Веројатно е само омалаксана и нема енергија па си ја собира со спиење. Ако цица меѓу спиењата не е за грижење. За да си помирна еден општ преглед на педијатар нека и направат...но најветојатно само таков и е денот.
Јас можеби претерав со барање совети. Мајки што правите кога бебето ви плаче а вие пробувате го успивате пробувате храна различни облици намирници пробувате вода сок бањање играчки игри телефон лап топ надвор различни песнички цртани џампер релаксатор доење пак пробување да се успие гел ... иако си го познавам бебето гледам не го мачи нешто, нема тт настинато болно... но ете плаче... Мене ми иде да легнам и да спијам ама морам да го чувам нема кој и да издржам психички. Не сум нервозна да би му ја пренела нервозата. На овој студ и надвор го изнесов и џабе се. Навистина некогаш немам одговор не можам да му помогнам. Ви се случило ли и вам?
Ако е прекенкав дома хо пакувам и шетаме или мм го става во кенгур и одат барем до маркет. Се враќа весел. А ми се има случено два пати да плаче цел ден и да плаче и во раце и да не му се погодува ништо е тогаш му имам дадени 2мл парацетамол и така се смирува
Леле малава е ужас со јадењето. Јас стварно не знам веќе што да превземам. Ништо не сака да јаде. Два саати ја ранам за да изеде пола мала тегличка. До пред минатата недела ок јадеше. По 120-150грама по оброк. Инаку последнава недела извади 4 забчиња горе. Можно е затоа да не јаде? Инаку хемоглобинот и е на долна граница... Некое слично искуство? Задутре полниме 8м.
Ние сме 11 месеци и 100 грама преку сила цел ден јадеме. Ова трае веќе 3 месеци. Мислам дека се испробав. Ама хемоглобинот ни е на висока граница. Не ми е јасно од кај наоѓа бебево хмб. Веројатно од мене ги црпи дека цица. Напредува повеќе од што треба. Пробај ги сите можни варијанти вкусови. Не знам дали е време пасирано да пробаш. Сокчиња. Вода. Да се надеваме ќе пројадат. Поврзано може да е со заби или скок во развој.
Мајки што мислите дали е ова од високата температура пред некој ден или алергија? Не ми се верува да е алергија оти уста не отвара овие денови. Не ми се носе по доктори сега на ова време. На главата, вратот, мешето и грбот има, на раце и нозе не.
После висока тт се појавува осип. И мојот кога беше со тт на 6мес после беше исфрлан како со црвени точки. Го однесов кај педијатарката и кажа дека е од тт и да не мачкам со ништо освен после бањање со тоа што регулар користам и дека ќе помине. Дека може малку повеќе да се доисфрла ама ќе помине за 3дена. И навистина за 3дена точно снема све. Сепак за да си раат однеси го на педијатар нека го види. Не се плаши ќе помине.
Се пробав. И пасирано и блендирано, 100 комбинации на вкусови, џабе. И јас се тешам дека до забите е, ама ќе видиме. И мојава е супер со килажа, некаде околу 9,5кг, ама хемоглобинот ме загрижува. Од горна и паднал на долна граница...
Преска спиеше и не сакав да ја малтретирам. Сега убаво ја изанализирав и опипав. Позади ушите и на челото има испакнати ситни мали брунченца, а на главата и на телото не и се испакнати туку само е црвено.
Sepak neka ja dzirnat. Do koga bese so tt? Den posle tt iskaca toj osip, sin mi go imase ama bea sitni tocki na celo telo ali mazni
и мојов има прележано таков вирус, имам слика ако сакаш да ти пуштам и спореди... Два дена е испипот само, после веќе исчезнува... а и температура сте имале, можно е да е тој вирус.
Од понеделник вечерта почна, а во вторник бевме на лекар и кажа да и давам парацетамол по 2,5мл на 8часа. Вчера и неќна беше малку потопла од вообичаено ама не и мерев тт. И овие црвени точки на телото и се мазни и на главата исто, на челото и позади уши можеби не се истите. @mariz пушти баш да споредам.
Исти сме мојта е 8 месеци и 10 дена цела недела уста не отвара пред 3 дена и излегоа две запчиња горе а плус ни дадоа капки за хемоглобинот 95 и е. Ни кажаа капките во храна но она воопшто не ја отвара устата .
Мајки да ве прашам, Синко има 8 месеци, активен е си седи стабилно самостојно, обожава да си игра на стомак на земја не лази ама се движи се врти наоколу со помош на рачињата и ноџињата, меѓутоа не покажува сеуште интерес да се исправа и да стои го ставам во дубак и во него си стои само не оди со него си игра со играчките ептен ако се налути знае да направи некој чекор.наназад во дубакот. Мајка ми цело време ми зборат како до сега требало да стои да се исправа до сега и да оди во дубак. Мислите ли дека треба да се грижам или сеуште му е рано?
Моето е 11 месеви ниту лази ниту стои. Еве сега почнува да пробува да се исправа. Според мене рано е 8 месеци за да стои. А некои деца воопшто не лазат туку директно проодуваат. И најдобро е да не се слуша околината туку да се остави бебето само да се развива а притоа да му биде обезбеден простор за развојните етапи.