни помогнаа мислам уште поише шлајм имаше, нормално дека и јас како мајка ќе прашам дали има спуштено на гради за да знам што ќе му препише, педијатарот убаво го преслуша и ни рече дека нема спуштено на гради туку дека ова ќе му помогне да се рашири и полесно да исфрли шлајм а тој кортикостерпид е најслаб и е стрикно за бебиња, да се разбереме да не дојде до недоразбирање
Pulmicort и Atrovent само по препорака од доктор!!!! Нема таков кортикостероид кој е наменет конкретно за бебиња, дозата е таа која прави разлика. Физиолошки раствор за инхалација е сосема доволен, уште поубаво е ако инхалирате со морска вода, а погорниве лекови за инхалација на своја рака никако!
Нормално дека со препорака на доктор никој на никого не му рече на своја рака да ги купи и примени, претпоставував дека ќе отиде мајката на лекар и може да праша за примена на овие лекарства кои што нас ни помогнаа!!!
Мајки, 6+ сме, а малата ми е полна со шлајмови. Пиеме зинап мислам беше или зинат сируп, небитно името, правиме инхслации и вентолин ставам , ама после инхалацијата ми повраќа и плус шлајмот, а испила млеко(на ад сме) саат време пред повраќањето. После тоа не сака пак да пие. Ум немам веќе. Давам и вода и чај со шприц зашто инаку не сака. Ве молам за совет. Тт нема моментално, само еднаш крена 39.
И ние сме со инхалации, ќе може да ми кажеш за каков метод односно шприц за чистење на носето употребуваш? Јас влечам со пумпица ама мн тешко иде, не сака ни да ја види. Мајки по колку грама отприлика е доволно/нормално да јадат бебушите на 9.5 месеци? По колку на оваа возраст ви јадат?
Еве како на видеото: Само јас го легнувам на крпа и шприцам во горната ноздра, а од долната излегува. Врвот на шприцот треба да е пресечен за да се створи вакуум, ставам по околу 5-6 мл физиолошки. Треба да стиснеш брзо и целата количина од еднаш. Буквално се излегува. Ми беше многу страв на почеток ама сега ни стана пракса и бебе веќе не плаче.
Леле колку е добро. Камо ли да ми седеше вака. Нема шанси со моево бебе вака. Јас имам мака капки за нос да шприцнам, пумпицата само што ќе ја види прави кисела фаца Ништо тоа е, ќе правиме инхалации ( и на нив едвај го наквикнав, се спремаме 5 мин пред инхалација за да видиме со што ќе го занимаваме додека трае истата ајде ќе помине.
Немам искуство со инхалации, ама ако не сум грешка, треба да го исфрли шлајмот, а бебињата најчесто со повраќање или преку столица го исфрлаат. Така што, ако повраќа шлајмови, супер, се чисти детето и реагира на терапијата. А зошто ви дале Зинат, не сум во тек. Јак антибиотик е тоа, да не има симнато на гради?
Да, има малку спуштено. Инаку, да те прашам. Малата ми испи сируп во 5 и 15 сега, а во 6 и пол ми поврати од шлајмовите. Делувал досега или? Не знам што да правам во ваков случај.
Нема потреба од повторно давање на сируп. Во вашиот случај поминало час и петнаесет минути, што е многу повеќе од времето потребно да се ресорбира сирупот во организмот. А се ресорбира за 20-30 минути, можеби и пократко.
