Го чекам неколку минути ако не се смири и заспие му давам да цица и одма заспива. А ако е гладно кенка плаче на друг начин и цица подолго. Ако сте почнале во градинка па поради тоа да сонува нешто? Не е нешто сериозно но не знам што точно би можело да биде. Следи го уште некоја вечер внимателно бидејќи ти го познаваш најдобро. Мислам дека не е рано за 4ки бидејќи познавам некои што и пред година имале 4ки.
Четворки растат пред тројки. 12 запчиња има малото? Можно е запче да е во прашање. Мачкај гел за непца да видиш дали ќе се смири. Инаку, тоа плачење без будење е ноќен терор, ама плачењето е силно, детето е под стрес. Твоево ако само кенка, најверојатно се заби.
Да вчера баш го гледав изгледа се 4ки. Како балончиња му се набабрени , тоа ке е . @gjoker4e мислам дека се заби.Не оди во градинка, баба го чува од скоро ... се може си има влијание . Фала ви на одговорите.
Мајки, дали ви се случило бебињата да ви плачат во сон? Мојата ноќеска до 5 саатот плачеше во сон. Ќе и ставам цуцла, ќе попрестане некое време и после пак. Дали сака до мене да спие зашто кога беше болна спиеше со мене, ама сакам пак во креветче да си спие. Или е период? Ај совет ве молам
Период е. И јас пред некое време прашував тука зошто така. Цела ноќ кемкаше не баш плачење туку како да липа, да се жали. Ќе и ставев цуцла ќе де смиреше после пак. Траеше неколку дена и престана. Јас мислев да не се заби ама кај нас не беа, сеуште нема.
Мајки зошто се испитува CRP што е тоа? И од која до која граница е нормален хемоглобин за бебе 9+? Дали има некоја табела на која може да се види случајно
CRP e protein koj go laci crniot drob koga vo organizmot ima nekoj inflamatoren procec. Obicno go ispituvaat za da se vidi dali ima nekoe zarishte vo organizmot, bakterija i sl. Poveli i tabela za hemoglobinot:
На малово (7+) наеднаш, откако стана од дремка, да му течат солзи и да се црвени очите. Температура нема. Не е баш расположен. Му ги исчистив со газа и физиолошки ама уште му течат солзи. Некоја мајка да има слично искуство?
Настинато е? Има мрсули? Кај мене се случи на 2+ кога ја имав изнесено на ветер промаја но помина за час два без ништо.
Засега нема мрсули и не е настинат. Само солзи му течат и црвени очите му се. Можеби почеток на настинка...
Да не си го мачкала со крема за лице па да му навлегла во очињата? Или да не си брцнал во очиња триејќи се? Измиј му го лицето со вода од чешма ( не со ладна ни многу топла) неколку пати и слободно и нека му се исплакнат и очите кога ќе го одмиваш.
Истото ни се случи ноќеска. И ние немаме запчиња се уште, значи не е до тоа. А да те прашам, ја стави до тебе да спие кога правеше така или?
Мајки ми треба ваше мислење. Бебе 6+. Од 4ипол месеци до скоро се вртеше од стомак на грб, обратно не. Во ппследно време (две три недели) го нема направено тоа. Не сака долго ни да лежи на стомак, ако лежи се заигрува, нема интерес да се сврти. На грб кога лежи, порано се вртеше барем до на страна, сега ни тоа го нема. Станат е мрзлив.... нозете си ги става во уста, кога лежи во релаксатор или хранилка се дига сам до седечка позицјија и седи. На под исто го оставам, до него сум ама сам седи и со игра...ме загрижува т.е замислува тоа што не се врти ниту ппкажува интерес. Дали скокнавме фаза во развој со седењево? Што мислите? Што да правам? Исто, од пред две три недели е купен и џамперот, во него поминува време....си мислам дали го стопирав развојот и го направив детето мрзливо ставајќи го во џампер...
Период е немај гајле. Наеднаш преку ноќ ќе почне да се врти од стомак на грб и обратно, па ќе се крева со газе и пробува да лази итн. Ставај го повеќе на земја. И мојот беше во џампер ама повеќе на земја поминуваше време. Не сте скокнале фаза ако дете само си покажало дека сака да седи. И мојот на 6+веќе седеше самостојно. Остај го ќе видиш деновиве ќе си се врти пак.
Веќе трет пат малата не сака да се капи. Штом го види коритото со вода почнува да плачи со солзи до зајдување. Некако ќе ја смирам па кога ќе ја ставам во вода истото, плачи вришти се стега. Некни ми се случи прв пат мислев дека е случајно дека нема врска со капењето, ама и вчера и денес истото. Некој совет, искуство дали се има уплашено од нешто или е период. 7+ е малата Едит: Заборавив да напоменам дека откако е родена ја користам истата козметика, во иста соба ја капам значи нема промени. Обожаваше да е во вода.
@kiki_riki Осигурај се дали е доволно топла водата, собата и бањарката. Можеби скок во развој? Период. Пушти музика. Изигравај кловн.
Во собата пуштам греење убаво да се стопли пред да ја капам, водата исто така. Се е супер додека ја слекувам полека со песни, плус цртани со песнички на тв. Штом ја земам в раце да ја ставам во коритото тогаш почнува проблемот. Осеќам како да има некој страв само не ми е јасно од што можи да е кога до пред некој ден се смееше во водата, а оттогаш не се случило ништо што би ја исплашило. Можеби е скок не знам.
Да не почнуваш да ја бањаш кога и доаѓа дремката? Кај нас неколку пати така испадна па последниот пат се спремно и ја облеков ја успав.
Не, обично гледам да е наспана, најадена да има поминато половина час откако јадела да не и дојди наеднаш. Се надевам период е и ќе помине.
Да не си и ставила потопла вода или да не била пак поладна, пробај со поинаква вода нареден пат. И не знам како ја спушташ во коритото, но првин намокри и ноџиња, рачиња, па полеј ја малку по газе, грбче, главче да навикне на температурата и да не и дојде од еднаш и зборувај цело време да ја смириш Нема бебе што не сака да се бања, нешто и пречи сигурно