Бевме на лекар и истото ни го кажа. Дека е од бисквитите. Да понудам уште еднаш по неколку дена ако има иста реакција да не ги давам. А биле добри како бисквити. Инаку она што ми рече дека со кисело млеко да почнам од 9 месеци порано не.
Мајки, малата ми е 9+. Овие два дена пред спиење само ми пие по 80 мл млеко, не сака да чуе за повеке, пишти, се дере ко да ја колеш. Преку ден убаво си јаде и два цврсти оброци и пие ад по 180 мл, а пред спиење не мрда повеќе од 80. И пред тоа супер си пиеше, а овие два дена ме полудува навечер. Ми доаѓа да ја исплескам што вришти така без причина. Инаку извади долни единици. До што може да е? Ве молам за совет.
И ние сме на ад и имло период каде 1-2 дена воопшто неќел да пие па третиот најнормално. Може да е период. Мене не ми вришти ама така отсечно ми го трга шишето да се заплашиш пак да пробаш да му дадеш. Почекај денес види како ќе биде.
Ахх фала ти што сподели дека и твоето така. Мојата ме полудува, сигурно ја мачат и горните запчиња зашто освен ова што навечер не сака да пие млеко плус е нервозна, плаче. Не можам ништо да фатам по дома.
Ние бевме болни цели 2 недели и тој период сигурно 10 дена неќеше млеко да смисли што дури мислев дека ќе се одбие. Ама не, оздраве и пак убаво си пропи. Така да не се секирај има вистина во тоа - деца се и менуваат. Само треба трпение
Мајки од петокот вечер почнавме со зинат сируп сабајле и навечер по 2,5мл (8 месеци ми е бебето). првиот пат кога му дадов два пати ми поврати и тоа обилно ,трет пат птробав му го смешав сирупот со едно парче испасирана банана и така без проблем теравме овие денови ,мегутоа вчера вечерта го испи сирупот ја изеде вечерата и после некое време пак ми поврати ,сабајле му дадов пак сируп немаше проблем ,меѓутоа вечерва исто како вчера пак ми поврати обилно некој пола саат после сирупот и вечерата .Утре планирам да одам кај докторот да го прашам што да правиме секако ,ме интересира дали некоја од вас има вакво искуство ?
Малата ми повраќаше сируп, било антибиотик, или далерон секогаш кога пиеше млеко, јогурт, непосредно пред или после пиењето на антибиотикот. И тоа во млазови повраќаше. Да не пиел млеко, па се раздразнил желудникот?
Не пиеше млеко за вечера му дадов од ноќните каши на хип во кутија што се житарки со јаболко направени со вода .
Или му е тежок сирупот, или нешто му смета со храната. Врати си филм што јадел, пиел кога повратил. А тие житарки да не имаат млеко во состав? Претпоставувам, штом се мешаат со вода, би требало да имаат млеко во составот.
Пишува дека имаат млеко во составот да ,ама јас мислам дека е до сирупот зашто баш овие два дена слабо ми јаде по цел саат се молиме дури изеде еден оброк и тоа не го дојадува цел .
Isti sme.Kaj muceto ima,pod noseto i pod okoto.Mi kazaa od sonceto bilo i da zemam krem so zastiten faktor na Mustela.Ama ovde na forumov dobiv sovet deka krema so faktor ne e za tolku malo bebe.I sega neznam so da pravam
Јас ја носам на сонце да апсорбира вит Д ама нежна и е кожата и затоа се исфрлуват. А дланките и се потемнети од сонце. Веќе не ја ставам дирекно да ја пече и ќе и купам шешир да ја штите кога шетаме.
Јас летото користев крема со заштитен фактор по препорака на алергологот Христова ( тој период не водеше и она ) и педијатарката. Синко имаше 3мес во јули месец и беше бел. Цело лето со заштитен фактор го поминавме на лице, раце и нозе ( зашто само по боди на прерамки шеташе ) све што беше гола кожа мачкав. Имаш 0+ креми со заштитен фактор. И внук ми од бебе ( фебруари роден ) беше со заштитен фактор. Имаш во поснабдените аптеки од неколку фирми за од 0+ месеци.
Денес бебуш има пролив кака буквално на секој саат, многу мириса каката како скиснато млеко. Што да му дадам за да му олеснам? 9+
Чим има пролив и кака на секој саат...ќе го однесеш на педијатар кој ќе го прегледа, ќе направи к.слика и ќе даде соодветни инструкции според прегледот и к.слика. Сепак нешто не е ок чим има пролив и кака на секој час.
Мајки ние сме 9+. Во последно време не ми пие бебево ад. Сега пред спиење ич не ми испи. Пишти. Не знам што да правам. Полудувам. Зошто детево не ми пие млеко? Ве молам совет што да правам. Има два цврсти оброци. Заби ли се? Само долните единици излегоа. Скок ли е? Не знам што да правам. Ако можат @Annath @Lolipop23 @joy1 како поискусни да ми помогнат.
Може да е скок во развој. Пробај во темно и тивко да даваш, или види цуцлата да не не ја сака, пробај со друга. А може и заби да се, ништо чудно. Големиов така ми го откажа ад млекото на 6 месеци, а дотогаш без проблем го пиеше. Сменив цуцли, млека, пробав на различни начини да давам, џабе. Не фати пак да пие. Се надевам дека нема кај твоето да се случи истото.
веројатно имате три црвсти оброка до сега.Ги јаде ли добро оброците?Ако и нив ги одбива можно е да се заби,скок,грло.Ако нив ги јаде убаво тогаш не е љубител веќе на млеко и никому ништо.Ќе даваш почесто млечни производи како кисело млеко,ќефир,урда несолена,јогурт.И кај мене големата беше на ад ама не го сакаше ич.Постепено скроз се префрли на црвста храна а млекото го фрли.Не е ни прво ни последно бебе без млеко.Ако толку те загржива тоа можеш млекото во каши да го додаваш и пак ке внесува колку толку.
Скок во развој е. Имам пишувано како баш тој период синко не сакаше да цица, дури ми беше страв да не се одбие т.е. тој и беше спремен да се одбие и да сакав можевме многу лесно да поминеме. На 8+ му воведов и 3 оброк - вечера, бидејќи тогаш тргнав на работа и воопшто не бараше млеко по цел ден. Навечер пред спиење со сила го ставав на града и се тргаше од мене, ме тепаше буквално и пиштеше. Траеше некаде околу 10тина дена до 2 недели. Таков им е тој период на премин, или скроз ќе се одбијат од млеко или ако го совладаат ќе си продолжат да го пијат до големи. Не се нервирај, прави му по помалку и нуди му секоја вечер, после некој ден мислам дека од прва ќе фати. И плус време ви е за вечера, воведете па ако навистина се одбие ќе му ја спремаш вечерата со АД и така ќе го прима.
Мајки мојта душичка се разболе имаме само 3 м и 2 нед многу е мала а многу кашла грлото и беше црвенко и пие моментално цефаклор правеме инхалации со дексаметазон,за колку време почнуват да се оправат бебињата ние сме вака од понеделникот и се повеке кашла има мн шлајмови неможе да ги искашла некогаш ги поврне некогаш не многу и е мачно неможе ни да цица убаво многу се нервирам многу е мала и страв ми е Сте имале ли ваков проблем а толку да сте мали