И малата моја е 7+. Воглавно и нас ни се тие активностите. На земја си игра, потоа ја седнувам на кревет па и давам книги, флаери. Обожава да гледа, да врти страници. Потоа др игра ја ставам во хранилката и давам играчки таа фрла јас берам. Исто така мојата многу сака кога мијам садови. Ќе ја ставам во хранилка до мене во кујна јас мијам таа ја гледа водата како тече и се радува. Потоа пееме играме валцер. Ќе ја седнам на кревет ние изиграваме кловнови, а таа се смее. Имаме кутија со играчки и ги вадиме една по една, потоа ги фрламе назад во кутијата. Кога и менувам пелена ја оставам гола 10-15 минути се врти се превртува. Некогаш ја седнувам и и пуштам и цртани да гледа по 10-15 минути. Имам исто една играчка како пијано е овожава да свири на него. Играме исто со едно кебенце ја покривам преку глава и ја отскривам демек се крие. Обавезно излегуваме и од дома. Ако е времето убаво одиме надвор, ако не одиме до в комшии или на гости негде да смени малку.
Кога се мие однатре дундето? Читам за курињата има определено кога да ги отворате па сакав да прашам. Патронажните ми кажаа никако да не мијам однатре, но можеби веќе треба??? Има бело внатре па може го мачи...
Исто и кај нас влегуваат гомца па ми се вцрвени во последно време се плашам да не има или да не фати габична инфекција. Страв ми беше внатре со влажни. Смее ли? Плаче преку ноќ на моменти не ми изгледа на заби па си велам да не го чеша, пече. Кога му менувам памперс се чешка.
Мене од ремедика кога се породив ми кажаа уште одма да се мие дундето и од внатре исто, дека кога кака и одат и таму гомца, првите два месеци со миење а сега веке и со влажни марамици памперс сензитив и до сега и се нема вцрвенето дундето.
Зошто да не се мие одвнатре? Женските поготово имаат услови да развијат бактерија која живее во изметот бидејќи така им се поставени вагиналниот и аналниот отвор. Обавезно ја мијам во дундето само со вода и со прстот ја чистам. Па после какање не станува збор да не ја измијам. Освен ако не сме дома или ако се искака на само излегување пред работа, ама и тогаш напоменувам на бабите па ја мијат тие.
Многу ми е тешко. Навистина не знаев. Патронажните напоменаа да не се чепка внатре. Само од надвор со вода. Човек подобро тука да праша отколку патронажна или педијатар. Трет пат менувам педијатар и пак не ми се погоди. Да не е форумов немаше ни М од Мајка да бидам...
Нека ме поправат мајките на женски бебиња ако грешам, земи канестен и мачкај ја. Ако има инфекција ја чеша и воошто не и е пријатно. Овде со физиолошки раствор и вата секое пресоблекување ги бришат, во случај да не ги мијат. Јас би прашала за авицена, крв да провериме, треба да закажам, да се најавам или ништо од тоа? Никогаш не сум била па да си прашам најубаво. Тенкс
@Black girl имав и сеуште имам проблем само со едни кога доагаат. Седат, ај нека седат. Ама еднаш дете крена тт баш пред да дојдат. Дојдоа, им кажав со тт. Не бре, трупови седат седат. Ние у спална, го тушираме, сируп, мора и мм да дојде, еден држи друг дава. Не бре, мислиш кафана, јадат, пијат, се смеат. Мене ми се плаче, мм нервозен, одеше дневна спална цело време. На полнок си отидоа. Ама ај ке речеш немаат свое, па немаат осет. Од тогаш кога и да се најават мене нерви ми се креваат. @Mia.milicka моето е 8 месеци. Цел ден сме на под, со миљарда играчки на сите страни. Си игра, ама сака некој до него. Обавезно шетаме надвор саат два.
Истото сакав и јас да прашам за дундето. Малата има бело и на секое бањање со прсти малку и ги одвојм ваг. уснички и со тетра пелена ќе ја избришам исто и со влажни кога менам памперс. Ама постојано има бело, едвај се брише.
Мајки дали дозволувате на вашите бебиња да им влегува вода во ушите ? Моето го оставам во текот на целото бањање да му бидат ушињата во вода, па да не грешам?
Јас искрено многу внимавам да не му влезе вода во ушињата , едната баба ме исплаши како брат ми кога бил мал го бањале со ушињата во вода и он ради тоа имаше премногу често воспаление на ушите додека беше помал. Сега може нема врска тоа не е вистина само се поклопила случкава ама некако шубе ми е и не оставам да му бидат ушињата во вода цело време.
Јас пазам, не дозволувам да му влезе вода во ушињата. Така ми кажаа мајка ми и баба ми, па сега дали има нешто штетно ако му влезе вода или не, искрено незнам. Најдобро педијатар да си прашаш. (И ако прашаш да споделиш со нас )