Да прашам и јас овде. 12 месеци сме. Откако почнавме со храна супер одеше, бебе се јадеше буквално се. Од кај 8 месеци се смени буквално преку ноќ стана друго бебе, настрана сите проблеми со спиење и со леко спиење он од 8 месеци или 7 7 ипол беше некаде не сака шише млеко да виде со очи да фо помириса, а ставам го бута со раце и се лути плаче. Ок, камуфлирав во каши па јадевме каши, сега не сака ништо. Дали му е здосадено од се едно исто не знам. Се одбива и сите каши ми завешуваат во канта, јајце не сака, телешко не сака, млеко не сака, палента не сака, камуфлирав овошје сега и тоа не сака. Освен к.млеко чат пат и овошен јогурт од ништо друго не јаде. Еве денес ништо не е јаден. Освен ако му давам некои парчиња мандарина да џвака или леб ама не е оброк тоа. Вечерва со триста маки и залажувања изигравања клон 1 час касна печено јаболко тиква и ориз. Немам нерви веќе, секојдневно молење, изигравање кловн, фрлање каши, готвење... Се можно пробав не сака и не сака и купечки не сака пробав и тоа.. Дајте ми некоја идеа за ручек вечера доручек ....
@vitamina finger food тој период ние завршивме со каши, почна сите да ги одбива. Сакаше да јаде сам и со рака. Правев палента во силиконски калапчиња, овошје парченца, варен зеленчук и ситни парченца месо и се што може со рака да јаде. Им здосадува од кашите. А може и период некој му е, или заби вади.
Имаш право. Тоа ќе да е. И мојот е исти, сака сам да бута у уста и парченца што викаш. Не се заби тоа е дефинитивно. Ќе пробувам од утре на тој начин па ќе видам исход. Инаку целиот е валкан кога јаде сам и така на тој начин. Па и тепихот е хаос и гарнитурата
@vitamina не кажувај за валкање, мојов од тогаш до ден денес јаде сам. Сега е усовршен и супа срка ко голем. Ко беше помал ставав голем пешкир што не користиме под хранилката и само тресев и перев ако беше многу валкан. И лигавче како мушама дури дозволуваше. Ајде пробај па ќе кажеш дали е до тоа, се надевам ќе почне да јаде така.
Не. Мојот не сака у стол. Има игли и тоа смени а седеше во столот. Мушама му ставам такво лигарче сма рацете оди лом и се мачка . Ќе пробам да мх направам ручек на парчиња да јаде сам па ќе видиме. Башка знам по тоа дека некни изеде кифлиња така на трошки искршени. Сега гледам дека џвакањето му е интересно затоа и проценив дека кога каша му давам бега. Ај ќе пишам
Сум слушнала дека е многу ефикасен и Ноското, така да ако ви врши работа, го вади секретот, тогаш немаш потреба од ова, бидејќи искрено додека навикне бебе првите 3-4 пати многу се вознемирува. Јас имав аспиратор на Носе Фрида, кога беше помал успевав нешто да извадам, ама потоа буквално ништо не излегуваше па моравме да примениме нова метода.
Malo e uste, ama mislam deka nema da ima steta, edino sto moze da goltne malku od fizioloskiot. Jas pocnav od skoro, sinko e 1 godinka i toa mm bese hrabar pa na pocetokot samo toj mu go cistese, jas se plasev. Sepak bi pocekala da sum na tvoe mesto...
Ние сме 12+, и ние минавме низ таа фаза, дури и уште ни трае, но во ублажена форма.. Првите две недели кога почна, ништо од каша не јадеше.. Спротивно од некој што пишува тука, јас се сомневав да не е дека претходните денови пробував да и дадам парчиња, наместо блендирано.. Може нема врска. После тие две недели, почна по нешто да јаде, ако и се допаѓа, ако не, не сака.Тоа што порано многу го сакаше, батат, тиква, веќе не и е омилено.. Во тие денови, единствено јадеше најмногу палента со кисело млеко или јогурт и од оние кашите во прав на хип, најмногу таа со бисквити. Сега приметувам дека кашите кои имаат некоја боја, не сака ни да ги проба. Се бориме да проба една лажичка, па евентуално да продолжи..додека кашите кои се посветли, накај бело ги јаде Може ја асоцира на млеко, незнам..како и да е многу беше тешко и сеуште е на периоди..