Колку денови пиете антибиотик? По 2-3 дена треба да има подобрување, инаку антибиотикот не одговара. Треба да се земат брисеви да се види на кој антибиотик е осетлива бактеријата, вака може џабе го пиете, само да се влошува ситуацијата.
Душа убава, побргу да оздрави. Однеси ја пак нека ја прегледаат, ако не може матичниот на дежурен, многу е мала, може брзо да спушти на гради. Според мене антибиотикот не одговара штом нема подобрување до сега. Впрочем се докажа ли дека е бактерија, направивте ли крвна слика, температура имаше ли?
Антибиотик се дава за бактерија но не помага ако има и вирус односно нема врска кашлањето со антибиотикот. Ова од искуство ти го кажувам. Ако антибиотикот ја излечи бактеријата не значи дека и вирусот прошол. Може уште долго да кашла
Не направија никакви испитувања а тем. не сме имаке,сега сме во болница и подобро е прима лекарства преку физиолошка и супер е За многу години празникот,ние си го минуваме во болница
Verojatno ke go tapkaat da izleze shlajmot, ne znam na drug nacin kako se vrsi drenaza na gradi, nemam iskustvo.
Мене ко мала ми имаат правено дренажа. На многу мало бебе не знам дали е иста процедурата. Лежиш на меше и со апаратче грбот ти го минуваат.
Имам еден проблем, можеби не е баш проблем ама сакам да слушнам ваше мислење. Два дена со ред како малата се врти ма стомак да спие. Мене ми е страв да ја оставам така па ја вртам на грб ама таа упорно се враќа на стомак. Спие, плачи и кемка во сонот се бори и се врти. Кога ќе се сврти тогаш се смирува. Инаку е 9 месеци.
Остави ја слободно да си спие како сака ,истото прашање му го поставив јас на ортопедот ми рече ако сами во сон се вртат на стомак да спијат слободно да ги оставаме .
Синчето исто беше, од таа возраст некаде почна да спие на меше, еве го 2 и пол години е, уште спие така. И тоа рацете под перница да му се обавезно. Лично мислам дека е доволно голема и силна за да се мести како и одговара, и да ја свртиш ќе се враќа во таа положба. Кога се многу мали е опасно.
Golema e veke, slobodno mozes da ja ostavis. I sinko na taa vozrast pocna da spie na mese i sega samo taka spie.
Колку време треба да стојат обетките што првпат се ставаат. И ставивме на благовец на бебушка ама позади увцето кај што допира игличето и стана местото црвено дури како раничка. Затоа сакам да ги извадам тие и да и ставам мои златни. И да знаев дека толку ќе плаче никогаш не би и ставила. Ако имам второ девојче ќе и оставам она да си одлучи кога ќе порасне. Мое мислење е дека немаше потреба да и предизвикувам таква болка за џабе ама бидна. Памет за другпат.
Да сум на твое место би ги извадила и не би ставала ништо повеќе, само дезинфекција на раничката со бетадине. Нека зараснат дупките, па кога ќе порасне нека си ги дупне кога ќе сака.
1 месец најмалку треба да стојат. Ако можеш побутни ја обетката на напред да не и допира позади. Јас така направив на малата. И не е плакала од што толку ја болело туку повеќе од што се исплашила.
И ние сме 9 и ние се вртиме превртуваме кемкаме, па еднаш кога се разбудив среденоќ со главата до нозеве мои беше стигнала : D ах душички
Најчесто се трудам да си го осетам сама детето и да најдам решение за маката што не мачи во моментот, но, за следново барам памет и од вас. Син ми во последно време е голем плачко и лутко. Ништо не му се погодува, може веќе месец е вака, мислев заби, аама излегоа и горните единици на велигден и пак е исто. Од прв ден е бебе кое постојано бара екстра внимание и грижа ( не заспива сам, не се заигрува сам, никогаш не лежел сам како други бебиња ниту седел во релаксаѕор и сл - за се е тука мама да помогне :/ ), но како расте освен што бара да сум до него постојано, лесно се лути и расплакува, се расплакува ако не успее со рачето да дофати нешто, ако не успее да стигне до некаде лазејќи, плаче ако му земеш нешто, плаче ако го облекувам, плаче ако менувам пелена, плаче пред заспивање навечер - хорор е, за се плаче, се грижам да не му е нешто и се грижам дека се мачи со плачењето. Најаден е, пресоблечен, постојано сум до него, преспива преку ден убаво еднаш 45мин еднаш 2 часа и на крајот од денот пак со плачки и липтања заспива... исто така некако панично реагира кога ме нема. Ме бара со погледот и лута меѓу луѓето да ме најде, ако не сум во собата почнува да диши забрзано и плаче, не сака со никој, ако сум тука поседува ама за кратко се подава накај мене. Никој никогаш го нема чувано освен јас и татко му. По цел ден е со мене, со татко му неколку часа...ама ќе тргам на работа за три недели, како да седи со баба му??? Ќе дојде да седи со нас жената за да се навикнуваат еден на друг, го носиме секој викенд а и преку недела некогаш кај бабите, секој ден е меѓу луѓе, пријатели најчесто и пак е прееемногу приврзан со мене. Буквално не можам во тоалет без да заплаче. Се плашам како ќе биде, како што е приврзан и плачлив дека ќе му остане траума тоа што ќе почнам на работа и ќе сме разделени по 8 часа.... Навечер исто се буди многу често, некогаш за цицање некогаш за да го нишкам. Се буди и ме турка...нема мир воопшто... :/
Нормално е не се плаши. И мојата за се е плачка. Сака се од прва да постигне па ако неможе одма се нервира и почнува да плаче. Посебно за облекување плаче мислиш ја колиме. Си бараат внимание цело време и да е во дубак и да игра сама јас или некој да е до неа и да и збори. За почнување на работа не се грижи, бебињата се навикнуваат многу лесно. Ако си во соба и да гледа дека не си со него ќе плаче потебе, но доколку не си во собата верувај ми нема ни да забележи дека те нема. Сега додека се навикнувате со баба пробај да не си во иста соба. Оставиги скрос сами. Доколку те гледа или слуша ќе те бара.
Јас полека почнувам да се шлакнувам. Од супер бебе сега стана плачка. Значи зајдува до губење глас. За што??? Пошто сум ја легнела пелена да и местам, зошто не и давам даљинска и мобилни( не сфаќам зошто кога ниту еднаш не сум и дала) неќе да ја легнеш да спие, вришти. Неќе да спие уствари. Се успива и уште у раце вришти заспана. Иначе вака е ок се заигрува, се смее...надвор е ок. Пика се во уста. Понекад и бљуцка. Се тешам заби се. Главава м пука веќе. Се препотувам јас, таа исто. Глава ме боли веќе ми се врти...ќе колабирам. Ништо не и помага.